TheOther1
Interista Per Sempre!
Чекај малку... Кога било ова?
Дали тоа значи дека:
- Павлов игра за Македонија?
- Славковски игра за Македонија?
Дури и да се појават на вакви „ревијални“ натпревари, тоа значи дека имаме кадар, т.е. играчи кои потенцијално можат да заиграат за Македонија. Добро е што сè уште се со нашиот тим.
Поздрав до сите вас кои ги следите младите таленти. Одлично што им укажувате на ФФМ за нив, па со Господ напред можеби и ќе успееме да ги земеме во Македонската репрезентација.
Само напред. :helou:
Македонските фудбалски надежи, играчи до 21 година, на крајот од годината претрпеа убедлив пораз од соодветната селекција на Албанија (0-3). Избраниците на селекторот Мирсад Јонуз, пред своите гледачи во Охрид, во првото полувреме од пријателскиот меч беа загубени на теренот, анемични, без идеја. Ваквата игра знаеја да ја казнат гостите. Првиот погодок го постигнаа во 12. минута, откако Хиса избегна недозволена позиција и го совлада дебитантот на голот Гачевски. На истекот на регуларните 45 минути Вила го зголеми водството на 2-0.
По серијата замени на стартот на вториот дел, македонскиот тим заигра поангажирано. Во шанса за гол се најдоа Славковски и Ибраими, но не ги искористија. Славковски со глава биеше млако, додека Ибраими чистата позиција не успеа да ја претвори во гол. Конечните 3-0, во 75. минута ги постави нововлезениот Арбери, по асистенција на Галица.
- Не сум задоволен од залагањето на некои играчи за кои ова ќе биде последен настап во овој тим. Резултатски лошо поминавме, но повеќе загрижува односот кон играта отколку резултатот - изјави Мирсад Јонуз. Задоволство од резултатот и од прикажаното искажа гостинскиот селектор Артан Бушати.
- Задоволен сум од постигнатиот резултат и од прикажаната игра. Ова се пријателски натпревари во кои има многу измени и понекогаш тоа не е вистинската слика за случувањата на теренот - изјави селекторот на Албанија.Во февруари годинава, во првиот меч, Македонија како гостин ја совлада Албанија со 1-0.
МАКЕДОНИЈА - АЛБАНИЈА 0-3 (0-2)
Стрелци: Хиса во 12, Вила во 45 и Арбери во 75 минута.
Жолт картон: Селмани, Славковски (М), Лилај, Малинги, Ленга (А). Судија: Марјан Марковски од Охрид.
Стадион во СРЦ „Билјанини извори“. Гледачи 500.
Македонија: Гачевски, Георгиевски, Лазевски, Блажевски, Димитровски, Селмани, Ивановски, Павлов, Славковски,Симовски, Ибраими. Играа уште: Вртески, Таири, Најдоски, Шабани, Петров, Лостовски, Бакулески.
Селектор: Мирсад Јонуз.
Албанија: Мочка, Крагај, Малота, Бичи, Метани, Лилај, Вила, Малинги, Хиса, Карабечи, Јонузи. Играа уште: Бишани, Тана, Галица, Рама, Ленга, Арбери, Хислери.
Селектор: Артан Бушати.
повели линкче :helou:
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=FE2BFB4188AD744CB363D217AB093EAB&arc=1