Во старите библии, постои голема разлика во евангелието по Марко од денешните писма. Имено го нема крајот во Марковото евангелие од 16:9 па до 6:20 каде се оишува воскресението и вознесението на Исус.
Тој дел е по се изгледа додаден подоцна, од непознат автор.
http://www.codexsinaiticus.org/en/m...lioNo=5&lid=en&quireNo=77&side=v&zoomSlider=0
Овде се гледа дека таков дел (кој пак го имаме во денешните библии) го нема, не постои во најстарата сочувана библија од 4ти век позната како Codex Sinaiticus
Интересен е овој наш подфорум..посебно кога на атеисти треба да им објаснуваш работи во примерот на Боро..o necemu lepom pricao sаm slepom...џабе везам..ама ајде..
Точно го нема Марко 16-9 до 20 ниту во
Александрискиот текст ниту во
Codex Sinaiticus, ниту во
Codex Vaticanus...Од едноставна причина што оригиналот на Евангелието на Марко не бил потполн..т.е...делови биле изгубени...и преводот кој е вршен врз основа на Александрискиот текст го нема тој дел како и оригиналот од кој е преведен..
Сирискиот текст пак врз основа на кој е преведен
King James пак ги содржи па оттаму и стиховите..
Проблемот е што вака кога чита човек работи кои ти Члену ги ќе напишеш ќе помисли дека ова навистина е додадено..
Но никаде нема да најде човек(овде на форумот) и нешто што се коси со твојата намера(глупо од мене)...која се гледа од километри..
Затоа Члену на раководството(Лет3) ќе те прашам..пар работи..
Ако ова е додадено зошто тогаш истите тие стихови се цитирани од
Иринеј Лионски зошто човекот во 180 година што е далеку пред
Codex Sinaiticus ги има стиховите во своите записи..за да биде појасно..човекот е ученик на
Поликарп од Смирна сведок од 156 година,кој пак живеел 86 години и бил ученик на Апостол Јован..
Друг кој ги има овие стихови во своите записи а живеел пред
Codex Sinaiticus е
Иполит Римски кој пак живеел од 170-236 и кој ги имал истите стихови цитирани во своите дела..
Да не правам листа на сите текстови каде ја ги има овие стихови...ова е доволно..
И така..Кога ќе размислам подобро јасно ми е зошто ви сметаат токму тие стихови на сите кои размислуваат слично..се што е запишано во Марко 16-9 до 20 е согасно останатите делови на Словото...