MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Во Мариово пред една недела се одржа традиционалниот фестивал Мариово оф-роуд, а врв на тридневниот настан беа велосипедските тури. Најтешката рута, долга 50 километри, минуваше низ 5 села и ја возеа голем број велосипедисти од цела земја.

Кој ја возел турата може да почувствува како е да се вози велосипед по различни подлоги, како што се асфалт, широк тампон, премин преку река, крос кантри дел, козји патеки и карпи. Гледачите може да уживаат во живописните мариовски села од кои повеќето се напуштени - Бешиште, Градешница, Старавина, Зовиќ, Манастир, но и во околната недопрена природа која плени со својата убавина.

Ја има возено некој од вас? :)
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Бев лани. Турата беше убава. Но повеќе уживав претходниот ден во забавата отколку во турата. Беше жешко а немаше ни приближно доволно вода, многу слабо бележење на патеките и други пропусти направија под просечна тура. Затоа оваа година како што разбрав имало и повеќе од двојно помалку велосипедисти од лани.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Епа баш поради тоа е намален бројот, затоа што лани разочараа со организација. Јас лани на еден му давав вода затоа што братот беше пред умирање. Сфаќам дека е офроуд експириенс бла бла ама не можат да не направат станици за вода, недопусливо е, сепак се 50тина километри офроуд на 30+ температура, каде што мозокот ти зоврива после неколку часа возење, нагоре, надоле, нагоре, надоле.

Турата е убава, организацијата просек, барем според мене.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Годинава како беше организацијата?
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Ако немаш разум ке останеш без вода на тура од 50 километри. Ама сигурно во тие 50 километри имало вода, колку што се сеќавам се проаѓа низ село кај што има коперација со крали марко пиво :) а чим има пиво има и вода. Така да џабе јадење трици се тоа.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Не разбирам каков разум треба да имаш во овој случај?
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Не разбирам каков разум треба да имаш во овој случај?
Разум да не тргнеш во планина без доволно количество вода и храна и разумно користење на истите. Лично имам видено на вакви тури како се поливаат по глава со водата зошто им било жешко а после тоа плачат за вода и на крај организаторот им бил крив. Планината може да биде многу заебана ако не си подготвен, лесно може да се заталка а без основни средства како вода и храна е многу позаебано верувај. Така да water bag наполнет во ранец и 5-6 бонжити многу значат :D
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Разум да не тргнеш во планина без доволно количество вода и храна и разумно користење на истите. Лично имам видено на вакви тури како се поливаат по глава со водата зошто им било жешко а после тоа плачат за вода и на крај организаторот им бил крив. Планината може да биде многу заебана ако не си подготвен, лесно може да се заталка а без основни средства како вода и храна е многу позаебано верувај. Така да water bag наполнет во ранец и 5-6 бонжити многу значат :D
Обично, незнам колку често си идел на трки, но обично целата храна што ја носиш ти ја собира во џепчињата од дресот +пумпа+гума. Вода можеш да понесеш еден бидон (евентуално два доколку велосипедот ти поддржува толку) , а понатаму си има станици за вода во случај да ти снема од твојата и да си земеш. Ипак ова не е планинарење туку возење тура.

Иначе онтопик: не сум била на турава зашто баш тогаш се преселивме, но и покрај сите недостатоци што ги споменавте сепак голема поддршка од мене за турава и целата организација. Секогаш е убаво кога се организираат вакви настани , особено поврзани со спорт и рекреација, а наменете и за професионалци и за аматери. И мислам дека самото тоа што критикувате е исто така убаво, за организаторот да прочита каде направил пропуст и да се поправи во следните години.
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Обично, незнам колку често си идел на трки, но обично целата храна што ја носиш ти ја собира во џепчињата од дресот +пумпа+гума. Вода можеш да понесеш еден бидон (евентуално два доколку велосипедот ти поддржува толку) , а понатаму си има станици за вода во случај да ти снема од твојата и да си земеш. Ипак ова не е планинарење туку возење тура.
Од 15 години сум на точак почнувајки од роад бајк па крос кантри, ендуро итн. Сум учествувал на многу трки професионални каде што твојот тим е задолжен да те снабдува со вода, во никој случај организаторот не е задолжен за вода и храна. Од друга страна на маратон мислам по правилник дека треба да има еден пункт со освежување а во случајов мислам дека има чешми во селата мада кога не е од натпреварувачки карактер нема што да се иде по правилници. Според мене нема потреба од додатни пунктови на турава едно бидејку е мала тура а друго дека има доволно вода попатно. За бележењето во право се луѓето што критикуваат, јас кога ја возев турата мислам дека пред две години беше, ги собраа лентите пред да стигнат сите на целта и тоа на клучни моменти. Среќа што се влечкавме по пат последни и ги најдовме заталканите велосипедисти у таа пустелија тешко без gps дека ке се снајдеа.
 
Мариово не е професионална трка. ДА, организаторот е задолжен да обезбеди доволно вода. На вакви рекреативни тури секогаш мора да има пунктови за вода, особено кога самиот организатор има најавено 3, да, цели 3 пунктови за вода а нема ниту еден.
50 километри со 1200м. искачување и активно возење преку 4 часа на 40 степени, не гледам како е мала тура? Лани имаше 300 велосипедисти од кои се жалеа 200 на водоснабдувањето. Ни чешма ни бутур. Имаше и неколку коишто колабираа. Па тоа дали требало или не, се познава по посетеноста оваа година.
Проблемот е кај нас што никој не сака да прифати критика. Сите теба да викаме, леле ТОП беше, најубава тура. Па така следната година само полошо може да биде.
За 600 денари очекувам повеќе од само означување старт на турата.
 
Разбирам што сакаш да кажеш, но според мене треба да има пунктови за вода затоа што станува збор за тура која што ја возат и аматери. Аматер не секогаш може да предвиди колку вода му е потребно. Плус реално колку многу вода ќе се потроши на толку кратка тура? А и не мора да биде па ни купена водата, може само обична вода од чешма наполнета во шишиња од 2л да им се преточи во бидони на тие што им е потребна, за да не биде ситуација како погоре членот што напиша за дечкото кој снемал вода.

Од толку народ, може да се најдат доброволци кои ќе го прават тоа на одредени места.
Сепак треба малку посериозен пристап кога станува збор за аматери.
 
За аматерите односно помалце подготвените има мал маратон на него сигурно имаат доволно вода. А погледни го видеото во првиот пост и ке видиш дека има барем едно место на кое може да се наполни вода а не верувам дека е и единствено.[DOUBLEPOST=1495742085][/DOUBLEPOST]
Мариово не е професионална трка. ДА, организаторот е задолжен да обезбеди доволно вода. На вакви рекреативни тури секогаш мора да има пунктови за вода, особено кога самиот организатор има најавено 3, да, цели 3 пунктови за вода а нема ниту еден.
50 километри со 1200м. искачување и активно возење преку 4 часа на 40 степени, не гледам како е мала тура? Лани имаше 300 велосипедисти од кои се жалеа 200 на водоснабдувањето. Ни чешма ни бутур. Имаше и неколку коишто колабираа. Па тоа дали требало или не, се познава по посетеноста оваа година.
Проблемот е кај нас што никој не сака да прифати критика. Сите теба да викаме, леле ТОП беше, најубава тура. Па така следната година само полошо може да биде.
За 600 денари очекувам повеќе од само означување старт на турата.
50км 1200 метри е смешка од тура и како нема ниеден пунк кога горе на видеото се гледа чешма со вода и продавница на тура од 50 километри е повеќе од доволно.
 
Последно уредено:

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
затоа маратонот на лазе е најдобро организираниот евент за велосипедисти, сите други се тиња .
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
затоа маратонот на лазе е најдобро организираниот евент за велосипедисти, сите други се тиња .
Алшар, Крушево, Азот, Плачковица пред три години се солидно оргазирани маратони. Околу Мариово да кажам дека многу се тупи со тоа што фалело она или ова... Организација за 500 луѓе не е баш лесна работа, лани сите учесници беа осигурани што е реткост, имаше горска служба, тоалети, струја во онаа вукојебина а овде правиме муабет оти нема вода 20 км...Има вода во Градешница, во Зовиќ, само некои си мислат дека возење маратон е исто со возење по кеј и одат во ранец со пола литар вода.
Годинава затоа и турата не беше нешто многу промовирана за да се избегнуваат мрчатори.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
Алшар, Крушево, Азот, Плачковица пред три години се солидно оргазирани маратони. Околу Мариово да кажам дека многу се тупи со тоа што фалело она или ова... Организација за 500 луѓе не е баш лесна работа, лани сите учесници беа осигурани што е реткост, имаше горска служба, тоалети, струја во онаа вукојебина а овде правиме муабет оти нема вода 20 км...Има вода во Градешница, во Зовиќ, само некои си мислат дека возење маратон е исто со возење по кеј и одат во ранец со пола литар вода.
Годинава затоа и турата не беше нешто многу промовирана за да се избегнуваат мрчатори.
алшар крушево азот плачковица не се ни 20% од организација на она што е шапка, плуст турата на шапка е едно 10 пати потешка и теренот е покомплициран + неспроедливо подобра и поубава од наведените заедно. не гледам никој да се жали за шапка, пошто тоа е поентата кога веќе организираш да личи на нешто за разлика од други каде ако стават старт и финиш готово завршиле со организација. наведените организации најверојатно кога организираат очекуваат дека ќе им дојдат само велосипедисти кои можат да извозат тур д франс и не се замараат со аматери. епа кога јавно промовираш тура за бројка ондак биди спремен и за аматери а не после да плачеш заради негативни критики.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom