- Член од
- 13 јули 2010
- Мислења
- 2.793
- Поени од реакции
- 6.206
Типично македонски....само да се мрчи....дали некој од вас некогаш организирал нешто? Пред да учествуваш на било кој настан надвор од урбана средина добро е да ги прочиташ препораките од организаторот и да се информираш кај одиш и што може да очекуваш.
На Осветли го Скопје доаѓаат луѓе без никакво светло и пробуваат да се качат на Водно по темница осветлувајќи со екранот од мобилниот иако организаторот убаво наведува дека потребно е да се носи батериска ламба. Сум видел и типки со штикли дојдени на искачување на Кораб, кампери кои не знаат да монтираат шатор и запалат оган и еден куп луѓе кои дошле во природа, а очекуваат дека се во кафана и за се треба да се грижи некој друг.
Турата во Мариово, како и други настани не се од натпреварувачки туку од рекреативен карактер, така да секој учесник ќе помине онолку добро колку што е подготвен и си ги познава своите потреби.
Некој одредена тура може да помине со 1 литар вода, а некому и 5 литри му се малку.
Критиката е позитивна, но само ако е основана.