Преферирам континуирано, иаку недела дена чекање е некогаш премногу за мојата трпеливост и љубопитност, можеби ако би излегувале серииве барем 2 пати неделно за мене би било совршена комбинација.
Секогаш започнувам маратонски со оглед на тоа што голем дел од сериите и кога сум започнала да ги гледам веќе биле почнати,а голем дел и веќе се завршени.
Исцрпувачки е да гледаш деноноќно посебно кога не можеш да престанеш а те интересира, и некогаш не се доловува правиот филинг на серијата така, барем мене лично не ми се доловува.
И проблемот со љубопитноста мене ме убива, отварам спојлери и кога не треба и си го уништивам задоволството да бидам изненадена подоцна( Менталист ме уби вака зашто уште од почетокот знааев некои работи што ќе се десат на крај

)
Затоа вака кога ги фаќам епизода по епизода не постои шанса да прочитам што се десило.
Ситкомс и мокјументарис можат и така и така да се гледаат, но најубаво ми е кога ќе им го фатам редот и си ги гледам како си излегуваат.