Сезонава Ферги уште нема победа против Ливерпул.Токму сега очекувам,да успее да го победи Кени и Ливерпул.А мислам дека и во тоа ќе успее.Тимовите моментално се тука некаде во квалитет,но мислам дека ќе одлучи тоа кој повеќе ја посакува победата.
Како фан на јунајтед се надевам на победа.Прогнозирам отприлика ваков состав.
-------------Де Геа---------------
-Рафаел-Смолинг-Ферди-Евра
-Тони-Сколс-Керик-Јанг-
-------Руни-----Чичарито---
Можи тука ќе има некоја рокада во одбрана со Еванс(било на позиција на Смолинг,Рафаел десен бек,или Еванс место Рафа,а Смолинг десен бек,а можно е и десно Рафа а централни Еванс и Смолинг.)
Во средина има шанси да стартува еден од Парк или Гигс,место Јанг или Сколс.А Велбек место Чичарито во прв состав.
Се надевам дека за овој меч во комбинација ќе бидат Џонс(ептен тешко),Нани(исто ептен тешко),Клеверли(мислам дека него ќе го видиме на клупа).А и ако може на овој меч Погба да влезе во игра малку колку да осети атмосвера,и како е да се игра против најлутиот ривал.
Мој тип за конечен резултат: 2:1.Ливерпул поведува Суарез,Руни порамнува сметки на почеток на второ полувреме,а Тони во 89мин како експрес воз го претрчува веке преморениот Хозе Енрике и со брз спринт кови во гол на Реина.