Манчестер Јунајтед - Арсенал, 29.08.2009, 18:15

  • Креатор на темата Креатор на темата манутд
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    113
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

манутд

24 is the number
Член од
20 октомври 2008
Мислења
482
Поени од реакции
13
Првото големо дерби во новата сезона: Манчестер Јунајтед против Арсенал.

Арсенал добро ја започна новата сезона со 2 победи од 2 натпревари, додека Јунајтед има скор од две победи и еден пораз.
Ланскиот натпревар на Олд Трафорд заврши со резултат од 0-0, додека на Емирати Арсенал победи со 2-1 со головите на Насри, додека Рафаел даде гол за Јунајтед.
Кај Арсенал повредени се Волкот и Насри,а неизвесни се Фабрегас и Росицки.
Кај Манчестер повредени се Фердинанд, Рафаел, Ван Дер Сар и Харгривс.

Последни пет натпревари на Манчестер во ПЛ:

Виган - Манчестер Ј. 0-5
Барнли - Манчестер Ј. 1-0
Манчестер Ј. - Бирмингам 1-0
Хул - Манчестер Ј. 0-1
Манчестер Ј. - Арсенал 0-0

Последни пет натпревари на Арсенал во ПЛ:

Арсенал - Портсмаут 4-1
Евертон - Арсенал 1-6
Арсенал - Стоук 4-1
Манчестер Ј. - Арсенал 0-0
Арсенал - Челзи 1-4

Со среќа ѓаволи!
 
Не сум баш оптимист за овој натпревар, но сепак ќе навивам за мојот тим.
Кој победи, победи :)
 
Секој поен е важен на дерби натпревар ја би се задоволил и со нерешено но сепак пречуство за победа на ЈУНАЈТЕД
 
Мислам дека ке победи Арсенал или ке биде нерешено.Арсенал се во супер форма но ако не игра Фабрегас мислам дека ке биде нерешено.
 
За постови Арсенал ќе тепа/Манчестер ќе тепа ќе поставам анкета, момент.

Анкетата ќе се затвори на 28, да нема од после типувачи :)
 
а мора ли за секој еден натпревар да се отвара тема , ај сеа ке отвориме и за милвол-лидс тема , незнам што гледа модераторот али мене ова не ми се свиѓа(без разлика кој игра, си има тема за премиер лига си има фан клубови)
 
а мора ли за секој еден натпревар да се отвара тема , ај сеа ке отвориме и за милвол-лидс тема , незнам што гледа модераторот али мене ова не ми се свиѓа(без разлика кој игра, си има тема за премиер лига си има фан клубови)

За дерби натпреварите се отвора посебна тема, има во правилата кои се дерби натпревари :smir:
 
За дерби натпреварите се отвора посебна тема, има во правилата кои се дерби натпревари :smir:

се извинувам не сум знаел за тоа , али ок ако е така оти на некој може му е дерби натпревар милвол-лидс или пак во шпанија атлетико мадрид-реал мадрид
 
се извинувам не сум знаел за тоа , али ок ако е така оти на некој може му е дерби натпревар милвол-лидс или пак во шпанија атлетико мадрид-реал мадрид

Aма на некој. Се знае јасно кои се дерби натпреварите во сите светски лиги :)
 
Уф...Фергусон,Венгер.....Кога тие 2ца се во прашање , навистина се е можно.Според мене двајцата најдобри менаџери во светот.Арсенал почна одлично , Јунајтед киксна против Барнли , но во такви дерби натпревари тоа и не е така значајно.Сепак мислам дека мојот Јунајтед е многу подобар од Арсенал.Очекувам победа во сабота , иако реков се е можно.

Glory,glory Man United !:pipi:
 
Овој натпревар ке разреши многу работи и ке им покаже вистинска слика на фановите на двата тима.
За Манчестер Јунајтед уште постојат сомнежи како ке се поднесе заминувањето на Рони од тимот бидејќи сеуште не сме виделе како ке се носи Руни како key player против јака екипа. Јунајтед е вратен на стариот добар систем 4-4-2 и малце ме потсеќа на начинот на игра кога го имавме Бексот во тимот. А Валенсија на неколку наврати покажа дека има и те како солиден центаршут, може не толку совршен како Бекам али во секој случај има подобар дриблинг од него и поголема продорност по десната страна. Ако настапиме со истиот тим како против Виган мислам дека ке забележиме победа.
Додека за Арсенал сеуште постои сомнеж дали конечно го имаат она шампионското во себе и дали ке можат да се носат со предизвиците на ПЛ. Системов на игра што го имплементира Венгер сезонава е засега непознат за сите бидејќи ако не се лажам ова е прва сезона каде што се игра 4-3-3 со тројца добри пасери во средниот ред и две феноменални крила( кога ке се врати Волкот) и еден шпиц кој ке се бира меѓу Бендтнер и Ван Перси. Морам да признааам дека Сонг многу пријатно ме изненадува последниве 5-6 месеци, како да се пронајде на таа позиција и заедно со Денилсон и Фабрегас имаат некаков совршен баланс кој лани и те како им фалеше. Само мислам дека немаат добра замена за Галас или Вермален оти Силвестре може да изигра две-три утакмици добри, а другите ке биде како швајцарско сирење. Голем бонус е враќањето на Клиши и тоа што сега имаат добра замена ако се повреди ради искуството кое го доби Гибс лани од играњето во првиот тим 4-5 месеци. Замена за Сања е Ебуе и вака кога ке се разгледаат работите Арсенал има доста солиден тим.
Конкретно за утакмицава се мислам дека ке решаваат нијанси, некоја брилијантност на Руни или Фабрегас ке одлучи кој ке биде победникот.
Очекувам Фергусон да извади ист тим како лани на Емиратите во ЛШ со Флечер, Керик и Андерсон во средината, Руни како лево крило и евентуално Нани/Валенсија десно со Бербата во шпицот. Па ако нешто не оди како што треба ке влезе Нани/Валенсија или Гигс со тоа што Рунката ке оди напред со Бербатов, а на клупата го имаме и Овен-играч кој гледам дека ке биде многу форсиран од Ферги со цел да се врати во таа форма од пред 5 години.
Како и да е знам дека ке има одличен фудбал полн со тензии, добри потези како што доликува на некогашното најважно дерби во Англија.
Предвидувам тесна победа на Јунајтед од 2-1, евентуално 3-1. :)
 
Долго време го чекам овој натпревар. Двата најтрофејни клуба од основањето на Премиер Лигата во двобој на Олд Трафорд.

Арсенал моментално го живее англискиот сон. За разлика од минатата сезона се променија многу работи: Адебајор и Туре си заминаа, само Вермален е донесен во клубот кој си инкасира 30 милиончиња (ни малку не се чувствува дупка на тие позиции, тимот прикажува одлична игра), Венгер ја промени својата формација и го адаптира тимот за секакви ситуации. Веќе не претставуваат проблем малите тимови кој поставуваат автобус пред голот, тимовите кои што сакаат да се надигруваат си добиваат 3/4 комада во мрежата. Што се однесува до Манчестер Јунајтед мал хендикеп ќе биде потенцијаното неиграње на Фабрегас, но многу фудбалери кој освен овој ќе пропуштат и многу други натпревари: Волкот, Насри, Џуру, Фабијански, Вела. Росицки има многу мали шанси да биде на клупата, но не верувам дека ќе дебитира на волку тежок натпревар.

Ривалството помеѓу овие два клуба е големо, но по заминувањето на Виеира и Кин не веќе она што беше.

Фергусон е стар лисец, има огромно искуство и многу добро ги познава Венгер и Арсенал. Неговиот тим можеби е ослабнат по заминувањето на двајцата клучни играчи од иминатите две сезони - Роналдо и Тевез. Сепак реагираше брзо и без пари си го зеде Овен, во екипата ги додаде и Валенсија, Обертан и Диуф. Формациски мораше да менува сега кога целата игра порано се вртеше околу Роналдо. Натпреварот против Барнли им беше само еден лош ден, нека не ве залажува нивниот пораз. Имаат доста добра и голема екипа која е способна да им биде конкурент на Арсенал, Ливерпул и Челзи, можат да пружат отпор и во Лигата на шампионите. Што се однесува до натпреварот, секогаш кога Арсенал доаѓа на ред Фергусон на еден натпревар пред тоа ги одмара фудбалерите кои ќе настапат. Фостер би бранел, О ’Шеј, Видич, Еванс и Евра би биле во одбраната, со овој среден ред би можеле колку-толку да парираат Парк - Керик - Андерсон - Нани и во напад би ги ставил Руни и Бербатов бидејќи доста добро се познаваат, затоа Овен не би требало да стартува.

Очекувам вистински спектакал (како за прво дерби во сезоната :)) и секако, победа на Арсенал.
 
Очекувам победа на Јунајтед, сепак ќе биде тешко дерби, како и секогаш кога играат Манчестер Јунајтед и Арсенал. Арсенал одлично ја започнаа сезоната, Јунајтед киксна со Барнли, но затоа со Виган победи со голема разлика. Прво дерби сезонава, се надевам на победа на Манчестер, ништо не ме чуди ако излезе и нерешено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom