Секој ден гледам како малолетни деца вдишуваат куп отрови ни самите не свесни дека тоа ќе им донесе многу големи последици понатаму во животот. Јас не пушам. Не сакам. Едноставно, чувствувам одбивност кон самите цигари. И кон мирисот, и кон самиот поим. Ми пречат луѓе што пушат во моја близина бидејќи на тој начин и јас сум на некој дел од целиот тој процес. Во Македонија можат да се забележат голем број на малолетни пушачи на кои цигарите полека им стануваат дел од секојдневието. Почнуваат да се кријат од родителите, се оддалечуваат од нив, бегаат од часови... тргнуваат на погрешен пат.