TpH_Bo_OkO
Трноризец
Секаде, во верските институции има повеќе политика отколку во собраниска седница, па зошто да не ја разгледаме и оваа опција?
Кои се позитивните работи, а кои негативни од ваквиот чекор?
Дали ни е поубаво да се стремиме за место кај Вселенската патријаршија, која не не признава ни како народ ни како Македонска црква, или да се припоиме под Ватиканска јурисдикција, оној Ватикан кој има посебна почит кон Македонија како библиска земја, и земја од која излегол св.Кирил и неговиот брат Методиј, и која има одлични односи со МПЦ, каде меѓу другото и ја признава.
Она што се менува е календарот, тоа е впрочем и најголемата промена при ваквата одлука. Ние, заедно со Србија и Русија сме последните три земји кои сеуште се водат по Јулијанскиот календар.
Папата има големо светско влијание, поготово во политиката, бенефициите кои следуваат со ваквата одлука се повеќе отколку што ги имаме сега, или што би ги имале под јурисдикција на Цариград, иако и Цариград со своите патријаршии се водат според Грегоријанскиот календар.

Кој од овие календари е повеќе точен? Апсолутно грегоријанскиот. Тој впрочем е прифатен од безмалку сите цркви во светот. Да не говориме за неговата цивилна употреба. Дури и во земјите чиишто православни цркви го употребуваат јулијанскиот календар, Србија, Македонија, Русија, секој од нивните верници на прашањето кога е Божик ќе ви одговори дека е на 7-ти јануари, што е апсурдно. Освен тоа, сите од нив Нова Година ја празнуваат на 1-ви јануари, а, според јулианскиот календар би требало на 14-ти. Оттука и апсурдноста од употребата на стариот јулијански календар.
Јулианскиот е постар и понепрецизен од грегоријанскиот календар. Негов автор е александрискиот астроном Созиген кој на иницијатива на Гај Јулие Цезар во 46 г. пред Ис. Хр. изработил нов календар. Според името на нарачателот и календарот бил наречен јулијански. Но, овој календар не бил сосема точен. Тој се разликувал за 11 минути и 14 секунди од вистинската сончева (тропска) година. Оваа разлика за 400 години се искачила на 3 дена, 2 часа, 53 минути и 20 секунди, а, пак, во 1700 година изнесувала цели 10 дена. Денес таа изнесува 13 дена.
Оттука, веќе во средниот век, тогашните учени ја воочиле неправилноста на јулијанскиот календар. Свесни за неточноста на календарот, на иницијатива на римокатоличкиот папа Григориј XIII (1572 – 1585), во 1576 година била формирана посебна комисија од астрономи и математичари која имала за цел да спроведе реформа на јулијанскиот календар. По 6 годишна работа комисијата предложила конкретни мерки за реформа на календарот. Мерките биле прифатени од папата кој на 24-ти февруари 1582 година издал посебна папска була позната како intergravisimus. Во овој документ биле содржани т.н. Canones in Calendarum Gregorianum, односно мерки за реформа на календарот. Со нив, меѓу другото, било утврдено, секоја година, пролетната рамноденица да биде фиксирана на 21-ви март.
Понатаму, со цел да се изедначи дотогашната ралика меѓу јулијанската и реалната (тропска) година, која во 1582 година изнесувала 10 дена, со папската була било решено, во таа година 5-ти октомври да се смета како 15-ти октомври.
Новиот календар бил наречен Грегоријански според папата Грегориј, кој ја спровел реформата, и истиот бил многу попрецизен од јулијанскиот, иако ниту тој не е сосема точен. Разликата меѓу грегоријанската и тропската (реална) година е еден цел ден на секои 3.000 години – што е многу попрецизно и поточно од јулијанскиот чија разлика само за една година изнесува 11 минути и 14 секунди.
Овој нов, грегоријански календар бил најпрво воведен во Италија, Шпанија и Португалија, а потоа постепено и во другите европски земји.
За прашањето на календарот се расправало и на Сеправославниот конгрес во Истанбул во 1923 година. На конгресот било решено православните цркви да ги прифатат научните факти за неточноста на јулијанскиот календар и да го реформираат календарот по принципот на грегоријанскиот.
Нашата МПЦ во 1967 година донела одлука за напуштање на јулијанскиот календар, но од црковно – политички причини оваа одлука никогаш не влегла во сила. Притоа прашањето не е ДАЛИ , туку КОГА МПЦ ќе го смени календарот. Што побрзо толку подобро.