Македонското православие, дали да се приклучи на унијатството?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Секаде, во верските институции има повеќе политика отколку во собраниска седница, па зошто да не ја разгледаме и оваа опција?

Кои се позитивните работи, а кои негативни од ваквиот чекор?

Дали ни е поубаво да се стремиме за место кај Вселенската патријаршија, која не не признава ни како народ ни како Македонска црква, или да се припоиме под Ватиканска јурисдикција, оној Ватикан кој има посебна почит кон Македонија како библиска земја, и земја од која излегол св.Кирил и неговиот брат Методиј, и која има одлични односи со МПЦ, каде меѓу другото и ја признава.

Она што се менува е календарот, тоа е впрочем и најголемата промена при ваквата одлука. Ние, заедно со Србија и Русија сме последните три земји кои сеуште се водат по Јулијанскиот календар.

Папата има големо светско влијание, поготово во политиката, бенефициите кои следуваат со ваквата одлука се повеќе отколку што ги имаме сега, или што би ги имале под јурисдикција на Цариград, иако и Цариград со своите патријаршии се водат според Грегоријанскиот календар.

Кој од овие календари е повеќе точен? Апсолутно грегоријанскиот. Тој впрочем е прифатен од безмалку сите цркви во светот. Да не говориме за неговата цивилна употреба. Дури и во земјите чиишто православни цркви го употребуваат јулијанскиот календар, Србија, Македонија, Русија, секој од нивните верници на прашањето кога е Божик ќе ви одговори дека е на 7-ти јануари, што е апсурдно. Освен тоа, сите од нив Нова Година ја празнуваат на 1-ви јануари, а, според јулианскиот календар би требало на 14-ти. Оттука и апсурдноста од употребата на стариот јулијански календар.

Јулианскиот е постар и понепрецизен од грегоријанскиот календар. Негов автор е александрискиот астроном Созиген кој на иницијатива на Гај Јулие Цезар во 46 г. пред Ис. Хр. изработил нов календар. Според името на нарачателот и календарот бил наречен јулијански. Но, овој календар не бил сосема точен. Тој се разликувал за 11 минути и 14 секунди од вистинската сончева (тропска) година. Оваа разлика за 400 години се искачила на 3 дена, 2 часа, 53 минути и 20 секунди, а, пак, во 1700 година изнесувала цели 10 дена. Денес таа изнесува 13 дена.

Оттука, веќе во средниот век, тогашните учени ја воочиле неправилноста на јулијанскиот календар. Свесни за неточноста на календарот, на иницијатива на римокатоличкиот папа Григориј XIII (1572 – 1585), во 1576 година била формирана посебна комисија од астрономи и математичари која имала за цел да спроведе реформа на јулијанскиот календар. По 6 годишна работа комисијата предложила конкретни мерки за реформа на календарот. Мерките биле прифатени од папата кој на 24-ти февруари 1582 година издал посебна папска була позната како intergravisimus. Во овој документ биле содржани т.н. Canones in Calendarum Gregorianum, односно мерки за реформа на календарот. Со нив, меѓу другото, било утврдено, секоја година, пролетната рамноденица да биде фиксирана на 21-ви март.

Понатаму, со цел да се изедначи дотогашната ралика меѓу јулијанската и реалната (тропска) година, која во 1582 година изнесувала 10 дена, со папската була било решено, во таа година 5-ти октомври да се смета како 15-ти октомври.

Новиот календар бил наречен Грегоријански според папата Грегориј, кој ја спровел реформата, и истиот бил многу попрецизен од јулијанскиот, иако ниту тој не е сосема точен. Разликата меѓу грегоријанската и тропската (реална) година е еден цел ден на секои 3.000 години – што е многу попрецизно и поточно од јулијанскиот чија разлика само за една година изнесува 11 минути и 14 секунди.

Овој нов, грегоријански календар бил најпрво воведен во Италија, Шпанија и Португалија, а потоа постепено и во другите европски земји.

За прашањето на календарот се расправало и на Сеправославниот конгрес во Истанбул во 1923 година. На конгресот било решено православните цркви да ги прифатат научните факти за неточноста на јулијанскиот календар и да го реформираат календарот по принципот на грегоријанскиот.

Нашата МПЦ во 1967 година донела одлука за напуштање на јулијанскиот календар, но од црковно – политички причини оваа одлука никогаш не влегла во сила. Притоа прашањето не е ДАЛИ , туку КОГА МПЦ ќе го смени календарот. Што побрзо толку подобро.
 
Во случајов си требал да поентираш на политичката наклонетост од страна на Ватикан.
Календарите се најмалку битни.

Бидејќи освен основниот драјвер кон унијатството- признавање и етаблирање на нашата црква единствено во Македонска, другиот фактор би бил освојување на политичка поддршка од Католичките земји која е силно поврзана со Ватикан.
 
Мислев тоа да се разводни во дискусијата, она што јас го пишав е иницијална каписла само :smir:
 
Да напоменеме дека УНИЈАТСТВОТО е само дел од еден малку подзаборавен план кој се нарекува Мојсеј-2,и во кој се предвидува и таква работа,но малку подоцна,значи некаде пред 2050та година кога треба планот веќе да биде етаблиран и спроведен на оваа територија.Впрочем и Православната конфесија во Ерусалим и Цариград е длабоко инволвирана во спроведување на овој план,се разбира поткупена со средства определени за спроведување на планот.Дел од тие средства им беа дадени на Србите,а поголемиот дел го користат Грчките црковни високодостојници.Православието не е компир па да се продава на пазар,во замена за подобро признавање од Ватикан.Православието е ДОГМА од која не смее да има отстапување ни во најтешките мигови за еден или повеќе негови вистински верници.Македонската Православна Црква и Македонските Православни верници,ќе преживеат и без унијатство како што преживеале сите овие долги години па и векови би рекол.Не верувам дека сега ќе се изнајде некој толку моќен да ни предочи колку подобро би ни било како УНИЈАТИ одколку како Православни.Верувајте дека ни фактот што Св.Климент е ракоположен во Рим не ни дава право да се приклониме кон унијатството,впрочем тогаш сеуште Христијанската црква била единствена,ПРАВОСЛАВНА,а не како денес да се делиме на повеќе конфесии.:toe:
 
И порано имало обиди за префрлање кон Рим или кон протестанство затоа во кукушко и струмичко има католици и протестанти.меѓутоа и да се префрлиме кон нив не верувам дека ќе добиеме некои бенифиции.најдобро да не се стремиме ни кон Вселенската патријаршија ни кон Ватикан,туку да си стоиме под нашата Македонска Православна Црква и да си веруваме на наш начин како што тоа го правеле нашите предци.Затоа што религијата жестоко се противи на политичкиот живот,а токму најголемите заедници се занимаваат повеќе со политика отколку со вера.Треба да си бидеме самостојни и да се поклонуваме на нашата Црква
со стариот календар и мислам дека не би требало преку верата да гледаме политички поволности.А после тоа се надевам дека има кој да пресуди за делата односно неделата на некои луѓе
 
АБЦ, многу погрешно размислување. Прво за некакво „вистинско православие“, потоа и за тоа што ќе ни донесе унијатството. Ако православието беше „вистинско“, немаше да имаме Вранишковци инструирани од Српската Православна Црква, онаа православна црква која НЕ признава друга православна црква, и не само нашата, туку и Црногорската, па и Белоруската поради што така им рекла Русија.

Ватикан е влијателен, а политичката поддршка што би ја добила Македонија, би била огромна и самиот си свесен за тоа. Хрватска е бенефицирана најмногу, исто и Словенија, поради тоа што се под јурисдикција на Ватикан. Не гледам дека нешто им фали, напротив, многу се понапред од нас „вистинските православци“...
 
Не се работи за религија, ниту менување на истата.

Се работи за црковната политика, а не верувам дека има толку наивни кои што веруваат дека црквата и политиката немаат ништо заедничко.
Да не набројувам примери, но политиката и црквата секогаш одат заедно.
 
Јебо те римски папа... зар је могуће да сте толико искомплексирани? Нисте у стању да поднесете да имате самосталну цркву, па тражите господара да вам попује?
:kesa:
 
Јебо те римски папа... зар је могуће да сте толико искомплексирани? Нисте у стању да поднесете да имате самосталну цркву, па тражите господара да вам попује?
:kesa:


Абе ајде :) А која е разликата меѓу Цариград и Рим?
 
Јебо те римски папа... зар је могуће да сте толико искомплексирани? Нисте у стању да поднесете да имате самосталну цркву, па тражите господара да вам попује?
:kesa:


Ја поеба римски Папа цела Србија:vozbud:

Иначе за планов на унијатсво кревам два прста, одлична идеја.Сепак Ватикан има далеку поголемо почитување спрема Македонија, Македонците и МПЦ, додека педофилите цариградски не ебат у здрав мозок, заедно со куропушачите на Дража.
 
Секаде, во верските институции има повеќе политика отколку во собраниска седница, па зошто да не ја разгледаме и оваа опција?

Кои се позитивните работи, а кои негативни од ваквиот чекор?

Дали ни е поубаво да се стремиме за место кај Вселенската патријаршија, која не не признава ни како народ ни како Македонска црква, или да се припоиме под Ватиканска јурисдикција, оној Ватикан кој има посебна почит кон Македонија како библиска земја, и земја од која излегол св.Кирил и неговиот брат Методиј, и која има одлични односи со МПЦ, каде меѓу другото и ја признава.

Она што се менува е календарот, тоа е впрочем и најголемата промена при ваквата одлука. Ние, заедно со Србија и Русија сме последните три земји кои сеуште се водат по Јулијанскиот календар.

Папата има големо светско влијание, поготово во политиката, бенефициите кои следуваат со ваквата одлука се повеќе отколку што ги имаме сега, или што би ги имале под јурисдикција на Цариград, иако и Цариград со своите патријаршии се водат според Грегоријанскиот календар.
Браво бе. Како ти текна таква работа. И бранителите тука никој не ги подржва и треба сега пасош бугарски???
 
Koga za ova Svetko polemizirase, na kurac mu se kacivte...ama togas i SeDESe bese na vlast.

Mislam deka e docna za toa, no ako seuste ima vreme, potpisuvam so dve race.

Nikakvo fajde ne gledame od ovaa situacija, plus vo de facto shzima sme.
Tuku i za toa imam razglabano na drug podforum.

Terajte.
 
Браво бе. Како ти текна таква работа. И бранителите тука никој не ги подржва и треба сега пасош бугарски???

Корлеоне, споредбата не ти е на место. Збориме за црковната политика, а не за бранителите.
 
Се е взаемни интереси. Реално јас не би бацил рака на папата. Има еден Господ Исус Христос и само тој беше достоен на земјата. Нема бог меѓу луѓето.

Ватикан ја признава Македонија, Македонците и МПЦ само за инает на Православните земји, кои пак наивни и повеќето поткупени будали од национализам не гледаат православие...

никако не си!

инаку треба да си останеме како што сме.
 
Најдобро е вака како што е. Независни сме, не одлучува никој друг за нас. Па што ако не не признаваат, зар ни можат нешто повеќе од тоа? Зошто да тражиме господар насила?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom