Нашите клубови стагнираат и долго време сме без никаков напредок во Европа.
Ако ги погледнеме другите лиги ќе видиме дека горе-долу едните исти екипи се појавуваат во квалификациите додека кај нас секоја година има некој нов.
Од Цементарница и Ренова на времето преку Хоризонт Турново, Металург, Тетекс, Струга, Академија Пандев, Тиквеш, Македонија ЃП, Шкупи и кој све не играше Европа последниве 20 години без речиси никаков успех. Веројатно и Воска ќе следеа во оваа листа ако не се сменеше власта во МКД.
Лапни го купот, изиграј два до четири натпревари во зависност од ждрепката и назад по ливадите низ Македонија. Сите овие екипи горе у листава дали имаат пет победи вкупно и тоа веројатно сите биле против екипи каде играчите се повеќе кувари отколку фудбалери.
Едино Шкендија е редовна ама и они пред овој успех со Стеауа имаа големи бламажи.
Ги гледав Балкани против Флориана (Малта) и баш ме изненадија.
Добра екипа склопиле. Се гледа дека се вложува.
Ја гледав и Дрита против Стеауа, нема да ме изненади ако ги добијат на домашен терен и се пласираат понатаму.
Лани Борац Бања Лука имаше солидна сезона во Конференциска лига, мислам дека стигнаа до 1/8 или 1/16 финале а еден Дечичи од Црна Гора е тежок противник за нашиот вицешампион. Исланд, Летонија, Ерменија, Литванија, Естонија и Фарски Острови одамна не поминаа а Белорусија која има пад последниве сезони е истотака измислена за нас. Се виде Работнички против тие белорусите како поминаа.
Ептен сме паднати и ова е реалната слика на фудбалот во МКД. Нашите екипи се заглавени во 2010та.
Никаква интернет презентација, никаква медиумска покриеност, тешко се стига до информации а тие што имаат веб-сајтови последната објава им е со препораки за корона. Тоа што и одредени играчи пре би играле во Косово, Албанија или втора кипарска лига говори многу за нивото на нашата лига.
Сакаш да купиш дрес, шал или сличен реквизит од твојот омилен македонски клуб? Ако не се знаеш со некој кој работи таму, невозможна мисија.
Абе маме му ебам, 2025та стигнавме веќе. Пред 16-17 год кога активно следев мак фудбал си размислував дека малце сме назад со времето и дека ќе се сменат овие работи во иднина ама ние идеме во спротивен правец. А и како да не идеме во спротивен правец. Видете ја страната на ФК Вардар. Клубот кој треба да биде лидер и пример за останатите, нешто како Д.Загреб, Лудогорец и Ѕвезда, ти отвараш нивната веб-страна и на средина те чека со големи букви - ЗБОРУВА МИЛЕНКО.