Македонско фудбалско првенство 2014/15

  • Креатор на темата Креатор на темата Prime
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    205
Статус
Затворена за нови мислења.
Ескузе момци,како е правилото за младинец во први 11 и дали има ограниченост за странци ?! :)
 
Трајчевски Дуле ви е злато вреден играч. Од кај ги вади овие Мрме свака му част.
Вчера за вас дебитирал брат му на Стефан Ристовски а? Го имаш гледано малиот претходно? :)

Иначе Мрме искочи тренериште, со млади играчи, со стипендии, претходна сезона зема и титула, а оваа го играат најубавиот фудбал за око. Е тоа е тренер, не клошарон Андреев.
Дуле го земаа од Тетекс и како Гатузо е,борбен до максимум. Такви фудбалери се поретко има кои играат од срце.
Што се однесува до Ристовски мислам вчера му беше прв настап и го немам гледано претходно. Да се надеваме дека ќе го биде.Од младите исто така тука се синовите на Кобра ако ви текнува мал фудбал што играше. Тихомир и Тео Фидановски и одвреме,на време Тихомир добива шанса па може да биде нешто од него.
 
Најголема штета е што Работнички нема поголем број на публика. Тоа само би ја комплетирало сликата за Работнички. Од секоаш ми биле еден од поомилените клубови у Македонија. Играат фудбал, не легаат 70 мин. од утакмицата за да добијат на време и слично. Плус од секогаш у Европа не претставувале на достоен начин.
Пак ќе кажем, штета што немаат публика.
 
Се е џабе ко нема навивачи. А не ми е јасно, кој го финансира Работнички?
 
Со што се занимава тој, од каде пари?
Адвокат е. Инаку Работнички претежно се одржува со продажба на млади играчи и со парите од Уефа. Буџетот и не е некој голем,дури и Брегалница има поголем буџет
 
Брегалница со буџет е позади Вардар Шкендија и Металург пред сите други е а 3 победи имат само...
 
10689562_732532773500967_3075023147690282573_n.jpg
 
Најголема штета е што Работнички нема поголем број на публика. Тоа само би ја комплетирало сликата за Работнички. Од секоаш ми биле еден од поомилените клубови у Македонија. Играат фудбал, не легаат 70 мин. од утакмицата за да добијат на време и слично. Плус од секогаш у Европа не претставувале на достоен начин.
Пак ќе кажем, штета што немаат публика.

за време на Југославија, уште пред да постои Вардар и во првите неколку децении од постоењето на Вардар, Работнички бил клубот број еден во Скоје по посетеност. за жал комунистичкиот режим успеал скоро да го уништи клубот, бидејќи преку клубот се ширел македонизмот што нормално им било трн во око (пред Втора светска војна ни името не му го прифаќале и го регистрирале како Раднички, само да не биде македонско). впрочем затоа е и формиран Вардар, за КПЈ преку КПМ да има влијание во Македонија и преку фудбалот. Вардар бил проект замислен да биде клуб за кој ќе навивала цела Македонија, без конкуренција, исто како Звезда и Партизан во Србија, Динамо, Ријека и Осијек во Хрватска, Олимпија во Словенија, Сарајево и Челик во Босна, сите формирани од комунистичките партии на местата каде имало клубови кои ширеле нејугословенство. некои клубови дури и биле со декрет забранети како Граџански, ХАШК и Конкордиа од Загреб, Велика Србија од Белград, Македонија од Скопје (од филмот), Фјумана од Ријека (тим на италијанското малцинство), Славија од Осијек итн. На Работнички, благодарение на тоа што фудбалерите за време на Втора светска војна земаат оружје и заедно со партизаните се борат против окупаторот (притоа 13 од нив загинуваат), му е дозволено и натаму да опстојува меѓутоа во сенка на новоформираниот Вардар. се до средината на 70-тите Работнички ја задржува публиката, меѓутоа играњето во републичка лига и успесите на Вардар во првата лига си го прават своето и Работнички станува маалски клуб, заборавен од сите освен од постарите дебармаалци кои израснале во клубот.
 
Во првите неколку децении по формирањето на Вардар, Работнички имал повеќе публика на стадион. :pos:
Охри кежуелс гомна да јаде.
 
ВИДЕО: Доживотна казна за навивачот кој го повреди Меси

mesithumbmedium500221.jpg

Фановите на Валенсија одговорија на поразот на нивниот тим од Барселона и голот кој што го примија во 94-та минута.

Во славеничкиот „букет“ на гостите, од трибината долета пластична амбалажа со вода која го погоди Лионел Меси додека тој седеше во тревата и го славеше голот Бускетс.

Аргентинецот се фати за глава, малку го заболе, како и да е беше добро со оглед дека не го погоди нешто потврдо и остро.

Поради ова Валенсија издаде соопштение во кое се наведува оти доживотно ќе го забрани влезот на стадионот за личноста која го фрлила шишето и го погоди гостинскиот фудбалски ас.

„Фудбалскиот клуб Валенсија жали и го осудува настанот за време на натпреварот со Барса, кога мало шише со вода е фрлена од трибината на противничкиот играч Меси. Клубот настојува да ја лоцира личноста и на истата ќе и биде забранет влезот на „Местаља“, велат од славниот шпански клуб.

„Валенсија има нулта толеранција кон таквите престапници“, се наведува во соопштението на составот.
http://sitel.com.mk/video-dozhivotna-kazna-za-navivachot-koj-go-povredi-mesi

Каква е казната кај нас за мавање со камења, шишиња, бакљи и други реквизити???Каква беше казната за навивачите на Шкендија кога со камења гаѓаа паднат фудбалер???
 
Каква споредба прави овој :facepalm:

Назад сме 3 векови ние овде од вие што ги земеш како пример . Кај нас нема безбедносни камери за да го најдат виновникот , и ајде да речеме ќе се најде и ќе биде казнет да не влезе никогаш во стадион , и ти мислиш тој нема да влезе? Кој гарантира?

Казна за Шкендија имаше за случајот кога беше гаѓан со еден мал камен голманот на Вардар , фрлање камења имаа и во натпреварите на Вардар , Пелистер , не само Шкендија .

Шкендија земајте ја пример како се води еден професионален клуб (y) .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom