А што ви е финтава што сте ставиле сите слика од спонзоров?

Обично сите ставаат слика од клубот вие од спонзорот.

Мала шала.
Инаку ова е најдобриот начин да мрдне и кај нас малце фудбалот...ако Вардар со буџет од 500 000 евра го освои првенството, тогаш нема ни потреба од поголеми засилувања и така само си тапкаме во место...Типичен пример во ракометот, Металург вложи одлична сума на пари за да ја освои лигата, со тоа имаа и солиден настап во Европа. Сега Вардар е шампион но и Металург продолжи, не застана, со конкуренцијата ќе прераснуваат во се посилни и посилни тимови и можност повеќе за одлично претставување и во Европа...што сакав да кажам...Ако Шкендија вложи повеќе од Вардар, Вардар ќе мора да "го одврзе ќесето" доколку сака да остане шампион, така да ова е одличен почеток, да се надеваме дека секој град/општина ќе го следи овој чекор и да имаме силен Пелистер,Напредок,Победа,Работнички итн. да сакаат да инвестираат, да има конкуренција. Многу лошо беше изминативе години што еден клуб е помоќен, а другите гледаат што повеќе натпревари да наместат и единствено така да дојдат до пари и после да го баталат клубот. Се надевам дека и другите клубови ќе живнат малку, па да се подобри и квалитетот на лигата. Исто се надевам дека нема да има казни,забрани, непотребно мешање од страна на МВР,ФФМ,власта итн.
Ќе не очекува интересна сезона со уште поинтересен крај, па ќе видиме какви се плановите на Шкендија, а како и ќе реагираат конкурентите, пред се Вардар.
И да, тие што зборат против, можат да зборат само од инат, секој кој е реален ќе признае дека акцијава на Балисти им беше за почит, одличен пример за доброто на клубот. Секоја чест за нив!
Со среќа во новата сезона, па конечно сите да не фати малку и еуфорија
