fala
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Најмногу ќе го кркаат тие две екипи што ќе влезат во финалето на Куп, односно ќе имаат вкупно 18 натпревари во нешто повеќе од два месеци. Кај се спремни играчите од нашата лига на ваков висок ритам?!Дури и полошо може да биде за тие што бараа и добија одложување. Со физичката спремност што ја имаат, сигурен сум дека по 3-4 кола ќе им "поцркаат" играчите од умор.
Сигурен си?Завршена приказна е веќе ова. Предавниците беа избркани, австриецот продолжува да биде главен финансиер.
нема врска бе ова статија..ко ќе се плука само да се плукаСигурен си?
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6182
Занимливо
--- надополнето: 4 март 2012 во 23:49 ---
Бтв...
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6169
Македонски фудбал: Надвор +15 степени, а нема натпревари поради превентива од снег
Еве уште еден одговор, зошто сме фудбалски Лузембург... Во Македонија е одложено првото пролетно коло поради лоши временски услови и снежни терени, а денеска во цела Македонија има над 15 степени Целзиусови. Да, така е, за жал...Во секоја нормална фудбалска земја, сега ќе известувавме за резултатите од првите пролетни натпревари во Првата лига, ама не и во нашава држава!
Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски, на барање на клубовите (најголемиот дел, без Вардар и Хоризонт Турново) го одложи почетокот на пролетниот дел од сезоната за една седмица. Така, денеска немаше фудбал, ама затоа во наредните дваесетина денови одредени клубови ќе одиграат дури шест меча.
Какво ли сега ќе биде оправданието на Миле Спиркоски, кој своевремено го доби прекарот „Гринич“ поради лошото одредување на саатниците на натпреварите?! Сега можеби треба да му се придодаде и нов прекар „Бела мечка“, затоа што заедно со ФФМ се уште не е разбуден од зимскиот сон. Ова има и друга конотација, никој ништо не им може, си ги држат „зауздани“ делегатите од Собранието на ФФМ и си прават што сакаат, секако, на штета на македонскиот фудбал.
Алоооо.....ФФМ, разбудете се, доаѓа пролет, одамна се стопи снегот, зарем не ве размрда ни малку срамниот пораз на репрезентацијата во Луксембург?!
Ете, затоа сме Лузембург!!!