Македонско фудбалско првенство 2012/2013

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 февруари 2012
Мислења
464
Поени од реакции
285
Тренинзите за Шкендија продолжуваат интензивно кај салата близу Рамстор (Тетово) .

.. Активиран е првиот портал за ФК Шкендија и за одбојкарскиот тим на Шкендија

http://www.shkendijakampion.com/
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
464
Поени од реакции
285
Мустафи: Доста чекав, Шкендија е завршена приказна

"Имаше некоја надеж да се договориме, јас чекав, но очигледно не им требам. Затоа сакам да си ги земам документите и да си барам нов клуб", потенцира Неби Мустафи
Очигледно згасна и последната надеж дека Неби Мустафи би можел да остане во Шкендија. Довчерашниот капитен на шампионот не ги доби посакуваните преговори со раководните луѓе на нашиот првак, и токму поради тоа смета дека за него враќањето во Шкендија е невозможно, и дека тетовскиот тим е завршена приказна.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Поранешниот играч на Вардар, Скопје, Олимпија Сарајево и Напредок, Дарко Глишиќ е нов играч на Тетекс.
 
П

Паспарту

Гостин
ЗА 21 ДЕН ЌЕ СЕ ИГРААТ ДУРИ ШЕСТ ПРВОЛИГАШКИ КОЛА!!!

Пекол ги очекува прволигашките фудбалери на стартот на пролетниот дел во сезоната 2011/2012. Имено, од 11 март (19. коло) па се до 1 април (24. коло) ќе треба да одиграат дури по шест првенствени натпревари
"Баравте - гледајте"!!! Ете тоа си одбраа нашите клубови, особено прволигашките, со барањето стартот на пролетниот дел во сезоната 2011/2012 или 20. јубилејна да се пролонгира од 4 март на 11 март. Имено, за вкупно 70 денови од 11 март до 20 мај, тука ги сметаме оние клубови кои ќе се пласираат во големото Куп финале, ќе играат по еден официјален меч, првенствен или куп во просек на секој 3.88 ден.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Дури и полошо може да биде за тие што бараа и добија одложување. Со физичката спремност што ја имаат, сигурен сум дека по 3-4 кола ќе им "поцркаат" играчите од умор.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Дури и полошо може да биде за тие што бараа и добија одложување. Со физичката спремност што ја имаат, сигурен сум дека по 3-4 кола ќе им "поцркаат" играчите од умор.
Најмногу ќе го кркаат тие две екипи што ќе влезат во финалето на Куп, односно ќе имаат вкупно 18 натпревари во нешто повеќе од два месеци. Кај се спремни играчите од нашата лига на ваков висок ритам?!
 
Член од
29 ноември 2011
Мислења
123
Поени од реакции
81
Ако им е, никој не им е крив тоа што го бараа го добија сега последиците сами ќе си ги трпат! Времето е одлично за игра они бараа одложување, ете им ... Па, да видиме до каде далеку ќе стигнат.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.135
Поени од реакции
2.320
Гроздановски го напуштил Вардар и заминал во кинескиот суперлигаш Лајонинг.Вардар има навистина добар состав ама секако дека не е ист со и без Гроздановски погово сега кога е повреден и Ранѓеловиќ.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Неби Мустафи се врати во Шкендија.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Завршена приказна е веќе ова. Предавниците беа избркани, австриецот продолжува да биде главен финансиер.
Сигурен си?
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6182
Занимливо :cautious:
--- надополнето: 4 март 2012 во 23:49 ---
Бтв...
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6169

Македонски фудбал: Надвор +15 степени, а нема натпревари поради превентива од снег

Еве уште еден одговор, зошто сме фудбалски Лузембург... Во Македонија е одложено првото пролетно коло поради лоши временски услови и снежни терени, а денеска во цела Македонија има над 15 степени Целзиусови. Да, така е, за жал...Во секоја нормална фудбалска земја, сега ќе известувавме за резултатите од првите пролетни натпревари во Првата лига, ама не и во нашава држава!

Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски, на барање на клубовите (најголемиот дел, без Вардар и Хоризонт Турново) го одложи почетокот на пролетниот дел од сезоната за една седмица. Така, денеска немаше фудбал, ама затоа во наредните дваесетина денови одредени клубови ќе одиграат дури шест меча.

Какво ли сега ќе биде оправданието на Миле Спиркоски, кој своевремено го доби прекарот „Гринич“ поради лошото одредување на саатниците на натпреварите?! Сега можеби треба да му се придодаде и нов прекар „Бела мечка“, затоа што заедно со ФФМ се уште не е разбуден од зимскиот сон. Ова има и друга конотација, никој ништо не им може, си ги држат „зауздани“ делегатите од Собранието на ФФМ и си прават што сакаат, секако, на штета на македонскиот фудбал.

Алоооо.....ФФМ, разбудете се, доаѓа пролет, одамна се стопи снегот, зарем не ве размрда ни малку срамниот пораз на репрезентацијата во Луксембург?!

Ете, затоа сме Лузембург!!!
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Сето тоа го изјавуваат тие што оформиле парарелно Собрание. Легалните членови на УО се тие кои за преседател го имаат тој што е член уште од формирањето на клубот.
Ибиши се обидува со манипулации да дојде до позицијата преседател, да земе пари и да избега... ама не Тетово знае што е добро за Шкендија така да тој нема да може да дојде до тој пост.
Дури ако се случи да Нуриман Шаќири да се повлече ќе се најде нов спонзор но никако не може клубот да го води Ибиши кој е директен виновник за заминувањето на Мустафи, а и за наместениот натпревар со Силекс во Тетово исто така и многу клупски пари ставил во џеб.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.098
Сигурен си?
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6182
Занимливо :cautious:
--- надополнето: 4 март 2012 во 23:49 ---
Бтв...
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6169

Македонски фудбал: Надвор +15 степени, а нема натпревари поради превентива од снег

Еве уште еден одговор, зошто сме фудбалски Лузембург... Во Македонија е одложено првото пролетно коло поради лоши временски услови и снежни терени, а денеска во цела Македонија има над 15 степени Целзиусови. Да, така е, за жал...Во секоја нормална фудбалска земја, сега ќе известувавме за резултатите од првите пролетни натпревари во Првата лига, ама не и во нашава држава!

Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски, на барање на клубовите (најголемиот дел, без Вардар и Хоризонт Турново) го одложи почетокот на пролетниот дел од сезоната за една седмица. Така, денеска немаше фудбал, ама затоа во наредните дваесетина денови одредени клубови ќе одиграат дури шест меча.

Какво ли сега ќе биде оправданието на Миле Спиркоски, кој своевремено го доби прекарот „Гринич“ поради лошото одредување на саатниците на натпреварите?! Сега можеби треба да му се придодаде и нов прекар „Бела мечка“, затоа што заедно со ФФМ се уште не е разбуден од зимскиот сон. Ова има и друга конотација, никој ништо не им може, си ги држат „зауздани“ делегатите од Собранието на ФФМ и си прават што сакаат, секако, на штета на македонскиот фудбал.

Алоооо.....ФФМ, разбудете се, доаѓа пролет, одамна се стопи снегот, зарем не ве размрда ни малку срамниот пораз на репрезентацијата во Луксембург?!

Ете, затоа сме Лузембург!!!
нема врска бе ова статија..ко ќе се плука само да се плука
немаме терени тое единствена причина..па сега најлошо е за терените..одма ко ќе се стопи или исчисти снегот е мек и со една утакмица лом се прај..а како шо немаме услови ние тој би се попрајл природно во јуни...така да на место е јас мислам ова една недела шо ќе смени
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom