Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Вардар 100% шампион,едноставно никој не може против државата;)

Дечко таков шампион со помагања,местења глупости не сакаме ние.Едноставно сакаме фер и коректно првенство.
 
Дечко таков шампион со помагања,местења глупости не сакаме ние.Едноставно сакаме фер и коректно првенство.
Никој не рече дека вие тоа сакате,пишав затоа што знам дека некои "други" сакаат.
 
Пет прволигаши со нови тренери
27778264F0078442B9482B196AA0E6BC.jpg

Со нови кормилари ќе стартуваат Вардар, Брегалница, Хоризонт, Тетекс и Охрид 2004
Миодраг Мицковиќ



Пет прволигашки фудбалски клубови ќе стартуваат во новата сезона со нови тренери. Веќе стана традиција екипите од Првата лига на крајот, па дури и во текот на секоја сезона, масовно да ги менуваат тренерите, незадоволни од постигнатите резултати.

Вардар е рекордер по смената на тренерите во минатата сезона. Нов шеф на Стручниот штаб е Илчо Ѓорѓиоски, кој еднаш веќе пред неполни две години беше тренер на црвено-црните. Тој го замени Зоран Стратев, кој не се прослави многу, бидејќи тимот под негово водство испадна од лигата. Пред него, пак, во есенската полусезона тренер на Вардар беше Ѓорѓи Тодоровски, а во финишот Бразилецот Леонес де Переира.

И Брегалница ќе стартува со нов тренер, бугарскиот стручњак Никола Спасов, кој исто така пред неколку сезони беше на кормилото на штипскиот клуб. Драган Христовски, кој успешно ја водеше Брегалница во претходната сезона и обезбеди опстанок, си замина и од есен ќе седи на клупата на Хоризонт. Клубот од Турново во минатата сезона смени двајца тренери - прво си замина Шефкет Арифовски, по него и Љупчо Димовски.

Тетекс, кој до последен момент „висеше“ во прволигашкото друштво, остана без тренерот Тони Јакимовски, со кого ги постигна своите најголеми успеси, лани го освои Купот на Македонија, а годинава играше во финалето со Металург. Јакимовски не ја чекаше разврската околу судбината на Тетекс, го презеде тренирањето на Ринија од Гостивар. Требаше да го замени Влатко Колев, но тој се премисли и во последен момент тетовчани ангажираа нов тренер, Љупчо Марковски-Калц, досегашниот кормилар на Скопје, кој испадна од Првата лига. Нему ќе му помага Стојмир Урошевиќ.

И на крајот Охрид 2004. Досегашниот тренер Зоран Ѓоревски си замина, а на неговото место дојде стружанецот Здравко Цветаноски.

Останатите седум екипи ќе стартуваат во новото првенство со старите тренери. Тоа се Работнички (Горан Петрески), Ренова (Билбил Соколи), Шкендија (Ќатип Османи), 11 Октомври (Николче Здравески), Напредок (Драган Бочески), Силекс (Ане Андовски) и Металург (Жикица Тасевски).

извор:Утрински Весник
 
Супер куп
Шкендија-Металург
недела 24.07.2011 18:30 арена Филип 2
директен пренос на мтв
 
Супер Купот во недела на МТВ
По 20 години ФФМ конечно ќе организира Супер Куп. Истиот ќе се одржи во недела од 18.30 часот на стадионот "Филип 2 Македонски" а силите ќе ги одмерат шампионот Шкендија и освојувачот на Купот, Металург
Македонија е една од ретките ако не и единствената земја во која не се играше натпревар од Супер Купот. Истиот треба да означи старт на новата сезона а нејансо е зошто ФФМ одлучи средбата да не се игра под рефлектори.
извор:Македонски Спорт
 
^ Каков институт бе какви бакрачи,ХНЛ на 86-то место ахахахахаха а пред нас Албанија.Аргентина и Бразил пред Англија,ова кој знае за што е а нашиве преведуваат ранг на фуд.лиги.,
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom