Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Играат сите прволигаши од сезона 2010-2011 без разлика дали отпаднал некој или не, додека другите екипи се борат во своите региони и најдобрите 2 екипи од 10 региони (ваљда вака е) низ државава, така на пример Победа јуниор играше со 11 Октомври и ги победија и така Победа игра, а 11 Октомври не, исто и Охрид Лоте игра, а не игра Охрид бидејќи ги победија во меѓусебен дуел. Иначе трошковите ги подмирува гостинската екипа која е и појаката во овој дуел :)
Да, но ако играат екипа од 1 лига и 3 лига, т.е. Работнички во 16 финале ги подмирува трошковите иако игра на гости, значи ова важи за екипи што минатата годиан играле во прва лига.
 
Нема врска тоа со регионите,сигурно Кораб треба да биде далеку пред Караорман.
 
зошто ги нема Охрид и Ренова во анкетава за кој ќе биде шампион за сезона 2011/2012?????????????????????????????
 
Да, но ако играат екипа од 1 лига и 3 лига, т.е. Работнички во 16 финале ги подмирува трошковите иако игра на гости, значи ова важи за екипи што минатата годиан играле во прва лига.
Па ждрепката е диригирана, носители се најдобропласираните, а неносители се послабопласираните.
И значи носителите играа на гости и плус ги сносуваа сите трошкови. Додека се ова не важи за 1/8 финалето, таму е ждрепка и секој со секого може да падне и се игра дома-гости.
 
Леси се врати Дома!

И на врвот и последен, за многумина Вардар е само еден! Повремениот македонски репрезентативец Влатко Грозданоски, едноставно не сакаше да го изневери своето „црвено - црно” срце, настапувајќи за друг клуб во домашното првенство. Имено на самиот почеток на трансфер периодот, Грозданоски се одлучи да го облече дресот на Работнички, со што предизвика лавина од негодувања меѓу бројните вардарови симпатизери. Неговиот потег беше оквалифкуван како предавство, поради неговите јавни изјави дека токму Вардар е единствената екипа во земјава за која што би настапувал. Сепак во последниот ден од предвидениот рок за трансфери во домашшниот шампионат, Грозданоски ја промени својата првична одлука и се реши да потпише за Вардар, на тој начин докажувајќи ја својата верност кон најтрофејниот клуб во земјава. Со тоа популарниот Влатче, се откажа дури и од настапите во лигата на Европа, само за да се врати меѓу јатото во кое што отсекогаш и припаѓал.

Ваквиот радикален потег на еден од најдобрите фудбалери од средниот ред кои што Македонија ги има во моментов, предизвика бурни реакции меѓу домашната фудбалска јавност. Ваквата вест беше еуфорично дочекана меѓу армијата верни поддржувачи на „црвено црната” боја. Нивните нескриени емоции и поздрави за потегот на Грозданоски не стивнуваат на социјалните мрежи. Оние неутралните, од друга страна пак, се со дијаметрално спротивни гледишта. Нивните реазмислувања одат во насока дека Вардар како ново „владино милениче” демонстрира сила и ги прекршува принципите на коректност на фудбалскиот пазар. Сепак правилата од статутот на ФФМ, велат дека еден фудбалер не може да промени две средини, односно екипи, во рамките на еден ист трансфер период. Оттука, Влатко Грозданоски кој што најпрвин му пристапи на Работнички, нема да има право за настап за Вардар се до септември. Врз основа на тоа, со сигурност ќе ја пропушти првата сезонска пресметка помеѓу овие два клуба, во соседското дерби кое што првично е закажано за 6 Август.

Новото раководство на Вардар, со постигнатиот договор со Грозданоски, го реализираше вкупно деветиот трансфер во овој летен период. Конкретна цел е да се изврши целосна реконструкција на играчкиот кадар, како би се создал конкурентен тим за водечките позиции во домашното првенство, кои што водат во европските купови. Во таа насока, од таборот на “црвено-црните” највуват дека во завршна фаза се преговорите со уште еден поранешен репрезентативец, а воедно и вардаров фудбалер. Во прашање е дефанзивецот Александар Васоски, кој што се наоѓа на крстопат помеѓу кам-бек во дресот на Вардар или евентуален нов печалбарски ангажман во странство.

^
^Ова се дешава само во Македонија и изгледа во некои други банана-држави.... за жал. Е, токму ова е одговорот на веќе постоечката тема Зошто преферирате странски пред домашен фудбал или како и да беше.
 
^ ти во тек си со настаните? гроздановски имаше потпишано аматерски договор и може клубот да го напушти кога сака..
 
Оваа сезона работите како да одат на подобро.
Пред се со главните два тима во скопјево... Дебар Маалскиот клуб - Работнички и срцето на Македонската фудбалска историја- Вардар. Можеби да, Вардар на незнам каков начин купи играч кој наводно имал “аматерски“ договор со Работнички а им настапи на бараж за ЛЕ ама .. тоа е , Македонче си е Македонче.
Сепак, многу ме радува ова, што мислам дека конечно ќе успееме да се вратиме на она ниво што бевме пред 2/3 години, посебно ако Работнички не претстави уште малку повеќе во ЛЕ , со тоа да земе уште некои 90 или пак дај боже 180 000 евра , по тие веќе земени 90 000 од првото коло !
Вардар пред се очекувам да биде прво место, и да се стави крај на ова тетовско-кумановско паганство во фудбалов ... и пред се... да се избрка оној клет Хаџи од ФФМ па да не ни биде лигава по наместена од регионална италијанска лига ..!
Доста ни е од тебе Хаџиристевски... ОДИ СИ!
Македонија има фудбалски престиж, има претензија, може да се врати на она 49 место кое го држеше на Фифа ранкинг листата пред само 3/4 години и можеби и да го надмине!
 
interesna sezona. ke bide...

mislim deka ova sezona ke bide podobra od lanskata sezona...

Shkendija- nisto ne se znae za nas....site cekat da zavrshi i vtorata utakmica so partizan i da gledame do kade ke stignat rabotite....najavuvat deka najdobrite igraci ke idat no ke zemame mnogu pari od sto ke se kupuvat igraci od nadvor od drzavata !
Stoime mnogu dobro vo finansiski plan...se ocekuva i 2ca finansieri od Avstrija da vlagat vo klub osven messi group (segashniot finansier) ! i plus ova sezona Shkendija zemase 330.000 evra sto igrase vo Champions 220.000 evra za shampionskata titula i 300.000 Evra za prodavanjeto na Xhelil Abdulla(http://www.omroepgelderland.nl/web/nieuwsartikel/1025621/Xhelil-Abdulla-bijna-Graafschapper.htm). !
ja mislim deka ova sezona pak ke bideme shampioni...!
ni trabt uste 3-4 zasiluvanja od nadvor i sve ke doaga na svoe mesto...!

za favorit ja mislim deka osven Shkendija ke bide Metalurg zaedno so Rabotnicki..
 
Според мене за титула ќе се борат Работнички, Металург, Шкендија, а сметките можи да му ги помати Вардар.Ова сезона треба да биде многу неизвесна затоа шо има многу екипи кои се речиси исти по квалитет.11 Октомври има солиден тим и би го ставил на средина, ама тука негде се и Силекс,Ренова,Брегалница,Напредок,Турново,Teтекс(премногу касни со подготовките и можно е да имаат проблеми, да се борат за опстанок), Охрид мислам дека е најслаб и сигурно испаѓа. Како и да е, сигурно ќе биде многу неизвесна и се е можно. Со среќа нека му е на сите.
 
Вардар 100% шампион,едноставно никој не може против државата;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom