Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Што сакаш да кажеш дека Дон Хари на поштен начин ги заработува?!Секоја друга екипа после такви санкции (освен Победа) ќе беше избришана од фудбалската мапа во Македонија,погледни што се дешава со Вардар,Пелистер,преживување од ден до ден и тоа без никакви санкции,замисли да беше обратно па што ќе беше тогаш


Зборуваме за ТВ Права!:uvo:

Кој го спомнал Дон Хари, Брацо во врска со Победа!
Тоа е веке друг муабет
 
Зборуваме за ТВ Права!:uvo:

Кој го спомнал Дон Хари, Брацо во врска со Победа!
Тоа е веке друг муабет
Никој не ги спомна,затоа јас ги спомнувам да знаеш како и каде одат дел од ТВ Правата,да видиме само до кога?!
 
Никој не ги спомна,затоа јас ги спомнувам да знаеш како и каде одат дел од ТВ Правата,да видиме само до кога?!


За финансирање на Победа, не сум баш сигурен па и одзгоре па баш од тој ДИЛ како шо го кажуваш. Зашо ја не гледам да Победа нешто направила или па некои пари да се гледаат.
А за помошта да и јас сум од тие кои веруваат дека позади Победа сеуште стои Хари но не со некој Финансирања, туку повеке како местенки!
 
За финансирање на Победа, не сум баш сигурен па и одзгоре па баш од тој ДИЛ како шо го кажуваш. Зашо ја не гледам да Победа нешто направила или па некои пари да се гледаат.
А за помошта да и јас сум од тие кои веруваат дека позади Победа сеуште стои Хари но не со некој Финансирања, туку повеке како местенки!
ќе дојде денот кога све ќе излезе на виделина и тоа ќе биде доста скоро.Немој пгрешно да ме сватиш,немам ништо против тоа помагање но треба и останатите клубови да се помогнат а не да се чека и гледа од страна како пропаѓаат!!!Друго нешто,без пари Бате ништо неможе да се намести,значи тоа твое тврдење за само местенки отпаѓа од комбинација значи мора да има и пари
 
ќе дојде денот кога све ќе излезе на виделина и тоа ќе биде доста скоро.Немој пгрешно да ме сватиш,немам ништо против тоа помагање но треба и останатите клубови да се помогнат а не да се чека и гледа од страна како пропаѓаат!!!Друго нешто,без пари Бате ништо неможе да се намести,значи тоа твое тврдење за само местенки отпаѓа од комбинација значи мора да има и пари


Пари како пари мора да ги има тоа е факт, но погледни им ги условите!

Значи Фудбалери - Плата - ЈОК!

Другите проблеми нема потреба да ги споменувам.

Кога е за помагање спомени го и МИЛАНО, на чкрги и уста на уста со Дон Хари!
 
12 коло, среда, 04.10, 13:00 часот

Ренова - Милано
Металург - Работнички
Слога Ј. - Пелистер
Победа- Хоризонт
Вардар - Силекс
Македонија ЃП - Тетекс

Кај најдоа во среда да се игра. И онака се празни трибините, вака не ни мора да ги отклучуваат.
Вонрендно коло ко во Серија А и Премиер Лига...Харалампие Рулз!:pos2:
 
Харалампие призна дека е "ФАЛШ ПРЕЗИДЕНТ"!
*Собранието во 2007 година немало кворум, а со тое и прилепчанецот немал доверба од делегатите. Тоа значи дека има основа за кривична одговорност на фудбалското раководство
6E640DF5C84F2C478C981FABC552A326.jpg

Две години ФФМ има претседател кој ја нема довербата од делегатите. Две години или поточно од 2007 година и она скандалозно и сомнително Собрание во Струга каде се одлучуваше за доверба на Хаџи-Ристески или бојкот во интерес на Емил Божиновски. Зошто сега го враќаме филмот за цели две години и за случувањат во Струга? Таму Харалампие едвај собра кворум. На собирот му дојдоа 54 делегати!? Еден влезе и веднаш си замина или 53. Но! Сега сме 2009 година. Сега важи истиот статут на ФФМ како и во 2007 година. Како сега ФФМ го чита статутот!? Секое нотарско повлекување на делегат се верификува на Собрание и истиот има право на глас на следниот таков собир откако ќе му биде верификуван мандатот. Така во четвртокот генералниот секретеријат и претседателот Хаџи-Ристески објаснија зошто новиот делегат на ОФС Струмица (Масар Омерагиќ) ќе нема право на глас. Тоа беше и потврда за направениот криминал и голем фалсификат во 2007 година во Струга. Во четвртокот на брифингот во ФФМ Хаџи-Ристески сам се "закопа" и призна измама. Како во 2007 година на ист начин се спасил, а сега не го почитува тоа правило на игра? Но и во октомври оваа година се случува нотарско повлекување од ОФС Куманово за да се верифукува мандат на еден од најблиските соработници на Харалампие. Како за сите оние кои се со фалсификуваниот режим во ФФМ важат едни закони, а сите оние кои се против ги нема на листите.
Да потсетиме каде е направен фалсификатот!? На Собранието во Струга имаше 52 делегати со верификуван мандат и двајца (од ОФС Струмица и од ОФС Скопје) кои го добија мандатот на самото Собрание, кое, пак, брои како што е познато 106 делегати а за работа се потребни 54 делегати. Тоа значи дека Хаџи-Ристески имал двајца делегати помалку и не ја добил довербата од делегатите, а со тоа и сите одлуки кои се направени на тоа Собрание се невалидни. Уште во тоа време собирот и поддршката на прилепчанецот беа сомнителни. Но ете сега се докажува дека ако важат законите важат и за него. Во тоа време Хаџи-Ристески беше под условна казна за измама поради финансиски криминал од 2005 година. Во Струга тој направил нова измама со што органите на власта требало да го гонат и да ја активират затворската казна. Според статутот на ФФМ лице кое е кривично осудувано нема право да биде претседател на ФФМ. Хаџи-Ристески ја сокри таа пресуда и го излажа Собранието кое во 2005 година му го довери вториот мандат. Еве сега се докажуват уште нерегуларности. Последните неколку Собранија на ФФМ поради истите причини и верификацијата на мандатите на делегатите немале 2/3 мнозинство па така сите измени во статутот се нерегуларни.
Чуди фактот што сите оние кои пред две години го спасуваа прилепчанецот сега му го свртеа грбот. На многу фудбалски работници го прочита Харалампие со тоа што некои порано а други подоцна му ја откажуват соработката. Новите факти докажуваат дека со фалсификати и со немање кворум Хаџи-Ристески останал на претседателската фотелја. Одговорност треба да има и за него, но и за неговите најблиски соработници, а најмногу за Лазар Нанев. Тоа е претседателот на општинскиот суд во Кавадарци кој е најмеродавен да ги спроведува законите, а во случајот во фудбалската федерација каде во последниве 8 години тој е еден од главните кои вршпат корекции и дополнувања. Во тоа време речиси сите медиуми му аплаудира на "фалш президентот" а опозиционерите ги нарекоа "пучисти", кои сега излегува дека биле во право и дека ја имале поддршката. Голема одговорност треба да преземат и луѓето од УЕФА и ФИФА, кои во тоа време дојдоа да ги смируват страстите без да знаат каков фалсификат направил нивниот пулен Хаџи-Ристески. Со кое право следеа уцените со суспензии и му наредија на Емил Божиновски да се повлече од зградата на ФФМ. Сега и самиот Хаџи-Ристески во случајот со Омерагиќ потврди дека ја немал довербата од Собранието во 2007 година. Можеби е веќе време во ФФМ да интервенираат државните судски власти кои доволно ја штитат диктатурата на Хаџи-Ристески, кој во овие 8 години стотици пати ги прекрши правилата на игра, а никој не му пресуди за таквите злоупотреби. Има ли крај и до кога Харалампие ќе владее со "фалш" поддршка!?
И. Д. Ивановски

Зошто АМС го штити ФФМ!?
Во целата оваа проблематика околу ФФМ нејасни се ставовите и одлуките на Агенцијата за спорт и млади. Кога треба даваат решенија на ОФС за занимавање со дејност спорт, па на моменти кажуват дека немат ингеренции да се мешаат во матните игри во ФФМ. Ако е тоа така, кој има надлежност да ги контролира случувањата во фудбалот и да укажува на неправилностите и да ги лови фалсификатите!? Кога треба Агенцијата е добра со Хаџи-Ристески иако тој пред своите најблиски соработници напоменува дека ФФМ има свои закони и дека нема да се почитуват одлуките на АМС па така право на глас на 21 ноември ќе имаат и оние ОФС кои немат решенија. Зарем никој од власта не гледа во каков хаос е фудбалот и зарем толку брзо заборавија што им направи Хаџи-Ристески пред пријателскиот меч со Шпанија!?

Денеска Николовски на прес
По двете обраќања пред јавноста на Масар Омерагиќ сега на потег е и другиот фудбалски работник кој се обидува да ја добие довербата за претседателската функција во ФФМ. Благоја Николовски пред неколку недели на прес-конференција ја презентираше својата кандидатура, но и програмата со која се надева дека ќе ги убеди делегатите да гласаат за него.
Денеска, во 12 часот, во хотелот "Карпош", Николовски ќе има нова средба со новинарите.
 
Абе го мешате Брацо секаде , а врска си нема човекот со овие преноси што ги врши А1 тв,мислам дека ФФМ е во преговори со некоја си англиска компанија за тв права,па од наредната година ке има продажба на тв права и за нашето првенство
 
Абе го мешате Брацо секаде , а врска си нема човекот со овие преноси што ги врши А1 тв,мислам дека ФФМ е во преговори со некоја си англиска компанија за тв права,па од наредната година ке има продажба на тв права и за нашето првенство

Можеби ќе има, ако не е Хари на чело на ФФМ. Тој да сакаше нешто да направи и до сега ќе го направеше, а не од наредната година. Инаку парите од ТВ преноси одат за клубовите, па логично е клубовите да се договараат за ТВ права, а не ФФМ. Кај нас клубовите не се организирани. Мутави луѓе според мене. Утре ќе плукаат по судии, федерација итн, а не се способни да се организираат малку.

Во Германија, во зависнот од пласманот на табелата на клубовите, се дели добивката од ТВ правата. Не е лошо така слично да е и кај нас. Тоа ќе бидат мали суми ама мора да се почне од некаде.
Во Србија лигата се вика Јелен (според пивото). Нашиве од ФФМ се обиделе да најдат спонзор на лигата? Не.
Многу е едноставно да организираш едно солидно фудбалско првенство (без разлика каков е квалитетот). Проблемот е во тоа што на некого не му одговара работите да бидат чисти и јасни.
 
Јас мислам дека треба да се направи како што е во Хрватска и во Србија,да си има еден главен спонзор лигата, а и да има здружение на клубовите и тогаш мислам дека работите ке се мрднат од мртва точка и дека ке има одреден еден директен пренос секое коло, имаше покушај за тоа,ама како што кажа ИДМАК мутави луѓе и не знаат да се договорат т.е се под притисок од по се изгледа од Хати
 
Резултати 1МФЛ
Фк Металург Скопје 1-1 Фк Работнички
Фк Вардар 3-1 Фк Силекс
Македонија Ѓорче Петров 1-0 Тетекс
Победа 1-0 Фк Турново
Ренова 4-0 Милано
Слога 1-3 Пелистер
 
Конечно Победа зеде три бода. Сега со Силекс на гости ќе биде тешко.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom