Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Фијаско на Милано. 0-4 губат 50 минута е .:kesa::kesa::kesa:
 
Море нека изгубат 0-10, малку им се 4. Добро им беше со босот а сега не иде, епа не иде...
 
Реално само Работнички има шанса да го преживее прво коло...тоа го предвидив кога беше извлекувањето :toe: само не ми се верува дека Хрвативе им дадоа 4 гола,а со малтежаните на двете утакмици само еден :tapp:
 
земчо брат ич да не те чуди, полоши и од малтежаните станавме :toe:
 
Работнички најверојатно ке биде само во 2 коло според резултатите од првите натпревари . На Крусадерс ке ги тепат мислам дома 2-0(мој тип).
 
Работнички најверојатно ке биде само во 2 коло според резултатите од првите натпревари . На Крусадерс ке ги тепат мислам дома 2-0(мој тип).
И ќе играат со Оденсе од Данска.
 
И ќе играат со Оденсе од Данска.


Важно да го поминат 1 коло,колко толку да го обелат образот на Македонскиот фудбал,бидејки кажи речи сите други се скоро отпаднати.. Горче патува со негатива 0-2,Милано нема ни што да патува 0-4...
 
Сакате оригинален дрес од Влатко Грозданоски, Филип Ивановски, Дарко Тасевски, Панче Ќумбев, Стевица Ристиќ, Ндерим Неџипи, Владе Лазаревски, Александар Бајевски, Остоја Стјепановиќ или Филип Деспотовски? Учествувајте во нашиот натпревар во типување натпревари од Македонската Прва Фудбалска Лига и освојте еден од дресовите кои нашите интернационалци ќе ги доделат на најдобрите прогнозери.

http://www.macedonianfootball.com/200907171441/News/2009/10-Prediction-Competition.html
 
Едно, можеби оф-топик прашање: Постојат ли клубовите ФК Саса од Мак. Каменица и ФК Јака од Радовиш?
 
Македонските клубови го одигра 200. европски меч


Македонија во Европа досега ја претставија 12 тима, а во Скопје гостувале три европски шампиони - Порто (единствен во тоа време и актуелен), Стеауа и Хамбургер




Од 25 октомври 1961 година до четвртокот македонските фудбалски екипи одиграа точно 200 натпревари во европските купови, но како што и ја почнаа европската одисеја, со висок пораз (0-5), така, со уште повисок пораз, и ја заокружија 200-ката (2-8).

Првата европска средба ја одигра Вардар во далечната 1961 година (25 октомври), против шкотски Данфермлајн, на гости, во 2. коло од Купот на куповите. Црвено-црните настапија како победник на Купот на СФР Југославија, во 1. коло беа слободни, а во првиот меч од втората рунда загубија со 0-5. Во реваншот славеа со 2-0.

Стрелец на историскиот прв еврогол за една македонска екипа беше Петар Шулинчевски во 11. минута од таа средба, одиграна на 8 ноември 1961 година во Скопје. Оттогаш најефикасен фудбалер од македонски клуб е Бразилецот со македонски пасош, Дос Сантос Вандеир, со 13 гола, сите постигнати за Вардар (сега настапува за Работнички).

Македонија на Стариот континент ја претставија вкупно 12 тима, и тоа Вардар (убедливо најмногу средби - 60), Силекс, Слога Југомагнат, Победа, Македонија ЃП, Работнички, Пелистер, Цементарница, Беласица, Ренова, Башкими и Милано. Но, вкупниот скор е далеку од позитивен. Половината од средбите, рамно 100, завршија со пораз, а забележани се вкупно 49 победи и 51 реми.
РЕЗУЛТАТИ 6-0, 5-1, 2-8, 0-7...
Најголемиот триумф го оствари Работнички, кој со 6-0 го „скрши“ Сконто Рига. Со по 5-1 славеа Вардар над Етникос Ахна (двапати) и Победа над Спартак Трнава. Кај поразите, пак, со најмногу примени голови помина Милано (2-8 од хрватскиот Славен Белупо), а потоа следуваат со по седум гола во мрежата Македонија ЃП (од француската Бастија со 0-7) и Беласица (2-7 од словенечки Публикум), а Башкими загуби со 0-6 од израелски Макаби ПТ, сите на гости.

На 100-те меча во Македонија гостувале и славни екипи, од нив дури три европски шампиони. Единствен пат актуелен првак гостуваше во 1987 година, кога против Вардар настапи португалскиот Порто во 1. коло од Купот на шампионите (двапати 3-0 за Португалците). Од другите владетели на континентот во Скопје беа и Стеауа (првак од 1986, а против Слога Југомагнат играше во 2001 - 0-3 и 1-2, во 2. квалификациско коло за ЛШ) и Хамбургер (првак од 1983, а против Победа играше во 2005 - 1-4 и 1-4 во 2. коло од Интертото Купот).
САМО ЕДНА ПОБЕДА НАД ВЕЛИКАНИ
Од тие што триумфирале во сега непостојниот Куп на куповите или во Купот на УЕФА во Скопје играле Парма (против Победа), Хамбургер, Шалке (против Вардар), Борусија Менхенгладбах (против Силекс), Рома (против Вардар) и ЦСКА Москва (против Вардар).

Други попознати тимови што биле противници на македонски се француските Бордо (Вардар), Бастија (Македонија ЃП), Лил (Работнички) и Ленс (Цементарница), белгиските Клуб Бриж (Силекс) и Стандард (Вардар), чешката Спарта Прага (Вардар), италијанската Перуџа (Победа), шпанската Селта Виго (Пелистер), руската Локомотив Москва (Работнички) и англискиот Болтон (Работнички).

Во дуелите со славните тимови победа е остварена само над ЦСКА Москва (2-1, и тоа на гости), а се ремизирало со Бордо (1-1 на гости), Спарта (2-2 на гости), Рома (1-1 дома), Клуб Бриж (0-0 дома), Перуџа (0-0 дома), Локомотив (1-1 дома) и со Болтон (1-1 дома).

Сезонава македонските клубови ќе стигнат најмалку до 202. меч во својата историја, оти на Работнички му претстојат најмалку уште два меча, во следните две недели, против дански Одензе.

Ја очекуваме јубилејната 50. победа.



Значајни датуми

25 октомври 1961 - прв меч (Данфермлајн - Вардар)
8 ноември 1961 - прва победа и прв гол (Петар Шулинчевски)
30 септември 1987 - првпат гостува европски првак (Порто)
10 август 1995 - прв клуб во Европа, а да не е Вардар (Силекс)
23 јули 2009 - 200. меч (Славен Белупо - Милано)




Високи гости во Македонија
КЛУБ УСПЕСИ
Порто европски првак
Стеауа европски првак
Хамбургер европски првак
Парма КПК еднаш, УЕФА (2)
Борусија (М) УЕФА (2)
Шалке УЕФА (1)
Рома УЕФА (1)
ЦСКА Москва УЕФА (1)
Клуб Бриж Белгија (13), финале КЕШ и УЕФА
Стандард Белгија (10), финале КПК
Бордо Франција (6), финале УЕФА
Бастија финале УЕФА
Лил Франција (2)
Ленс Франција (1)
Спарта Чешка (12)



Вкупен скор на македонските тимови

200 меча 49 победи 51 реми 100 порази
 
Ајде сме израмниле на 100 порази и очекувам уше 10 меча да не се мрдне таа бројка ... а сега со Одензе да мавнеме 1 победа и 1 нерешена.... и Работнички да не донесе повторно до таа фаза во Европа лигата барем ко лани во Уефа прво коло:smir:
 
Високи гости во Македонија
КЛУБ УСПЕСИ
Порто европски првак
Стеауа европски првак
Хамбургер европски првак
Парма КПК еднаш, УЕФА (2)
Борусија (М) УЕФА (2)
Шалке УЕФА (1)
Рома УЕФА (1)
ЦСКА Москва УЕФА (1)
Клуб Бриж Белгија (13), финале КЕШ и УЕФА
Стандард Белгија (10), финале КПК
Бордо Франција (6), финале УЕФА
Бастија финале УЕФА
Лил Франција (2)
Ленс Франција (1)
Спарта Чешка (12)
A kaj ti e celta vigo vo spisokov. Pa pelister igrase so niv a ti si gi zaborail:vozbud:
 
СПОРЕД ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ФУДБАЛСКА СТАТИСТИКА И ИСТОРИЈА

Нашата лига е 96-та од 100 рангирани во светот!

Уште еден удар за сите во мак-фудбалот. Според интернационалната федерација за фудбалска статистика, нашата Прва лига од 100 рангирани земји се наоѓа на 96. место, па со право некои не нарекуваат егзотична фудбалска земја. На оваа листа нашата лига е само пред онаа на Финска, Автралија, Индија и Никарагва. Можеби овој податок е вчудовидувачки, но во исто време и малку нелогичен. Имено барем две од овие лиги се поквалитетни од нашите, а замислете пред нас се Уганда, Мадакаскар, Зимбабве, Мали...Исто така со право се прашуваме според кои критериуми оваа интернационална федерација ги рангира националните шампионати. Имено, и на самиот врв има големи нелогичности. На првото место е англиската Премиер Лига, следи лигата во Бразил, како трета е аргентинската а четврта е германската Бундес Лига. Петта е шпанската Примера, па потоа италијанската. Во првата “десетка“ се и француската, чилеанската, украинската и парагвајската.
Од Балканските земји, грчката е на 25. место, албанската на 62. место, бугарската 76., хрватската 77., словенечката 81., српската 84 и сосема за крај нашата лига, која како што веќе рековме е на 96. место во светот.

Извадок: Спорт
 
Se dodeka e HaraLampanje vo celo na ffm ne e cudna statistikata.
Prasanje: Ako Rabotnicki odi ponatamu,vleguva u Uefa grupite,ili ima uste 4 kolo.Prasam posto promenija nesto pravila,pa zatoa:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom