Вујчиќ: Македонската фудбалска лига е голема
Со намалена лига квалитетот ќе биде концентриран и натпреварите би биле поинтересни, вели Вујчиќ, претставник на компанијата за ТВ-права „Спорт фајф“
Македонската фудбалска лига е голема и прво што треба да се направи е таа да се намали. Кога може во Австрија да се игра со 10 екипи, зошто да не може и во Македонија, вели Слободан Вујчиќ, претставник на компанијата за ТВ-права „Спорт фајф“.
- Со намалена лига квалитетот ќе биде концентриран и натпреварите би биле поинтересни. Хрватска, која пред неколку години одлучи да ја зголеми лигата на 16 екипи, од оваа година во неколку фази ќе ја намали на 12. Македонскиот шампионат никако да излезе од многубројните импровизации. Но УЕФА бараше да се воведе лиценцен систем, па потребно беше да се плати една котизација, и тоа на двапати по шест илјади евра, па веднаш почнаа проблемите. Тоа, пак, е доказ дека нема пари - вели Вујчиќ.
Тој вели дека единствен спас за фудбалот во Македонија е вложување во националното првенство и во младите фудбалери. Тоа морало да биде приоритет број еден.
- Мислам дека најголем интерес мора да предизвикува домашното првенство. Во Германија не можете бесплатно да следите натпревари од другите европски првенства. Таму имаат „плати па гледај канали“, па кого што го интересира тоа нека си гледа. За германскиот граѓанин е интересна германската лига. Овде и вам подраго ќе ви биде да гледате некој Георгиевски, Наумов или Рамадани, иако секогаш има луѓе што ќе сакаат да ги гледаат мечевите на Реал, Барселона, Манчестер... - смета Вујчиќ.
Неговата компанија, германскиот гигант „Спорт фајф“, работи со продажба на ТВ-права. Вујчиќ вели дека националното првенство мора да оди на малите екрани.
- Зошто национална телевизија да пренесува натпревари од странските првенства, а да не ги пренесува мечевите од домашниот шампионат и да ја афирмира македонската лига? Некогаш МТВ беше единствена и имаше монопол. Верувам дека сега МТВ со една добра соработка е во можност да направи нешто за македонскиот фудбал - вели Вујчиќ.
Тој тврди дека ситуацијата во македонскиот фудбал и воопшто во спортот не е розова.
- Нема пари, нема инвестиции во фудбалот, како и во другите спортови. Со импровизации и со аматеризам тешко дека ќе се дотурка далеку во Европа. Ракометните клубови што ги водеа Трифун Костовски, Михајло Михајловски и сега Минчо Јорданов постигнаа резултати благодарение на одличните спонзори што стоеја зад тие клубови. Да се врати некоја фабрика во погон треба многу повеќе средства и време, отколку кога тој процес би се одвивал непрекинато. Најголема е вината кај оние што по секоја цена сакаат да ги водат клубовите, без разлика што тоа би довело до пропаст - смета Вујчиќ.
Не сум поврзан со „новиот“ Вардар
- Гласините за моето инволивирање во „новиот“ Вардар се чиста шпекулација. Клубот мора хемиски да се исчисти од сите аномалии, за потоа да трне кон подобро. Добар Вардар, силен Вардар посакуваат сите вистински љубители на фудбалот - одговара Вујчиќ на сите шпекулации дека стои зад новото раководство на Вардар.
Автор: Мирко Постоловски
--- надополнето ---
МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ ЈА КОРИСТАТ СЕКОЈА МОЖНОСТ ЗА ДА ЗАМИНАТ ВО СТРАНСТВО
Нема леб од македонскиот фудбал
Младите фудбалери по секоја цена се обидуваат го напуштаат македонскиот фудбал. Трендот, кој пред десетина години го почнаа Горан Пандев и Аце Стојков кога на 16-годишна возраст заминаа на усовршување во Интер, уште повеќе се засили во изминативе неколку години. Нов бран млади и талентирани фудбалери, но се уште недокажани во домашното првенство, бараат начин да побегнат надвор од земјава, каде што условите за фудбалски развој се далеку подобри. Стефан Ристевски од Вардар пред една година замина во Парма, Дино Најдоски за нов клуб ја одбра швајцарската Белинцона, а најново е дека и Иван Настевски ги пакува куферите за да стане нов член на Борусија Менхенгладбах. Претходно, дваесетгодишниот Марјан Алтипармаковски од Пелистер замина во Ксанти во Грција, Стефан Спировски замина во Борац Чачак, а Филип Петров во Хабитфарм Јавор во српското првенство. Најексклузивен беше трансферот на Бесарт Ибраими, кој во зимскиот преоден рок потпиша за Шалке, но не успеа да се избори за минутажа во првиот состав, па во новата сезона ќе игра за вториот тим на бундеслигашот од Гелзенкирхен.
Ставот на младите фудбалери е дека секаде е подобро отколку во Македонија. Фактот дека заминуваат по секоја цена, со надеж дека таму хоризонтот нуди поголеми можности, е навистина поразителен. - Во Македонија младите фудбалери немаат перспектива, клубовите се наоѓаат во катастрофална финансиска ситуација и воопшто не е чудно што желбата на играчите е што побрзо да ја напуштат Македонија. Прво, на личен план ќе напредуваат како фудбалери многу повеќе бидејќи за младите генерации секаде се води сметка, освен кај нас, и второ, доколку се покажат, финансиски ќе поминат многу подобро отколку овде - вели поранешниот фудбалски репрезентативец, Артим Шаќири, кој во текот на својата кариера играше во многу европски држави, а сега го изучува тренерскиот занает. Односот на клубовите и на федерациите во странство кон младите фудбалери е многу поинаков. - Не може ниту да се спореди со нашата состојба. Во Европа сите клубови водат сметка за својот подмладок. Погледнете го само Ајакс, кој постојано произведува светски фудбалски ѕвезди. Но, можеби е тоа и предобар пример за нас. Во Шведска, каде што играв долго време во текот на кариерата, работата со младите категории е приоритет. Условите во кои работат се фантастични, а потоа како готови играчи Швеѓаните ги продаваат во Холандија и во Франција - истакнува Шаќири. Трагично е што младите фудбалери од Македонија се одлучуваат да заминат во странство, иако таму воопшто во прво време не ги очекува некоја голема финансиска заработка. Шаќири го објаснува тоа со желбата за надградба во „нормални“ фудбалски услови затоа што во Македонија истите се под секаков минимум. - Сметам дека младите заминуваат, пред се, заради своја фудбалска надградба бидејќи во Македонија, со вакви услови за работа, напредокот едноставно е невозможен. Тоа е првата опција, во која парите се во втор план. Има и втора опција, која вели дека некој им ја полни главата на младите фудбалери дека во странство веднаш ќе заработат милиони. Факт е дека ниту еден клуб не дава големи пари се додека фудбалерот не наполни 18 години и не го докаже својот талент и во сениорска конкуренција - дополнува Шаќири. Македонија на овој начин само губи на фудбалски план. Во Србија, Албанија, БиХ, Хрватска, секаде е подобро отколку во Македонија, каде што фудбалот продолжува да пропаѓа се подлабоко и подлабоко. - Тоа е повеќе од точно. Овде никој не се грижи за младите играчи. Нема квалитетни фудбалери во првите тимови, нема ѕвезди, нема публика на стадионите, едноставно нема фудбал. За жал, таква е состојбата и мора реално да и се погледне в очи затоа што само така може да се направи барем мал чекор напред. Во спротивно, со вакви сфаќања и со вакви луѓе на чело на македонскиот фудбал, напредок нема да има - заврши прославениот македонски фудбалски ас.
--- надополнето ---
ПРВА МФЛ 04 КОЛО 21.08.2010 година во 17 часот
Пелистер - Брегалница
Главен судија Маркоски Марјан - Охрид
1 асистент Ртоски Дејан – М. Брод
2 асистент Чакарески Лазе - Струга
КОНТРОЛОР Камчев Благој - Кавадарци
4 судија Ецкоски Марјан - Охрид
Работнички - Тетекс
Главен судија Стојанов Стојанче - Штип
1 асистент Караколев Никола - Штип
2 асистент Иванов Сашо - Штип
КОНТРОЛОР Хаџипази Алилерџан - Гостивар
4 судија Јакимовски Дејан - Скопје
Металург - Шкендија
Главен судија Спиркоски Горан - Прилеп
1 асистент Димески Љупчо - Прилеп
2 асистент Костоски Зоран - Прилеп
КОНТРОЛОР Димовски Петар - Битола
4 судија Смилкоски Марјан - Прилеп
Силекс - Напредок
Главен судија Мантев Петар - Неготино
1 асистент Данилов Тони - Неготино
2 асистент Гонев Илија - Неготино
КОНТРОЛОР Димитровски Димитар - Скопје
4 судија Темелков Зоран - Кавадарци
Ренова - Скопје
Главен судија Вељановски Петар - Битола
1 асистент Лозаноски Злате - Битола
2 асистент Клочовски Васко - Битола
КОНТРОЛОР Ристески Марјан - Кичево
4 судија Костенчев Никола - Скопје
Хоризонт Турново - Вардар
Главен судија Ѓорѓевски Далибор - Куманово
1 асистент Салихи Бурхамедин - Куманово
2 асистент Николов Гоце - Кратово
КОНТРОЛОР Стојанов Стојан - Валандово
4 судија Стефановски Орце - Кратово