Металург славеше убедливо против Скопје, Брегалница подобра од Шкендија, Силекс во финишот го победи Вардар, Ренова и Турново одиграа без голови.
Денеска на програмата беа четири натпревари од првата македонска лига.
Металург убедливо со 3-0 славеше против локалниот ривал Скопје.
Резултатот го отвори новото засилување Клчекаровски во 26та минута, Крстев во 57та минута зголеми на 2-0, конечните 3-0 беа дело на Костенцоски во 86та минута.
Скопје натпреварот го заврши без својот тренер Љупчо Марковски - Калц, кој доби црвен картон во 60та минута поради непрофесионално однесување.
Брегалница го доби својот прв натпревар во првата лига после долго време, Штипјани ја победија Шкендија на свој терен пред повеќе од 3000 фанови.
Брегалница славеше со 2-1, головите за домаќините ги постигна Новаков во 26та и 78та минута, Нафиу во 84та реализираше за почесен гол за Шкендија.
Вардар не издржа во Кратово, пред последниот свиреж на судијата, Темелков постигна гол за победа на Силекс од 1-0.
Шампионот Ренова одигра без голови 0-0 на свој терен против тимот на Хоризонт Турново.
Превземено од: macedonianfootball.com