Моќници на ФФМ местеле натпревари
Колку фудбалската мафија го уништува рејтингот на македонскиот фудбал? На што се се имуни местачите на натпревари?
Спровеле ли Хаџиристески и ФФМ за наместени натпревари дисциплински мерки поради вмешаност во аферите, или наместо тоа, истите актери кои учествувале во лажирањата се уште се на видни функции во Фудбалската федерација.
Уште пред две години фудбалскиот судија Илир Сеља ја отвори својата душа во јавноста.
„Судам Победа - Вардар. Господинот
Беким Баута од Струга до 4 ипол сабајле ме држеше во кафена „Св. Ѓорѓија“ во Струга. Ми вели дека Победа мора да тепа со Вардар. Јас прашувам како да го изведам тоа, ми наведе некои работи дека мора да тепа Победа - ти ќе станеш голем човек, голем судија. Со тешко срце ги сфатив тие работи од г. Баута, и ден денес душа ме боли за таа утакмица, јавно сум се извинувал на Вардар, тепаше Победа 3-2“, изјави за „Сител“ Илир Сеља, фудбалски судија.
Ова местење на Сеља не му се случило прв пат, раскажува, претходно според него поранешниот потпретседател на ФФМ Реџеп Беџети, му порачал дека дека натпреварот Цементарница - Силекс мора да заврши со победа на Цементарница. Така и било.
И покрај ваквата судиска кариера, Сеља сега е голем човек во македонскиот фудбал. Судиската организација го назначи за контролор на судење, тој ги оценува судиите како судат. А Беким Баута кој според Сеља ги дал инструкциите за местење на натпреварот Победа - Вардар, сега е член на УО во највисоката фудбалска институција во државата.
И додека ФФМ молчи, УЕФА му објави војна на организираниот криминал во фудбалот и огромниот број лажирани натпревари во Германија, Шпанија, Италија, речиси во цела Европа.
Во истрагата на УЕФА и Интерпол не е поштедена ниту Македонија.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117120