Слаба е Брегалница, затоа и го кажав тоа

Ние ако сакаме опстанок мораме да победуваме на натпреварите против ваквите екипи, односно екипите со квалитет сличен на нашиот
Како може да бидеме љубоморни на Шкендија, банана-клуб од рангот на Турново!? Уствари тоа беше голем клуб со традиција, клуб кој беше забрануван од комунистите!? :tv: Па сите вие т.н. баљисти до вчера навивавте за ренова (за тие што не знаат македонско челзи), одевте на нивни натпревари, се фалевте како на нивни натпревари сте тепале македонци, за наеднаш и преку ноќ да почнете да викате дека тие биле селски клуб со селски навивачи, газдата да го нарекувате Идризович итн. Јас оддамна ви кажав дека вие заедно со Металург најдобро ја искористивте оваа ситуација во македонскиот фудбал па ете почнавте да бележите некакви резултати, а со ваков ростер на играчи пред неколку години немаше ни помеѓу првите 7-8 екипи да завршите, тоа е факт.
На крај, го чекам моментот кога Шкендија ќе нема никаква игра, кога ќе губи од некој "аутсајдер" на домашен терен, па тогаш ќе се навратиме на разговоров... Знаеш што ќе се случи тогаш!? Она стандардното ваше, ќе почнете со притисоците кон судии, гостински играчи, ќе почнете да тепате итн. Далеку сте вие од навивачи и сериозен клуб, а набрзо и ќе го дознаете тоа.