Македонските хакери им вратија на бугарските

  • Креатор на темата Креатор на темата 436053
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
69
Возраст
39
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.fenster.mk
Незнаев дали ова треба да го ставам тука или во политика и вести,како и да е еве ја веста:
Црвенковски и Прванов војуваат на Интернет
prvanov-1.jpg

prvanov-2.jpg

Македонски хакери го нападнаа официјалниот веб-сајт на бугарскиот претседател Георги Прванов, како одмазда за хакерите што на 21 јануари поставија текст на бугарски јазик на страницата на македонскиот претседател Бранко Црвенковски.

„Имаме силни докази дека нападот врз македонскиот претседател беше план, нарачан и платен од бугарската влада, а го изведе хакерската група ТИМ ЛЗО. Трансферот на парите е направен преку „Прва карипска банка“, а крајната дестинација на парите е во Лос Анџелес“, пишува во текстот објавен на сајтот на бугарскиот претседател под кој е потпишана групата Македонски обединети сили.

Во директното писмо до Прванов тие се извинуваат за криминалниот упад на веб-страницата, велат дека на тоа биле присилени и дека се подготвени да војуваат на сите фронтови во „виртуелно и реално време“.

Хакерите му порачуваат на бугарскиот претседател дека ова може да заврши ако бугарската влада ја запре војната на Интернет што таа ја почнала.

„Ако ова писмо не го сфатите сериозно и нападите не престанат, имаме моќ и ресурси да го кренеме ова на повисоко ниво. Тоа значи дека бугарските компании нема да имаат сигурен бизнис во Македонија, бугарските дипломати ќе бидат напаѓани и дури убиени, а бугарската амбасада уништена“, се закануваат хакерите.

Пред неполн месец бугарските хакери на сајтот на Црвенковски поставија текст насловен со бугарското национално мото „Во обединувањето е силата“. „Велите дека се стремите да влезете во ЕУ, а во исто време продолжувате со некакви глупави лаги. Не заборавајте дека соединувањето не прави посилни. Да не ве потсетуваме во иднина на ова“, му порачаа бугарските хакери на Црвенковски.

Текстот на страницата на Црвенковски беше поставен на бугарски јазик. Македонските хакери му пишаа на Прванов на англиски јазик.

С.С.
извор:vreme.com.mk
 
хахаххахаах така и треба има да се знае која е МАКЕДОНИЈА
 
Само така да продожат
Do not mess with Македонија
 
Абе ова МАКЕДОНЦИВЕ биле закон,така само напред хакирајте што можете повеќе ја имате нашата подршка. :zlo:
 
Малце претерале со ”убивање дипломати” ... и такви заебанции... звучи као.. ”Ќе вииш ти!” ... иначе браво што им пишале ”извинување за криминалниот упад’, и на англиски ...
 
BRAVO NASI SAMO TAKA!!!!!!
samo tie mozet da hakiret a????
 
Аи незнаев дека и ние сме имале опасни хакеришта:pos2: браос!
 
1:1
ке видат турците...ова бугарите (ор ватевр) второ полувреме:zlo:
 
^MooN_RideR^ напиша:
хахаххахаах така и треба има да се знае која е МАКЕДОНИА
Очигледно ти не знаеш која е МакедониЈа. :wink:
Убаво им направиле, ама не е убаво во секој случај. Не ни требаше да почнат Бугарите да се заебаваат... Сега се израмнети во правење бељи. Ако продолжат Бугарите - ова нема да има крај.
 
Не е убаво ни тоа ни тоа, треба да престанат овие глупости. Ама Бугарите ако не почнат, кој ќе почне (и не верувам дека ќе застанат)?
 
Kontra udar

Реванш - Македонски хакери направиле упад на сајтот на бугарскиот претседател Прванов
sajt%20prvanov.jpg
Македонски хакери тврдат дека на втори февруари извршиле упад на официјалната интернет страница на бугарскиот претседател Георги Прванов и дека го поставиле овој текст. Во него жалат за криминалниот акт, но велат дека тоа го прават од реваншизам поради сличниот упад на интернет страницата на македонскиот претседател Црвенковски во јануари. Во текстот уште тврдат дека имаат силни докази дека упадот на сајтот на Црвенковски бил испланиран, нареден и платен од бугарската влада со бугарски државни пари. Македонските хакери на претседателот Прванов на англиски му напишале - ако ова писмо не го сфатите сериозно и нападите не престанат, имаме моќ и ресурси да го кренеме ова на повисоко ниво. Тоа значи дека бугарските компании нема да имаат сигурен бизнис во Македонија, бугарските дипломати ќе бидат напаѓани и дури убивани, а бугарската амбасада уништена, напишале хакерите. Од кабинетот на бугарскиот претседател Прванов демантираат дека македонски хакери извршиле упад на неговиот официјален сајт.

Каква промена, значи на сајтот на претседателот Прванов немало пристап?

„Не, не е точно тоа немало пристап до сајтот на претседател“, велат од кабинетот.

На 21 јануари беше направен упад на сајтот на претседателот Црвенковски. Текстот на бугарски јазик беше насловен – „Во единството е силата“, а настанот дојде по инцидентот на спомен-плочата на Мара Бунева. Од „МТ Нет“, каде што е хостирана страницата на претседателот Црвенковски, презеле дополнителни мерки за заштита на страницата на претседателот.
 
Acid напиша:
Очигледно ти не знаеш која е МакедониЈа. :wink:
Убаво им направиле, ама не е убаво во секој случај. Не ни требаше да почнат Бугарите да се заебаваат... Сега се израмнети во правење бељи. Ако продолжат Бугарите - ова нема да има крај.




Хаха не приметив сега ке сменам :vozbud: никој не знае,никој не чуја затава кути си :pos2::pos2::pos2:
 
trebalo cutenkata kako bugarite....
ne priznavaat deka bile napadnati
nie sami si se ispofalivme....
:)))))
cuti i praj gi krs
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom