- Член од
- 13 октомври 2007
- Мислења
- 3.175
- Поени од реакции
- 434
ЧУКШ БЕ ТРОЛОВИ ТАТАРСКИ !!!! ЕВЕ ЗАШТО НЕ ДАВАТЕ ДА СЕ СНИМА !!!! БЕЗ ПРИКАЗНИ ,ЈАСНО Е ...
Хамарберг со остри забелешки кај Борисов за Македонците во Бугарија
Комесарот за човекови права во Советот на Европа, Томас Хамарберг, со остро писмо до бугарскиот премиер Бојко Борисов, укажува да се применат неговите препораки од февруари годинава, за положбата на етничките и религиозните малцинства.
Во писмото, Хамарберг го повторува барањето да биде целосно и ефективно заштитена слободата на здружување и собирање на македонското малцинство, во согласност со одлуките на Европскиот суд за човекови права.
Потсетува дека е загрижен за извршувањето на пресудите во однос на регистрацијата на “ОМО Илинден – Пирин“, нешто што се уште се набљудува од Комитетот на министри во Советот на Европа, а и за што има нови поднесени тужби во Судот во Стразбур.
Хамарберг му повторува на Борисов дека го повикува ефективно да ги заштити малцинските групи и териториите во кои живеат.
-Слободата на етничка самоопределба е главен принцип врз основа на кој демократските плурални општества треба да се засноваат и кој треба да се примени врз сите етнички, јазични и религиозни малцинства, му укажува Хамарберг на Борисов.
Во одговорот на четири страници, Борисов се осврнува на случајот “ОМО Илинден – Пирин“ во последниот пасус, без притоа да спомене македонско малцинство.
Борисов го убедува Комесарот за човекови права дека бугарските власти ги примениле препораките, а детални информации биле обезбедени на јавните настани организирани од “ОМО Илинден“ и “Омо Илинден – Пирин“ во минативе две години. Тоа јасно покажувало дека споменатите асоцијации целосно го уживале правото на собирање во согласност со законот.
Борисов убедува и дека бугарските власти им давале поддршка на овие организации за социјални и културни активности.
Македонците во Бугарија негираат дека имаат поддршка од властите во Софија, бидејќи во септември годинава не смееле да истакнат ниту знамиња, ниту симболи на собир во Благоевград.
-Значи, писмото на господинот Хамарберг зборува за признавање на македонското малцинство - за правото на самоопределување, за правото на регистрирање, односно регистрација на друштва и право на мирни собирања. Премиерот Борисов ги игнорира првите две работи и се фокусира, само на едно, право на мирно собирање. Значи, со тоа тој директно признава дека првите две воопшто не се почитуваат, а тоа е и факт, бидејќи ниту една од споменатите организации не е регистрирана според бугарскиот закон. За тврдењето дека ни давале поддршка, тоа едноставно е смешно. Јас не знам што тој мисли под поддршка, бидејќи присуството на полиција на јавни манифестации е задолжение на државата и не претставува никаков вид помош, изјави Стојко Стојков од “ОМО Илинден – Пирин“.
Од одговорот на Борисов се покажувало дека Бугарија продолжува со праксата да остане глува на препораките од Стразбур, забележуваат од “ОМО Илинден – Пирин“.