Македонскиот народ е пред демографска катастрофа

Многу ми е гајле ќе ја продадам куќава на Албанец -рекле пред 30,40,50 години сигурно и некојси Македонци таму од Тетово,Гостивар,Струга,Чаир.Последиците еве ги денес.Во тие средини Македонците се малцинство и животот не им вреди 5 пари.
Не само за ова.Со тоа "многу ми е гајле" и за многу други работи стигнавме до ова дереџе.


Еве јас сум од Чаир и не би чекал 2 минути, кога би имам шанса да се преселам. Зошто? Епа зошто семејството ми е приоритет пред тоа дали Македонците ќе бидат мнозинство или малцинство во некој дел од Скопје.. Во Чаир метар квадратен е околу 700 евра отприлика, во другиве населби околу 1000 евра. Епа ајде патриоти продајте ги двособните станови од другиве населби и купете трособни во Чаир. Утре кога некој ќе крши , ќе урла, ќе пука, ќе менува имиња на училишта, не се секирајте груевски ќе и даде рок од 8 дена да се поправат.

Еве ви стар мој пост од март 2012.

Менувам двособен стан во Чаир за еднособен во Аеродром.

57,19 и останатите автобуски линии ви се на 50 метери, плус одличен поглед од тераса кон самата автобуска. Сите Албанци се староседелци ,освен тие што не се, и сите Македонци се пензионери. Артан Груби од село Ружни е малку подоле, ретко доаѓа во мало, само еднаш го видов кога ни рече дека не може ние да играме кошарка а децата од 5 години да чекаат. Фин дечко, сега дури и во влада бил.

За паркинг проблем прават само тие трите згради на диво што ги изградија, ама и така тие се празни, народот е на печалба по Белгија, кај братучет му у Цирих и така. Иначе по улиците нема гужва, некогаш се прави колона од неколку возила кај тој семафорот кај амбулантата, ама само ако некој стои на црвено. Обично застануваат ако има полиција, ама тоа е многу ретко.

Во 2001 немаше проблеми, сите Косовари што дојдоа пред тоа отидоа на шар планина. Тогаш бев мал и мама ми рече дека и тато е таму, само он е малку подоле, комшиите не го сакале горе кај шумата. Има многу училишта во околина, викаат од следната година ќе носеле имиња на некои добитници на Нобелова награда за мир или поети ќе бидат. Од роба може се да се најде, еден другар ми викаше исто како да живееме во Амстердам, само што сме немале канали со вода. Не знам дали мислеше на тој каналот што постојано се затува и цела улица ја поплавува, не го разбрав баш точно. Сега кога се топеше снегот, не одев по патеката страв ми беше од кучињата и цел се направив жива вода зошто прст пред око не се гледаше. Немаше струја, викаат изгореле некои кабли, многу се трошело струја. А баш приметив пред да се запали трафостаницата, сите комшии имаа отворено прозори ич не и беше ладно, иако скалите беа смрзнати зошто прозорите од влезот се скршени па морав да фрлам сол. Може па се топлат на дрва што ги сечат од планиниве и така на Јонус му ги носат без пари.

Може замена за станот и за автомобил, само да не биде црвен голф, сите ќе мислат дека јас сум бил тој што од ист таков пукаше пред некоја недела. Не можам да дочекам да се преселам, мајка ми секој ден ми вика да ја испратам тетка ми до дома, зошто децата се плашеле од нејзе кога поминувала. Може на тоа детето што ја удри со топка снег по глава не требаше да му рече нешто. И она мислам го продава станот.

Не е итно, само додека не ми стигнат документите од амбасада.
 
Зошто тогаш во Шведска, Данска, Германија, Британија, Франција, богати капиталистички земји многу семејства чуваат само куче?.
Премногу сме различни со тие земји во било кој поглед, затоа е споредбата малку сложена. Ако живееме како швеѓаните, данците, германците...нема да опстанеме ни една недела со парите. Предолга е листата, не е само менталитет или обичаи, се работи за многу банални секојдневни нешта кои не делат од нив. Варење мармалад, ставање 60-80 кила зелка, жива туршија, печени пиперки, патлиџани и тиквици во замрзнувач (некој става и ајвар)...сигурно не ни се дел од омилените спортски активности:) Ама затоа е поефтино, посебно ако производите се добар дел од бавча, како што е и случај со повеќето семејства.
Кажи ми ти мене како сега со тој бран на поскапување сите аранжмани за одмор беа исполнети 3 месци унапред, како со тој бран на поскапување се купуваат коли до 7 000 евра, како со тој бран на поскапување никој не го откажа интернетот, двата мобилни телефони, кладење по 5 пати дневно, идење на кафе 2 пати дневно, шопингот во Солун и други работи.
Од 500 илјади домаќинства од кои околу 150 илјади во Скопје, нормално е прво што ќе забележиме се овие нешта. Иако тие во никој случај во западниот дел од Европа не се сметаат за нешто невообичаено или луксуз, нас сеуште некој сака да не задржи заглавени во 19 век кога најголем успех било да се посети некоја паланка. Еден екс-форумџија за ова ќе каже - ако одиме во болница ќе мислиш дека сите се болни, ако одиме на гробишта ќе помислиме сите испоумреле. Гореспоменатите трошоци кај нас ги прават една иста група луѓе (мислам дека имаше негде тема групи по висина на приходи каде ќе видиш дека тоа се прилично мал %). А што со другите?
Чим можат рамковните може да исчуваат по 7 деца може и некој Македонец да исчува 3 деца. Има и богати...
Според тебе економската состојба на граѓаните не е причина за број на деца. Затоа те прашав. Клучниот збор е мнозинство, а во твојот пост пишува за поединци или случаи.
http://www.stat.gov.mk/Publikacii/2.4.12.03.pdf
Најголем % примања се во групата 10-12.000
 
1.Како не дадов предлог ти дадов предлог најмудриот, нај експртскиот член на форумот и твој драг компањон Леандра, да направи предлог решение и да го однесе во парламент, кај можам јас да се рамнам со Леандра јас сум само 6 месеци на форум она е преку 5 години признаен и почитуван член така, да се правам попаметен и по експерт од Леандра не доаѓа во обзир. Плус малце педерски е ни 10 лајка ми немаш ставено кај мене за разлика од леандра кој се бројат во 100 тици лајка и од мене да бараш предлог. Зар не е иронија од човекот кој што повеќе ставови ти се допаѓаат од не го да не бараш предлог, а да бараш предлог од мене што очигледно скоро за ништо не се согласуваме.
2. Благодарам:)
ќе го каеш предлогот твој или ќе го дрвиш со леандра :)
Иначе нормално е народот да ти пишува Не ми е гајле коа државата со проектов 2014 ги утепа и оние малце патриоти што ја сакаа државата.Да не зборам и за местениките со албанците во кој максимално не понижија до степен од патриот да ми е срам да се кажам како Македонец,мислам на кале,вадење лисици пред камери,амнестијата,пропаднатиот попис,тепачките по автобуси кај што единствените деца Македонци што имаа муда да вратат лежеа во притвор...И на крај се испосраа и со законов за бранителите.
Ја секако си ја сакам државава,само мојот живот и семејството секогаш ќе ми биде на прво место.Оваа држава и народ не заслужува луѓе кој ќе го дадат животот за неа.
 
Зошто тогаш во Шведска, Данска, Германија, Британија, Франција, богати капиталистички земји многу семејства чуваат само куче?Посебно во Германиј?И тие ли немаат пари да чуваат 3 или 4 деца?И на нив ли им треба пресметки како да подигнат 3 деца кога Германија фрла ненормални пари за трето и четврто дете.Факт е дека преку медиуми, серии ни се наметнува некој стил на живот и мозокот ни се програмира на 2 деца.Ако имаш 3 или 4 деца тогаш околината веќе те декларирала како “сељак“, а твојата жена како“роб“ само , затоа што Саманта во “Сексот и градот“ немала деца :)
--- надополнето: 5 ноември 2012 во 19:50 ---

Денеска мнозинството девојчиња се сметаат за еманципирани и образовани, а незнаат да сврзат муабет повеќе од Фејсбук, шопинг во Солун и какви маска за лице ми стои најдобро.Ако за тебе еманципирана жена е 70% од девојчиња на големо да рекламираат цицки и напрчени усни, тогаш јас да и се посерам на еманципацијата:)

Тој збор еманципација ми е најсмешен што сум го слушал некогаш.Јас не гледам таа жена да е помалку образована, паметна што чува 5 деца од таа што чува куче дома и дрви по цел ден колку се ослободила од стегите на машкиот “шовинизам“, а на 65 години единствен пријател и е кучето.Таа со 5 деца има 15-20 внучиња, потомство, љубов, опкружување.Од тоа нема поголем благослов.Не, фала, не ми треба самотњачки живот.
--- надополнето: 5 ноември 2012 во 20:04 ---

Кажи ми ти мене како сега со тој бран на поскапување сите аранжмани за одмор беа исполнети 3 месци унапред, како со тој бран на поскапување се купуваат коли до 7 000 евра, како со тој бран на поскапување никој не го откажа интернетот, двата мобилни телефони, кладење по 5 пати дневно, идење на кафе 2 пати дневно, шопингот во Солун и други работи.Јас не викам дека ние можеме со наш стандарт да чуваме 7-8 деца, али 3-4 можеме со љубов, пожртвување и се останато.

Во Македонија нема да е толку раздвижено, полни ресторани, кафичи ако народот нема доволно пари за истите.
Не знам дали сваќаш дека 3,4 деца не е само бројка па ајде сите ќе имаме по една екипа дома.До 18 години детето е целосно твоја одговорност и треба да го изведиш на прав пат,а тоа ќе се согласиш не е лесна работа.За тоа треба пари,посветеност,внимание...Не е само имај деца па ке се снајдиме понатаму.А за другиот дел како сите имаат пари незнам по кој пат го слушам тој аргумент...Ако мобилен телефон или кафе е луксуз незнам шо да речам...За кладењето,колку е посиромашма земјата толку повеќе е застапено тоа.Види кој луѓе висат по кладилници-сигурно не се бизнисмени во костум туку луѓе уништени од сиромаштијата и деца на кои им треба некој денар оти од дома НЕМА.
 
1.ќе го каеш предлогот твој или ќе го дрвиш со леандра :)
.Иначе нормално е народот да ти пишува 2.Не ми е гајле коа државата со проектов 2014 ги утепа и оние малце патриоти што ја сакаа државата3.Да не зборам и за местениките со албанците во кој максимално не понижија до степен од патриот да ми е срам да се кажам како Македонец,мислам на кале,вадење лисици пред камери,амнестијата,пропаднатиот попис,тепачките по автобуси кај што единствените деца Македонци што имаа муда да вратат лежеа во притвор...4.И на крај се испосраа и со законов за бранителите.
5.Ја секако си ја сакам државава,само мојот живот и семејството секогаш ќе ми биде на прво место.Оваа држава и народ не заслужува луѓе кој ќе го дадат животот за неа.
1. Ќе го дрвам со Леандра зошто она е општ кајгана експерт по сите прашања, и зачинал во секое јадење така нејзе обратети и се за совети , помош и решенија.
2. Ова тие оф топик за Скопје 2014, со темава,а веројатно кога плоштадот беше пустина и ништо немаше тогаш топ беше, а чудно маме му ебам откако го направија Скопје 2014 се зголеми бројот на туристи во Скопје а пред споменикот на Александар нема ден , или минута да видиш некој да не се слика , стварно не уништи.
3. Се сосласувам со тебе дека и овие што се на власт се поставија како мекуши и дека попуштатаат, и почнаа полека да влегуваат во СДСМ филм каде што како курви беа што дуи ќе побараа овие им даваа. И јас воопшто не се согласувам со тоа што даде автентично толкување за законот за бранители , зошто од Дуи ги уценуваа ако нема закон за автентично толкување ќе неможеше влада состави Вмро нема 63 пратеници па сама влада да состави. Многу почесно ќе беше премиерот да го вратеше мандатот и да речеше не прифаќам да правам закон за автентично толкување за да му удоволам на Дуи за да влезе во влада со мене , според мене тоа му е најголема грешка до сега. И полицијата што немаше еднаков третман спрема рамковните како спрема македонците , кога рамковните маваа со камења по полиција и по влада џандариве не смееја да писнат, кога почнаа да протестираат македонци и тоа претежно тинејџери кој едвај ги имаше 200 луге тогаш МВР најде на нив да покажува сила , од тој момент за мене они се албанска полиција.
4. Законот за бранители и да се усвои ќе се усвои за неколку години не сега, над 15 000 амандмани се поднесени а за еден амандам со денови ќе го дрват па види сега ти. Кој и да сака не Вмро , Македонска златна зора да се појави многу тешко ќе го избутка законот ги злоупотребуваат сите можби механизми да го блокираат собранието и да ја закочат расправата.
5. Затоа што на сите им се побитни личните интереси од државните затоа државата ни е на ова дереџе и кој стигне не ебе.
П.С Многу оф топик отидовме ако коментираш коментирај за темава.
 
Ви реков дека 2012 тргнала сигурно катастрофално па затоа наеднаш фрчат изјави од сите страни.Бројот на родени христијани во Македонија за прв пат можеби од 1912 ќе биде помал од родените муслимани.

Мене во сите анализи што ги правам околу моменталниот состав на населението на Македонија ме буни само степенот на иселување на македонците.

Лани само во Австралија имаме иселено 254 души од Македонија.
Ако кажеме дека ете секоја година во просек се иселуваат 500 македонци-а сигурно се повеќе,тоа за 10 години е 5000 души.

Сега,статистикава околу иселувањето на ДЗС не ми е баш најсигурна но ајде.
Малце ме буни ова:

Од Охрид во странство во 2011 се иселиле 803 македонски државјани.
Од Дебарца 117.

Дебарца ајде,но Охрид да има волку иселени?

Според природниот прираст сме во минус овие 10 години за 20,000 македонци.
Тоа е значи минус од барем 25,000 македонци.

И најнејасниот сегмент е колку од тие што земале бугарски пасоши се иселиле од Македонија...на крај од 2011,50,000 македонци имале бугарско државјанство и пасош.

Најоптимистичко сценарио би било да уделот на етнички македонци во Македонија моментално е 62%.

Најпесимистично 59%.

Секаде на балканот имавме изненадување на пописите...односно имаше помалку народ одколку што беа проценките.Македонија сигурно нема да биде исклучок па така да не не изненади ако моментално населението е под 2 милиона.
 
Ви реков дека 2012 тргнала сигурно катастрофално па затоа наеднаш фрчат изјави од сите страни.

Бројот на родени христијани во Македонија за прв пат можеби од 1912 ќе биде помал од родените муслимани.
Ама затоа Предавничкиот Суд сакав да кажам Уставниот Суд , го укина законот демек не бил уставен , што предвидуваше општините во Македонија кој имаат негативен наталитет да , добиваат помош и субвенции за второ а посебно за трето дете го укинаа а тие општини во 95% од случаевите се општини каде што живеат мнозинство Македонци . Заклучок ако не те заебе македонец нема кој друг да те заебе и пред 100 години сме пателе од наши и после 100 години патиме од наши , ебати државата и народот со вакви мочани ставови и самоуништувачки дела. Што сакаш повеќе кога Уставниот Суд мислев предавничкиот суд место да ги штити интересите на државата она ги уништува што повеќе очекуваш од оваа држава. Ако кажеш дека ова не се издржува повеќе дека малцинството врши невиден терор врз мнозинството ти си тогаш националист фашист и што уште не, ако кажеш дека малцинството треба уште повеќе да му се качи на глава на мнозинството тогаш си демократ, човек со европски вредности . ќе добиеш и некоја пофалница од Американската амбасада, ќе те повикаат во Брисел на коктел зошто си борец за правата итн, со други зборови, кај нас ненормалното стана нормално а нормалното стана ненормално.
 
Ама затоа Предавничкиот Суд сакав да кажам Уставниот Суд , го укина законот демек не бил уставен , што предвидуваше општините во Македонија кој имаат негативен наталитет да , добиваат помош и субвенции за второ а посебно за трето дете го укинаа а тие општини во 95% од случаевите се општини каде што живеат мнозинство Македонци . Заклучок ако не те заебе македонец нема кој друг да те заебе и пред 100 години сме пателе од наши и после 100 години патиме од наши , ебати државата и народот со вакви мочани ставови и самоуништувачки дела. Што сакаш повеќе кога Уставниот Суд мислев предавничкиот суд место да ги штити интересите на државата она ги уништува што повеќе очекуваш од оваа држава. Ако кажеш дека ова не се издржува повеќе дека малцинството врши невиден терор врз мнозинството ти си тогаш националист фашист и што уште не, ако кажеш дека малцинството треба уште повеќе да му се качи на глава на мнозинството тогаш си демократ, човек со европски вредности . ќе добиеш и некоја пофалница од Американската амбасада, ќе те повикаат во Брисел на коктел зошто си борец за правата итн, со други зборови, кај нас ненормалното стана нормално а нормалното стана ненормално.
Тие парични стимули не даваат некакви посебни резултати.
А и тоа незнам колку би го создало очекуваниот ефект зошто може да има и контраефект односно да ги стимулира ромите.

На пример Прилеп има природен прираст секоја година во просек од минус 250 души.
15% од родените се цигани кои пак се во плус од 150 души секоја година.

Таков е случајот со многу од тие македонски општини кои се доминантно македонски но има и неколку % роми.

Така мислам дека се е до народната психологија,парите би играле улога само доколку се дава таква парична подршка како што е во Скандинавските држави иначе вака по 10,000 за трето дете кога ќе се роди,по 5000 денари секој месец во првите 10 години на детето доколку мајката е невработена или неможе да стекне социјална помош...тоа батали,нема да има ефект освен што ќе ги наелектризира ромите.

А и на крај ако погледнеш,што е финтата да стимулираш раѓање кај македонците кога државата е канта и после тие што се родиле набрзо ќе се иселат некаде на запад?
 
3. Се сосласувам со тебе дека и овие што се на власт се поставија како мекуши и дека попуштатаат, и почнаа полека да влегуваат во СДСМ филм каде што како курви беа што дуи ќе побараа овие им даваа. И јас воопшто не се согласувам со тоа што даде автентично толкување за законот за бранители , зошто од Дуи ги уценуваа ако нема закон за автентично толкување ќе неможеше влада состави Вмро нема 63 пратеници па сама влада да состави. Многу почесно ќе беше премиерот да го вратеше мандатот и да речеше не прифаќам да правам закон за автентично толкување за да му удоволам на Дуи за да влезе во влада со мене , според мене тоа му е најголема грешка до сега. И полицијата што немаше еднаков третман спрема рамковните како спрема македонците , кога рамковните маваа со камења по полиција и по влада џандариве не смееја да писнат, кога почнаа да протестираат македонци и тоа претежно тинејџери кој едвај ги имаше 200 луге тогаш МВР најде на нив да покажува сила , од тој момент за мене они се албанска полиција.
хах амнестијата не беше ради тоа што вмро нема влада да состави..Си се пазарат они стално бидејки немаат ни едните ни другите сигорна власт,амнестијата беше за пописот трампана ама не тргна како што треба.Во секој случај вмро и сдсм постојано пазарат со дуи на тој систем,едниот преќутува за нешто другите за друго..Само што нашите за крадење си ги користат услугите нивните за национални права.Дуи преќутува милион евра крадење нашиве преќутуваат вадење лисици пред камера..Мислиш Дуи тука така 200 милиона од буџет ќе ги преќути некој да ги испере и да ги лапне?Нормално си бараат нешто у замена за согласноста.
Не те знам али ми изглеаш многу наивен,си мислиш вмро се правите националисти а сдсм ја заебуваат работата,али у реалноста исти кур се и тие и тие.Не е работата дали се мекуши,колкава моќ имаат нашите само не ја користат,поточно ја користат за нивно богатење. И не е офтопик ова сите овие последици си влечат последици..Ебате твојата држава ако ти не одлучуваш ништо у неа туку некој ватерполиста,ќе си идеш у немачка ќе праиш деца бар таму германец одлучува..
 
Ви реков дека 2012 тргнала сигурно катастрофално па затоа наеднаш фрчат изјави од сите страни.

Бројот на родени христијани во Македонија за прв пат можеби од 1912 ќе биде помал од родените муслимани.

Ај малце да те частам со некои бројки , пошто знам дека и ти следиш демографски трендови.

Веќе неколку години така стојат работите , бројот на родени муслимани е на околу 45%.

Не ми се верува дека годинава ќе се случи бројот на живородени муслимани да го пројде бројот на живородени македонци.

Наталитетот горе долу во македонските општини е тој од ланскиот. Ќе биде пак таму негде 53%

Вреди да се каже дека политиките на владата за подржување на мајките кои раѓаат трето дете дадоа свој резултат , ако споредиме 2008ма со 2011та.

И кај македонските општини е пораснат бројот на мајки кои раѓаат трето дете.

Но сепак за четврто , петто ... дете , имаме намалување.

Исто како што имаме намалување и за прво и второ дете.

Во 2008ма вкупно 2677 мајки родиле трето дете.
Во 2011та вкупно 3190 мајки родиле трето дете.

Во 2008ма вкупно 837 мајки родиле четврто дете
Во 2011та вкупно 781 мајка родила четврто дете.

Еве општините во кои најмногу се раѓало трето дете (бројките во заграда се од четврто дете) во 2011та :

Куманово: 211 (55)
Чаир: 210 (79)
Тетово: 183 (26)
Сарај: 134 (38)
Гази Баба: 112 (24)
Струга: 108 (39)
Студеничани: 108 (38)
Гостивар: 107 (28)

Само во овие 8 општини се родени 37% од ’’третите“ деца.

Во истите овие општини се родиле 42% од “четвртите“ деца.

Значи во 8 општини се раѓаат повише од 1/3 , додека во другите 76 општини се раѓаат останатите.

Но јас не се сложувам со тебе дека постои некаква опасност македонците да паднат под 50% некогаш. Освен ако не се случи нешто непредвидливо.

Ако оди вака како што е сега , македонците после едно 50 години би паднале на 55%.
 
Не сакам да сум во право но сакам да докажам дека другите грешат.

Значи дарданчо,реков и пред тоа дека многу работи кај македонците ќе зависат од бугарските пасоши.И тие бугарски пасоши можат дури да бидат и главниот носечки столб на демографските текови кај македонците.

Другите националности ја немаат таа можност за лесно бегање од државава.Доволно е во наредните 5 години да уште 100,000 македонци во фертилна доба земат бугарски пасоши и емигрираат за да не вратат во камена доба што би се рекло.

Немој да заборавиш и на оние Македонците муслимани кои сеуште се вбројуваат како родени македонци.Дури може да се каже дека со нивна помош ние 2011 ја пројдовме без македонците да паднат на под 50% од родените.Значи да се поправам,ние веќе имаме повеќе родени муслимани од христијани!

Во Македонија кај македонците е започнато изумирањето на бејби бум генерацијата.
Иначе како го објаснуваш ова зголемување на морталитетот?

I-VI 2010

11.804 - 9.668 +2.136


I-VI 2011

11.209 - 10.028 +1.181


I-VI 2012

10.966 - 10.661 +305

Трендот на Родени

*Забелешка: 36,000 срби во Македонија имаат во просек 130 родени.
Власите се бетер затоа не се мачев дури и да ги наведувам,а власите во 2002 беа 10,000 души!

Овие групи се сливаат во македонското тело во сите сегменти.

2008 : 22.945 вкупно

Македонци 12.245 (53.37 %)
Албанци 7.309 (31.85 %)
Роми 1.558 (6.79 %)
Турци 979 (4.27 %)
Босанци 193 (0.84 %)
Срби 138 (0.60 %)

2009 : 23.684

Македонци 12.490 (52.74 %)
Албанци 7.454 (31.47 %)
Роми 1.749 (7.38 %)
Турци 1.087 (4.59 %)
Босанци 193 (0.81 %)
Срби 128 (0.54 %)

2010 : 24.296

Македонци 12.658 (52.10 %)
Албанци 7.888 (32.47 %)
Роми 1.806 (7.43 %)
Турци 1.080 (4.45 %)
Босанци 192 (0.79 %)
Срби 109 (0.45 %)

2011 : 22.770

Македонци 11.544 (50.70 %)
Албанци 7.727 (33.94 %)
Роми 1.574 (6.91 %)
Турци 1.046 (4.59 %)
Босанци 213 (0.94 %)
Срби 111 (0.49 %)

За мене доколку македонците паднат под 50% ќе биде катаклизма но недалеку лошо односно катастрофално ќе биде и тоа доколку македонците паднат на 55%.

Иако и под 60% не е баш најдобро.А моментално идеме по жицата.
Најреално сега сме 60-61%,не повеќе.

На тоа ме наведуваат три основни нешта:

Бројот на родените,бројот на деца во основно училиште i старосната структура од 0 до 19 години по религија од пописот во 2002.

И тоа овој последниов сегмент највеќе ме носи до заклучоците.

Старосна Структура 2002

0-4
Православни 63.229
Муслимани 57.208

5-9
Православни 73.384
Муслимани 67.227

10-14
Православни 86.952
Муслимани 70.443

15-19
Православни 98.253
Муслимани 64.232
 
Јас не викам дека ние можеме со наш стандарт да чуваме 7-8 деца, али 3-4 можеме со љубов, пожртвување и се останато.

Во Македонија нема да е толку раздвижено, полни ресторани, кафичи ако народот нема доволно пари за истите.
Оф бе фејлу фејлнат, носи се заедно со сексот и со градот и со саманта.
Сме можеле со наш стандард со просечна плата од 200 евра да чуваме 3-4 деца, но со љубов. Па дали си ти нормален. Фејл си човече, фејл.
Не знам дали си известен, но кога ке отидеш во продавница на тие 3-4 деца да им купиш пелени, храна, облека, лекови, играчки и сите останати потреби, на ниедно место не прифакаат љубов како платежно средство!

Али што паметно може и да се очекува од ваков лик со миленко-латас размислување каде што мерка за стандард му се кафичите и сити молот во кој лугето се туркаат уствари да земат тоалетна хартија и кисело млеко на попуст...
Убаво ти кажаа, отиди во болница, ке помислиш дека цела држава е таму.


Sent from my Droid
 
Lion, те молам немој да ја потиш пеер. Не сум јас крива затоа што 20 и кусур години имаме банана држава, ама воопшто. Нити пак сум јас таа што треба да ја мислам за тоа дали наталитетот е опаднат. Како кажи ми јас да се омажам, кога работам двократно, работам за 5 500 денари плата, и сум по цел ден на работа? Кој треба да го регулира тоа? Се грижи ли воопшто некој за правата на работникот во оваа држава? И кажи ми, како јас во оваа нестабилна држава што неможе да ми ги гарантира некои основни права и заштита, да раѓам деца? Прво и основно, кога ќе разберат дека сум бремена по кратка постапка ќе ме отпуштат од работа, да не зборувам потоа колку е тешко да се најде работа. Јас не планирам моите деца да ги хранам со воздух. Подобро нема воопшто да ги имам отколку да треба гревовите да им ги берам, како што моите родители ги береле моите гревови додека сум растела во 90тите и во текот на целиот мој живот. Јас планирам да родам здрави деца, да растат како нормални деца, а не да се полнат со фрустрации затоа што мајка им немала да им даде 30 денари за да си купат сладолед, и да се фрустрираат поради тоа. И да ги тргнам настрана финансиските проблеми, има многу други фактори што влијаат на ова што денес се случува.
 
Значи дарданчо,реков и пред тоа дека многу работи кај македонците ќе зависат од бугарските пасоши.

Вистина е тоа за бугарските пасоши , ако им дозволат на бугарите слободно да работат во ЕУ , тогаш илјадници потенцијални татковци ќе заминат од Македонија , а со тоа не само што нема да раѓаат во Македонија , туку ќе ги земат и членови на семејството со себе.

Другите националности ја немаат таа можност за лесно бегање од државава.Доволно е во наредните 5 години да уште 100,000 македонци во фертилна доба земат бугарски пасоши и емигрираат за да не вратат во камена доба што би се рекло.

Другите националности ја немаат таа можност , но и они ги имаат своите можности.

Затоа велам дека македонците нема да паднат под 50% во наредните 50 години.

Немој да заборавиш и на оние Македонците муслимани кои сеуште се вбројуваат како родени македонци.Дури може да се каже дека со нивна помош ние 2011 ја пројдовме без македонците да паднат на под 50% од родените.Значи да се поправам,ние веќе имаме повеќе родени муслимани од христијани!

Мислам дека такви има , барем во Маврово-Ростуше , Кичево, Дебар , Струга. За останатите општини не можам да потврдам.
Барем за Маврово и Ростуше на пример знам дека не може да има 43 родени македонци (православни) , исто и во Струга 253. (12,5 промили)

Но место нив додај ги србите и власите. (кои имаат низок наталитет за во гинис , но тоа се должи заради асимилирање на младите)


Во Македонија кај македонците е започнато изумирањето на бејби бум генерацијата.
Иначе како го објаснуваш ова зголемување на морталитетот?

Па да , морталитетот ќе иде во нагорна линија секоја година , не може никој да го сопре тоа.

Тек ќе видиме ние што е морталитет , кога ќе иде време на умирачка на тие што се родиле после втората светска војна, односно во 50тите.
После 15-20 години православните ќе ја достигнат нависоката точка на морталитет. Но во истиот период и кај муслиманите ќе порасне морталитетот за 25-30% , но тоа нема да биде најкритичната точка , пошто тоа ќе иде после 50 години.


За мене доколку македонците паднат под 50% ќе биде катаклизма но недалеку лошо односно катастрофално ќе биде и тоа доколку македонците паднат на 55%.

Македонци 11.544 (50.70 %)

За 2011та јас не сум знаел дека се работело 50,7% , мислев дека се работи за 53%.

Епа Александров , ти давам подршка , не е чудно во 2012та бројот на живородени македонци да падне под 50%.
Доволно е годинава да се родат 200 деца помалку.

Еве на пример : 22.770/11.380



На тоа ме наведуваат три основни нешта:

Бројот на родените,бројот на деца во основно училиште i старосната структура од 0 до 19 години по религија од пописот во 2002.

И тоа овој последниов сегмент највеќе ме носи до заклучоците.

Па ние отприлика можеме и да ја составиме моменталната возрасна група :

Претпоставка (ги земам во обзир пописот од 2002ра како и живородените деца после пописот):

0-4

Православни: 53%
Муслимани: 46%

5-9
Православни: 54%
Муслимани: 45%

10-14
Православни: 51,5%
Муслимани: 46,5%

15-19
Православни: 51,2%
Муслимани: 47%

20-24
Православни: 54,2%
Муслимани: 44%

25-29
Православни: 59,4%
Муслимани: 38,8%

30-34
Православни: 61,6%
Муслимани: 36,8%
.
.
70-74
Православни: 75,7%
Муслимани: 22,7%

=

Според пописот од 2002ра , во Македонија имаше вкупно:
Православни: 64,8%
Муслимани: 33,3%

Како што ќе умрат старите генерации каде што православните учествуваат со над 70% , така ќе се намали и нивниот број , пошто младите ќе ги наследат , а кај нив учеството е со испод 55%.

Ако македонците(православните) не ги искористат овие што се сега на возраст од 24-34 години , а сепак се 60% , тогаш што треба да се очекува кога после 10 години ќе дојде време да раѓаат овие што се сега на возраст 14-24 , а учествуваат со 54% од вкупното население.

Значи ако овие 60% раѓаат 52%.
Тогаш овие 52% ќе раѓаат 45%

Кој разбра, разбра :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom