Македонски звучи подобро

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
1. Интересен дуел на две песни победнички на Скопски фестивал (условно, зошто во времето кога Каролина ја однесе победата, фестивалот имаше друго име): Лидија со „Што те нема“ во 1995 и Каролина со „Мојот свет“ дванаесет години подоцна. Овде нема што да размислувам: „Мојот свет“ е добра песна, но „Што те нема“ е една од моите најомилени македонски поп песни и со неа одам до крај (се надевам дека ќе стигне далеку). Штета што го нема настапот на Лидија на Скопје фест 1995 на youtube, но подеднакво добра интерпретација на „Што те нема“ имаше тука:


Е оваа е најдобрата песна на Лидија Кочовска - не „Доволно луд“, не „Ти си тој“, туку „Што те нема“! Ја обожувам песнава!

„Што сака нека бидееее
дај ми да заспијааам
во глуво доба, доцен час,
бар на сон да ти слушнам глас
и на сон барем да те гушнаааааааааааааааааааааааааам.
Што сака нека биде
дај ми да заспијаааааам
во глуво доба, доцен час,
јас на сон да ти слушнам глас
еј што те нема, што те неееемааа
гРРРРРРРРРРРРом да те убие!“

2. Фросино моме - Ах, Веро, Веро, да те има човек дома...
 
Само да додадам - во изборот за македонски евергрин на Драган Б. Костиќ кој се одржа лани, не само што ја немаше во конкуренција оваа песна, туку немаше ниту една од Лидија Кочовска, а меѓу предлозите ја имаше Есен во мене од Елена Ристеска. Да не знаеш дали да плачеш или да се смееш! Според мене, Што те нема има зацементирано место меѓу најдобрите македонски евергрини и ни Драган Б. Костиќ, ни никој не може да и го одземе тоа.​
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom