. : [Verse one] : .
Само еден начин има да го победиш стравот,
тоа е да застанеш здраво на ставот, макар спроти цел народ.
Сероњи ќе серат - тоа е обврска нивна,
али Лавот не го интересира што овците мислат.
Имај принципи, убедувања и идеали,
тие ствари им недостасуваат на луѓето мали.
Ќе вкусиш пекол, али така челикот се кали...
Ти, уствари, треба да се одлучиш дали
твојот живот вреди колку што ќе проценат
и оцена ќе биде она што ќе просерат
или ќе отераш у п.м. се' ако ти посегнат по честа
и ќе издишнеш во "FREEDOM!" ко Гибсон во Braveheart!
Еднаш се живее, но еднаш и се умира.
И кога сумирам би умрел како хулиган
пркосејќи на овој живот беден кој полека убива.
Штом немоќен ќе паднеш, тогаш најсилно те удира!
РЕФРЕН X2:
Freedom!, ко Mel Gibson во Bravehearth!
Freedom!, вон свет гад и клет град!
Freedom!, со чест над секоја свест.
ДА!
Freedom!, Freedom!, Freedom!, FREEDOM!
. : [Verse two] : .
Се' во животот е ствар на одлука и избор.
И слободата е исто, но не постои на излог.
Да се војува за Неа треба!
Треба да се живее и да се умре за Неа!
Времето ги памети само воините...,
а жртвите единствено, кон целта, средства нивни се.
Пробај, вивни се - среди се',
зашто
Историјата се пишува со водата од ланскиот снег.
А времето е релативно.
Денес утре ќе е вчера, а за два-три дена - ќе е некни,
и по година цела, денес веќе ќе е лани,
па затоа стани, шанса зграби и стегни заби!
Гради став ко лав и стави белег.
Брани терен како куче верен; да умреш пред утре биди спремен.
А ако пукне, трагај по успех, како ѕвездата од Кутлеш,
па ако преживееш ќе бидеш полуд и посилен уште!
РЕФРЕН X2:
Freedom!, ко Mel Gibson во Bravehearth!
Freedom!, вон свет гад и клет град!
Freedom!, со чест над секоја свест.
ДА!
Freedom!, Freedom!, Freedom!, FREEDOM!
. : [Verse three] : .
Не е битно од каде доаѓаш,
битно е каде одиш,
и како патот го проаѓаш.
Ко што раснеш, дознаваш, дека никој не познаваш, сем' лаги.
Сам се раѓаш, па на крајот сам и умираш!
Оставаш зади се', освен она што си бил.
Не она што го сонуваш, а она што го правиш, уствари си ти.
Можеш на зборови да бидеш хуман христијанин...
Можеш ти да бидеш и Махатма Ганди, али се' се фарси лажни.
Остави на страна маски - биди она што си,
само таков ќе те паметат штом згнијат коски.
А сите зборови ќе занемат и доста дела добри
овој народ ќе заборави дека се чеда твои.
Се' со помин, помни: PANTA REI!
Кантар мери, а тој е чесен и правда дели.
На крај вреди само она што си станал пред нив,
пред луѓето без човечност ни капка.
Пеј им:
Freedom!, ко Mel Gibson во Bravehearth!
Freedom!, вон свет гад и клет град!
Freedom!, со чест над секоја свест.
ДА!
Freedom!, Freedom!, Freedom!, FREEDOM!