Македонски текстови од ваши омилени песни

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
Архангел - 1000 светла

Илјада светла на твојот прозорец.
Илјада повици: дојди и потроши со нас
дел од себе, дел од твојот оган!
Дојди и биди еден од градските кловнови!

Подобро да останам,
зар воопшто некого познавам во овој град,
сем мојата грда девојка?!

Ако одам вечерва тие ќе сторат се што треба
да ми биде досадно, знам,
залудно се трудам да бидам среќен
без љубов и без пари.
Се што останува е да се насмејам.

Подобро да заспијам со некаква надеж
дека ќе дочекам бар едно утро
добро расположен.

На сон ми доаѓаш како светица
со вода во дланките
и ми велиш да се напијам,
да го видам овој свет за последен пат
и да се помирам со се
и да оздравам.
 
Васил Ангов - Магични зборови


Кога да погледнам, ми намигнуваш -
сакам да побегнам, ти ме стигнуваш.

Глумам дека не знам што се случува,
душава ја пуштам да одлучува. (x2)

Рефрен (x2):
Магични зборови ти се потребни
за да ги измамиш моите бакнежи.
Усни ти се врели тропски предели -
срце ќе изгори за две-три недели.

Можам да погодам што ќе направиш
ако ти предложам да ме оставиш.

Лудо ќе ме сакаш уште повеќе,
Амор ќе го бараш да ти помогне. (x2)

Рефрен (x2):
Магични зборови ти се потребни
за да ги измамиш моите бакнежи.
Усни ти се врели тропски предели -
срце ќе изгори за две-три недели.

Срце ќе изгори за две-три недели.

 
ЕМА

Мигови, секунди, минути, денови, месеци
Се претворија во години.
Бакнежи, фетуси, бебиња, дечиња, младинци
Се претворија во руини.
Порано бевме подобри, кога бевме наивни.
Сонцето за нас светеше, тогаш сите се сакавме.

Часови, класови, тестови, надежи, сонови
Се претворија во кошмари
Анархо, фемино, акции, револти, протести,
Животот не прегази.
Порано бевме подобри, кога бевме наивни.
Сонцето за нас светеше, тогаш сите се сакавме.
Сите ние жртви сме, помалку ил повеќе
Да не заборавиме, хероите кои се.

Ема знае дека ја сакаме
Исчезнавме а таа ни прости се.
Ема знае дека ја сакаме,
Ема ние те сакаме.

 
Здраво, барам една песна што ја слушнав на радио денес, скоро цел рефрен пребарав но ништо не најдов. Една од фразите што моментално ги помнам се: "твојот лик насмеан како зрак постојан", "ти на дно ме наоѓаш" и "гори твојата светлина".

Ви благодарам однапред :ајнапиво:
 
Здраво, барам една песна што ја слушнав на радио денес, скоро цел рефрен пребарав но ништо не најдов. Една од фразите што моментално ги помнам се: "твојот лик насмеан како зрак постојан", "ти на дно ме наоѓаш" и "гори твојата светлина".

Ви благодарам однапред :ајнапиво:

Повели
https://youtu.be/q9uTZVs7jyQ
 
Архангел се нешто посебно кога е оваа тема во прашање.


Тоа е темница која голта се што е
живо, во тебе и во мене.
често се прашувам,
што може човек
против лудост, глупост и суета?
Таа е одраз,
таа е ехо на нечии трауми.
војна е девојка која нема милост
ниту за еден свој љубовник.

Ние бевме, ние сме само послушни деца,
построени под знамето.
И се што бевме,
бевме само во нашите срца,
болни од илузии.
Гледам идол на ѕидот,
гледам насмеан крвник
во неговата прегратка
ќе заспиеме сите.
Ако можеш да се разбудиш,
застани гол пред смртта
таму кај што нема Господ Бог,
само потреба да веруваш.
 
Архангел се нешто посебно кога е оваа тема во прашање.

Amin to that !!!

on topic:

https://www.youtube.com/watch?v=SE92MDv8PUg&index=19&list=PLOAyJrjesyjSZ85-JYs0jihH9YaGGZByr

~ ВИНА НЕВИНА ~

Остани...
ветрот ти шепоти
јасна молитва, прости зборови,
а можеби
длабоко во водата
во школка колевка
сепак постои
страст за младост
и љубов за старост
копнеж за живот
во тебе
овде си ко небо спокоен
в срце бесмртен
вина невина

и гледај зраци
сончеви плодат
свети води,
а над води сводови
од мудар камен
од идно и минато
знам тоа е
сета наша моќ
сето наше знаење

Ветрот ти шепоти
јасна молитва, прости зборови

Овде си ко небо спокоен
в срце бесмртен
вина невина

и гледај зраци
сончеви плодат
свети води,
а над води сводови
од мудар камен
од идно и минато
знам тоа е
сета наша моќ
сето наше знаење
 
Една песна ми е у глава, ама никако не можам да ја најдам, нз ни од кого е. Нешто шо памтам од текстот:
„Еее осамена си, чекориш по .... улици“

Ваљда ќе му текне на некој :)
 
Една песна ми е у глава, ама никако не можам да ја најдам, нз ни од кого е. Нешто шо памтам од текстот:
„Еее осамена си, чекориш по .... улици“

Ваљда ќе му текне на некој :)

Да не е ова? :)
 
Луѓе со години барам една песна, и не можам да ја најдам најмногу ради тоа што не памтам речиси ништо од неа освен што бев опседната како мала (пред 15+ години). Стара македонска песна беше, и текстот беше ептен тажен. Ако добро памтам, во песната умира девојка во река (се самоубива), и камбаните почнуваат да бијат. Тоа е прилично се што памтам. Памтам дека беше многу моќна песна (а можеби и да не била затоа што сепак се работи за пред 15+ години), ама би ви била ненормално благодарна ако успеете да ми помогнете во потрагава.
 
Последно уредено:
Screenshot_18.png

Делфина – Славе Димитров

Во овој ден летен ти си како бран
Што плиска со насмевки Делфина
Што кипи ко рујно младо вино
Во еден врел еден опој што мами

И овој ден летен блика како плам
Ко слика на мојата Делфина
Ко немир што еднаш крај нас минал
Што нема мир кога двјцата сме сами

Овој ден ко сон ќе биде
Во очи молчи скриен бол
Сини спомени ќе згинат
Со овој ден што си оди Делфина

Во овој ден летен се’ е како сон
Ко сонот што го ветила Делфина
Ко сказна од една љубов силна
Што нема крај ниту почеток има

И овој ден летен блика како плам
Ко слика на мојата Делфина
Ко немир што еднаш крај нас минал
Што нема мир кога двјцата сме сами

Овој ден ко сон ќе биде
Во очи молчи скриен бол
Сини спомени ќе згинат
Со овој ден што си оди Делфина
———————————​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom