Македонски театар

Член од
24 август 2011
Мислења
29
Поени од реакции
11
Ајде да се посветиме малку и на нашиот театар. Имаме навистина квалитетни актери и претстави за кои навистина вреди да се одвои време и да им се посвети внимание.

Колку често одите во театар? Кои претстави сте ги погледнале? Дали има некои што сакате да ги погледнете или да предложите? Поставувајте било какви прашања во врска со оваа тема, давајте предлози, дискутирајте и заедно да го поддржиме нашиот театар.

За почеток ќе ви ги оставам репертоарите на Драмски и МНТ :)
--- надополнето: 19 ноември 2011 во 20:13 ---
ДРАМСКИ ТЕАТАР (НОЕМВРИ)

21 ное (20.30) Драган Даутовски во Хармонија - солистички концерт (премиера)

Автор : Драган Даутовски

22 ное (20.00) Мушичка Автор : Анџело Беолко - Руцанте Режија : Никола Ристов

23 ное (20.00) Крвта не е вода Автор : Сашо Кокаланов Режија : Сашо Миленковски

24 ное (20.00) БААЛ Автор : Бертолт Брехт Режија : Мартин Кочовски

25 ное (20.00) Грев или шприцер Автор : Сашко Насев Режија : Деан Дамјановски

26 ное (20.00) Како да ја убиеш сопругата и зошто Автор : Антонио Амури

ДРАМСКИ ТЕАТАР (ДЕКЕМВРИ)

01 дек (20.00) 2012 - последните Македонци
Режија : Сашо Миленковски

02 дек (20.00) Како да ја убиеш сопругата и зошто
Автор : Антонио Амури

05 дек (20.00) LIKE - мултимедијална театарска претстава
Автор : Копродукција помеѓу балетското студио „Ребис“ и МНТ, Соработник - драматург: Снешка Васевска
Режија : Гордана Деан Поп-Христова

06 дек (20.00) Мушичка
Автор : Анџело Беолко - Руцанте
Режија : Никола Ристов

07 дек (20.00) geNОcide 21 Автор : Љубиша Георгиевски Режија : Владлен Александров

10 дек (20.00) Грев или шприцер Автор : Сашко Насев Режија : Деан Дамјановски

12 дек (20.00) Крвта не е вода Автор : Сашо Кокаланов Режија : Сашо Миленковски

13 дек (20.00) Ни ваму, ни таму Автор : Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски - Упа

14 дек (20.00) Демонот од Дебармаало
Автор : Горан Стефановски
Режија : Слободан Унковски

15 дек (20.00) 2012 - последните Македонци
Режија : Сашо Миленковски

16 дек (20.00) Грев или шприцер
Автор : Сашко Насев
Режија : Деан Дамјановски

20 дек (20.00) БААЛ
Автор : Бертолт Брехт
Режија : Мартин Кочовски

21 дек (20.00) Ни ваму, ни таму
Автор : Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски - Упа

22 дек (20.00) Хамлет
Автор : Вилијам Шекспир
Режија : Дејан Пројковски

23 дек (20.00) Демонот од Дебармаало
Автор : Горан Стефановски
Режија : Слободан Унковски

24 дек (20.00) Грев или шприцер
Автор : Сашко Насев
Режија : Деан Дамјановски

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР (НОЕМВРИ)

21 ноември
ТЕМПИРАНА ОПЕРА (20:00)

22 ноември
СВАДБАТА НА ФИГАРО (20:00)

23 ноември
БЕСОВИ (19:00)

24 ноември
КОПНЕЖ ПО ЦЕЛИНА(20:00)

25 ноември
САЛИЕРИ(18:00)
НЕМОЈ ТИ МЕНЕ ФАУСТ!(20:00)

26 ноември
РОМЕО И ЏУЛИЕТА(20:00)

27 ноември
КОНЦЕРТ ТАНЕЦ(20:00)

28 ноември
СВАДБАТА НА ФИГАРО (20:00)

29 ноември
СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ (20:00)

30 ноември
ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА(20:00)
 
Оваа грев или шприцер ја имам гледано пред повеќе години овде во прилеп, атер за другарот мој шо играше во неа и стварно е најдобра претстава.
Ја препорачувам на сите
 
Сакам да ја гледам Грев или шприцер, но немам со кој да идам :( сите попрво би ги дале парите за кафе, ако спомнам на некој ај у театар ми викаат ти луд ли си, иначе ја имам гледано таа од пред 20 г. со Ненад Стојановски и можам да кажам дека е ретко добра претстава
 
Абе 3 кафиња ако треба ќе испијаат денес и 2 кутии цигари ама театар јок.Оваа претстава да ја стават на репертоар во прилеп ако треба сам ќе одам и ќе ја гледам.
 
Луѓе, ако му треба некому друштво за театар може да се организираме овде и заедно да одиме ако сакате :D и јас го имам истиот проблем, не можам секогаш да најдам некој што ќе сака да дојде со мене -.- одвај ќе се наговориме за на некоја претстава и толку, а јас баш би сакала сите да ги изгледам :D
--- надополнето: 19 ноември 2011 во 20:33 ---
Абе 3 кафиња ако треба ќе испијаат денес и 2 кутии цигари ама театар јок.Оваа претстава да ја стават на репертоар во прилеп ако треба сам ќе одам и ќе ја гледам.

И мене некогаш ми доаѓа сама да си отидам во театар значи...
--- надополнето: 19 ноември 2011 во 20:35 ---
А да, и за претстава пари ич не жалам, со ќеф ги трошам. Крвта не е вода на пример, 4 пати досега ја имам гледано и пак ми е интересна и пак ќе ја гледам.
 
Луѓе, ако му треба некому друштво за театар може да се организираме овде и заедно да одиме ако сакате :D и јас го имам истиот проблем, не можам секогаш да најдам некој што ќе сака да дојде со мене -.- одвај ќе се наговориме за на некоја претстава и толку, а јас баш би сакала сите да ги изгледам :D
--- надополнето: 19 ноември 2011 во 20:33 ---

И мене некогаш ми доаѓа сама да си отидам во театар значи...
--- надополнето: 19 ноември 2011 во 20:35 ---
А да, и за претстава пари ич не жалам, со ќеф ги трошам. Крвта не е вода на пример, 4 пати досега ја имам гледано и пак ми е интересна и пак ќе ја гледам.
Одлична ти е идејава, и јас сакам да ги изгледам сите претстави, сега младиве се ептен амбициозни, сакам да ги гледам и тие во Хавана што играат, исто и младите од Театра што самите све си направија, секоја чест за дечките, и нормално сите претстави од МНТ и Драмски :)
 
:D Навистина ако сакате може да си се договараме за на претстави и да ги изгледаме сите, јас сум ЗА :D

А да, и секоја чест секако за сите и за Драмски, МНТи Театра и од Академска Сцена... значи браво за сите
 
Најсериозен сум, и јас сум за, ќе се договориме некој ден сеа морам да искачам ;)
 
Најсериозен сум, и јас сум за, ќе се договориме некој ден сеа морам да искачам ;)

Епа супер тогаш, обавезно се договараме за некоја ;) ајде убав помин вечерва :D
--- надополнето: 19 ноември 2011 во 20:58 ---
Инаку Грев или шприцер (таа од пред 20 год) може да се погледне овде
http://mesto.com.mk/video/5YK41O4D8YW7/ http://mesto.com.mk/video/5YK41O4D8YW7/

Не знам колку новава верзија се разликува од оригиналот но сигурна сум дека е исто толку добра и квалитетна и вреди да се погледне.
--- надополнето: 19 ноември 2011 во 21:18 ---
Мал дел од Темпирана опера. Јас лично ја немам гледано, но ми се допаѓа изведбава.http://www.facebook.com/photo.php?v=10150117844064706
http://www.facebook.com/photo.php?v=10150117844064706
 
ТЕМПИРАНА ОПЕРА
Автор на текстот: Васил Христов
t20062_TEMPIRANA-OPERA-flaer-predna.jpg

Режија: Васил Христов

Актери:
Сашко Коцев
Јелена Јованова
Емил Рубен
Драгана Босниќ - Миленковска
Игор Стојчевски
Кристијан Светиев
Атанас Атанасовски
Нина Деан
Софиа Насевска
Соња Стамболџиевска
Гораст Цветковски
Марија Новак
Драгана Костадиновска
Кирил Коруновски
Александар Микиќ
Арна Шијак
t144265_IMGP3385_.jpg
t144271_IMGP3628_.jpg
t144264_IMGP3345_.jpg
t144263_IMGP3320_.jpg

http://www.facebook.com/photo.php?v=10150117844064706
--- надополнето: Nov 20, 2011 5:14 PM ---
СВАДБАТА НА ФИГАРО
Автор на текстот: Пјер - Огистен Карон де Бомарше
384823_254120701302994_104064729641926_713791_1417877128_n.jpg

Режија: Леван Цуладзе
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Модна куќа “КОКЕВ & KAДРИУ”
Актери: Нино Леви - Грофот
Николина Кујача - Грофицата
Сашко Коцев - Фигаро
Сашка Димитровска - Сузана
Славиша Кајевски - Корубин
Драгана Костадиновска - Фанчета
Томе Витанов - Дон Бартоло
Марија Новак - Марчелина
Кирил Поп Христов - Дон Гусман
302435_234139466634451_104064729641926_652505_1580499297_n.jpg

--- надополнето: Nov 20, 2011 5:41 PM ---
РОМЕО И ЏУЛИЕТА
Автор на текстот: Вилијам Шекспир
igor31.jpg

Режија: Лилиа Абаџиева

Актери: Игор Стојчевски - Џулиета
Сашко Коцев - Сињор Капулети
Оливер Митковски - Сињора Капулети
Славиша Кајевски - Тибалт
Дениз Абдула - Ромео
Мартин Петровски - Парис
Бојан Кирковски - Меркуцио
Николче Пројчевски - Дадилка на Џулиета

“Ромео и Џулиета” или, љубовен копнеж во кој репликите ги разменуваат апсурдот, надежта и смртта.
84139E0D6A5DDF4C88FA0370AF62A428.jpg

--- надополнето: Nov 20, 2011 5:52 PM ---
КРВТА НЕ Е ВОДА
Автор на текстот:Сашо Кокаланов
188139_210094632364623_3549431_n.jpg

Режија: Сашо Миленковски
Улоги:
Сашко Коцев - Јасен
Игор Сојчевски - Павел
Гораст Цветковски - Антон
Ванчо Петрушевски - Тајчи
Билјана Беличанец - Алексиќ - Донка

„Крвта не е вода“ е љубовна приказна меѓу несудени брат и сестра, љубовна приказна меѓу двајца стари пријатели и нови непријатели, меѓу полицајци и проститутки, колпортери и таксисти. Централна фигура е необичен колпортер. Останатото е нашето класично милје на политичка поделеност, воопшто, табори - политички, спортски, етички, неетички - поделеност на поделени и неподелени - една мечта. Бразил. Во оваа пиеса Бразил е посакуваната дестинација. Имаме одличен текст, одлична актерска екипа.
--- надополнето: Nov 20, 2011 6:22 PM ---
ХАМЛЕТ
Автор на текстот: Вилијам Шекспир
41788_136906333004340_4550_n.jpg

Режија: Дејан Пројковски
Улоги:
Дејан Лилиќ
Бранко Ѓорчев
Катерина Коцевска
Драган Спасов - Дац
Игор Стојчевски
Викторија степановска
Филип Трајковиќ
Лазе Манасковски
Игор Ангелов
Никола Ацески
Игор Георгиев
Александар Ѓорѓиевски
Слободан Трендов
IMGP1639.JPG
148311_149478218433910_104064729641926_254815_3767661_n.jpg

155426_149478265100572_104064729641926_254818_6500364_n.jpg
163070_149478318433900_104064729641926_254821_5163926_n.jpg
188834_177480708966994_104064729641926_409407_1607272_n.jpg
179493_164243420290723_104064729641926_334159_1481762_n.jpg

--- надополнето: Nov 20, 2011 6:36 PM ---
ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР
Автор на текстот: Сашко Насев
305490_249009931814071_104064729641926_697018_1154137210_n.jpg

Режија: Деан Дамјановски
Улоги:
Драган Спасов - Дац
Билјана Беличанец- Алексиќ
Зоран Љутков
Роберт Вељановски
Сашо Тасевски
Маја Вељковиќ - Пановска
Билјана Драгичевиќ - Пројковска
Јана Стојановска/Ана Стојановска
Мартин Јордановски
792605_b_02-1.jpg
458043_b_01-1.jpg
 
извинете колку беше цена за во Драмски.. ми текна после долго време да го посетам театарот знам едно време беше 150 денари карта дали е сеуште така?
 
извинете колку беше цена за во Драмски.. ми текна после долго време да го посетам театарот знам едно време беше 150 денари карта дали е сеуште така?

Редовна цена на билетите во Драмски е 250 денари, за студенти има попуст, со студентска легитимација/индекс е 150 денари. Исто и со ISIC картичка има попуст. А премиерите се 300 и не знам за нив дали има попуст.
 
фала ти многу на информацииве:))
 
фала ти многу на информацииве:))

Нема за што, за тоа е и темава ;) Се надевам ако погледнеш некоја од претставите ќе споделиш впечатоци со нас :)

--- надополнето: Dec 4, 2011 2:07 PM ---
Промена на репертоарот во Драмски:

20 дек (20.00) Како да ја убиеш сопругата и зошто
Автор : Антонио Амури

22 дек (20.00) Олово на перница
Автор :Венко Андоновски
Режија :Димче Николовски

23 дек (20.00) Баал
Автор :Бертолт Брехт
Режија :Мартин Кочовски

--- надополнето: Dec 4, 2011 2:10 PM ---

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР (ДЕКЕМВРИ)

9 декември
СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ (20:00)

10 декември
ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА (20:00)

12 декември
4.48 ПСИХОЗА (20:00)

13 декември
ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА(20:00)

14 декември
БУРЕ БАРУТ (20:00)

15 декември
БЕСОВИ (19:00)

16 декември
СВАДБАТА НА ФИГАРО (20:00)
4.48 ПСИХОЗА (20:00) - ГОСТУВАЊЕ ВО ОХРИД

17 декември
ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА(20:00)

19 декември
ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (20:00)

20 декември
СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ (20:00)

21 декември
РОМЕО И ЏУЛИЕТА (20:00)

22 декември
ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА(20:00)

23 декември
СВАДБАТА НА ФИГАРО(20:00)

24 декември
СВАДБАТА НА ФИГАРО(20:00)

25 декември
СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ (20:00)

26 декември
ЕЕГ (18:00)
ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА (20:00)

27 декември
БУРЕ БАРУТ (20:00)

28 декември
ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА(20:00)

29 декември
РОМЕО И ЏУЛИЕТА(20:00)

30 декември НОВОГОДИШЕН ТЕАТАРСКИ МАРАТОН
ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА(12:00)
САЛИЕРИ(17:00)
БЕСОВИ(19:00)
 
Вечерва одам во театар, по не знам си колку години :vozbud:
Ќе ја гледам ЕЕГ во МНТ...
Ја има ли некој гледано или јас ќе пишам прва впечатоци? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom