Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Да го спомнеме и овој незаборавен Македонски бранител што загина за сите нас и за нашата Македонија... Вечна ти слава!




• СПОДЕЛЕТЕ ВО ЗНАК НА НЕЗАБОРАВ И ПОЧИТ КОН ДЕЛОТО НА ЃОКО ЛАЗАРЕВСКИ •

На денешен ден пред точно 16 години (23.07.2001) бранејќи го неродениот син, селаните, Лешочкиот манастир и Македонија загинува ЃОКО ЛАЗАРЕВСКИ (†30, Лешок) од терористички истрел. Тој и неговите другари давале отпор со цел да обезбедат сигурен премин на соселаните во соседното Жилче.

Тој го бранеше своето село од терористите на ОНА. Пред 16 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на слободата на Македонија. Пред 16 години, Ѓоко Лазаревски го даде својот живот за неродениот син, за селаните, за Лешок, за Македонија. Незаборавен, од оние што знаат дека нема поголема доблест и нема поголема вредност од тоа да се сака ближниот и да се сака татковината повеќе од самиот себе. Токму такво е делото на херојот Ѓоко Лазаревски.

Лазаревски е еден од македонските херои на поновата историја кој со својот живот ја покажа лојалноста кон неговата татковина. Како резервист Ѓоко сам се пријавува и оди да се бори за својата татковина. Тој и четворица негови другари неколку дена активно го бранат селото од нападите. Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност, храбро соочувајќи се со нападите.

Успева да ги задржи терористите на ОНА, за да може селаните да се евакуираат и останува последен. По неколкудневната борба, Лазаревски е свесен дека повеќе неможат да го издржат притисокот и да возвратат на нападите. Тој им јавува на селаните и неговите најблиски да се евакуираат што е можно побрзо. Овој голем човек, останува храбро да се бори до крај. Погоден во главата, Ѓоко ја завршува својата битка за Македонија.

Поради неможноста да биде погребан во родниот Лешок, кој во тоа време е освоен од терористите на ОНА, вечното почивалиште на Лазаревски се наоѓа на гробиштата во Ѓорче Петров. По убиството на Ѓоко и освојувањето на Лешок терористите на ОНА ќе го срушат и Лешочкиот Манастир. Неможноста да биде погребан во своето родно село тешко ја погоди неговата мајка.

Последните зборови на Лазаревски „Не Ве остава Ѓоко Вас", оставија траен белег кај неговите другари кои и во последните моменти беа со него, кај сите кои го познаваа, но и кај оние кои се свесни за неговото херојско дело.

Многумина неговото дело го препознаваат во стиховите од поемата „Сердарот": „Бидете смели, нечесноста не ќе не плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја и нека срцата охрабрат Ваши". Делата на Лазаревски, како и на сите останати вечно ќе се паметат.

Херојството на македонските синови и нивната жртва ќе остане засекогаш запишана во македонската историја.

Ти беше храбар човек кој во ниеден момент не се поколеба за одбрана на својата татковина. Ти си херој на оваа држава! Никогаш нема да те заборавиме! Почивај во мир и вечна ти слава

ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО!
20228974_1529639000412986_5776636719084591576_n.jpg

gjokolazarevskr5q9d1tbke.png
 
Не е битно која сум,ме знаеш ти мене убаво уште многу одамна овде на темава

Епа баш оти те знам, знам оти сликата со Клецко и припадниците на пСо е исто време кога ти си имал едно 2-3 години, така да за тебе Клецко не бил, а не, не беше, кога збориш беше изгледа како да сте вие генерација.позз
 
Точно така кецко никогаш не беше во никоја единица а носеше беретка на волците а незнам поради која причина.Инаку е мастер во карате и незнам која друга кинеска вештина беше.
Мислам дека тренира само јапонки вештини, БУДО, во последно тие самурајските (Кендо....).
П.С Кеско, не Кецко, така јас го знам
 
Епа баш оти те знам, знам оти сликата со Клецко и припадниците на пСо е исто време кога ти си имал едно 2-3 години, така да за тебе Клецко не бил, а не, не беше, кога збориш беше изгледа како да сте вие генерација.позз
Па 2-3 баш не малку повеќе.И шо има врска јас како ќе се изразам кога тоа шо го пишувам е точно.И знам дека ти си ми најголемиот хејтер на мене тука уште пред 4 години,оти пак ќе кажам неможеш да се помириш со тоа некој на моја возраст толку да знае за таа област и тематика.
Позз[DOUBLEPOST=1501634987][/DOUBLEPOST]
Мислам дека тренира само јапонки вештини, БУДО, во последно тие самурајските (Кендо....).
П.С Кеско, не Кецко, така јас го знам
И така и така го викаат ;)
 
Да не знае некој за во кој специјални единици има конкурс следната година?
 
Ме интересира за следната година,и што е со законов за јазици?? Новите униформи двојазични...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom