Цивили и војници, сите се еднакви и само броеви при селекцијата за специјалци. 24 дена поминуваат низ ригорозна селекција, низ тревоги, експлозии, низ кал и оган, се спуштаат во ендеци, спијат само два часа дневно.
„Ние мора да ги видиме границите нивни до кај се, колку можат да издржат“, рече инструктор, Полк за специјални операции на АРМ.
„Ние мораме да извадиме максимум од него, за да знаеме утре со каков човек од нашите редови имаме работа“, додаде друг инструктор.
Сите кандидати имаат силна желба да носат беретка на Полкот за специјални операции на АРМ.
„Можете да видите што се треба еден кандидат да поседува, а пред се тоа е карактер, тимски дух, мотивација, волја, и секако физичка подготвеност“, изјави командант полковник Зоран Додевски.
„Приливот е добар, имаме добар квалитет, момците од Македонија се добри специјалци“, додаде Додевски.
Завршувањето на овој 24-дневен селективен курс е само билет за натамошната обука за специјалци на АРМ.
Секој кандидат за специјалец кој мисли да се откаже од овој курс, треба да заѕвони на ѕвоното.
Оние момци кои пет години успешно ја извршуваат мисијата во Ирак, сега чекаат наредби за нова мировна операција, најверојатно во Авганистан.
Нивната обука е дури поригорозна од онаа на британските специјални единици САС или американските Зелени беретки.
видеото го ставив и на ју тјуб, ке го стаам и тука после... зверови!!!
 еве го видеото а ју тјуб...тешка селекција...мнооогу тешка...