Чудо едно од сета словенска популација која постои денеска во Европа и која не е така мала бројка само Македонците го негираат своето словенско потекло, ги негираат документите, научниците (дури и своите) дека постоела преселба на народите, освојување на територии. Зарем желбата да се биде потомок на еден освојувач кој на крај изгубил се, кој ја пропагирал културата која не била негова (бидејки се знае дека Александар не бил Грк) е толку голема што се заборава односно с еништи навистина обемната историја, култура. Се ништат браќата Кирил и Методиј, Наум и Климет, Самоил и други дејци кои го прокламирале словенското писмо, култура или сега ке излезе дека и тие не пишувале тоа што пишувале.
Неоспорно е дека денешното македонско население е мешавина од затекнатите домородни племиња и од словените кои полека се доселувале, неоспорен факт е дека македонското население зборува јазик кој припаѓа на словенската група јазици, дека писмото кирилица припаѓа на словенската група азбуки (руска , српска).
Ако сам себе си ја негираш историјата тешко е да очекуваш друг да ти признае.
Доколку самиот не си ја знаеш и не си ја истражуваш историјата, тогаш немаш друг избор освен да веруваш во она што ќе ти го издиктираат другите.
Историјата, во најголем дел е заснована на интерпретацијата на аргументите.
Таа интерпретација може да биде:
а) правилна
б) неправилна..
..кое што произлага или од недоволните информации и непознавање на ситуацијата карактеристична за тие времиња или може да биде свесно манипулирана и тенденциозно прикажувана за да се извлече корист од истата во даден момент.
Не попусто некој рекол, дека историјата ја пишуваат победниците.
Досега, сите светски историчари и катедри зборуваат за теории, т.е. претпоставки.
А не знам за какви “документи“ збориш. Јас како што знам, секој може да запише што сака, а тоа не мора да одговара на вистинската состојба која ја опишува.
Секој индивидуалец, разумен и едуциран, самиот е способен да оцени каде му е местото во светската историја. А не самиот да биде нем набљудувач и пасивен учесник во нејзиното кривотолкување.
Еден парадокс, кој често го спомнувам.
Денеска во Јужна Америка, па и Северна, се користат европски јазици - шпански, португалски, англиски и француски.
Меѓутоа, дали денеска некој може да им го оспори идентитетот на потомците на Маите, Ацтеките, Инките или Индијанците и сл. правејќи ги европејци?
А има ли логика еден денешен Индијанец во Канада кој говори англиски или француски да пише дека е доселеник од Европа кој добил име од азиска држава?
Зошто Македонецот неможе да биде Македонец, во чија етногенеза нормално дека можат да се надоврзуваат повеќе елементи, меѓутоа неговата свест за припадност и слободно декларирање е еднозначна како - Македонец?
Зошто, се инсистира само на Македонците да им се потенцира предзнакот - Словенски?