Еј... Македонски Народни Приказни... ептен ги сакам, ме потсеќаат на детството.
Сеа незнам дали ке ги погодам насловите:
"Двајцата скржавци" - со двајцата ми омилени глумци од приказниве, Ѓорѓи Колозов и Ванчо Петрушевски... коа ке бидат скржави... и Колозов ке му отиде на гости да си се запознаат, пошо нели... иста сорта се... и си праат муабет и Колозов коа ке одвали
"Си слушнал ли ти за Лазар Бараков од ...(некое си село)
... еее, тој ти е поголем икономиста (така се нарекуваа, наместо скржави)
од нас двајцата заедно... леб не јаде, чај не пие - мрсен му бил." 
"Жената што го пукна ѓаволот" - со Шенка Колозова и опет Ванчо Петрушевски како ѓаволот... нешто ке се караат, ке се инатат... и ке почнат да се маваат со камења... е еве ти го ѓаволот, со тажна фаца
"Ејјј... шо мааш мори со толкави камења, види ја каква е... ја тука со мали камчиња... е ке си одам, не си играм со тебе веќе." :pos2:
"Сиромавиот што се стори цар" - е оваа приказна ми е, убивање од смеење... Колозови, Ванчо и Гоце.... Ѓорѓи коа ке му завидува на царот и коа ке увиди дека да се биде цар требало
"Пиј си тутун, пиј си каве... азното само ке си дојде"... и коа ке и отиде дома на Шенка, коа ке почне да и се занесува
"Од денес ке се сторам цар... видов ја, тоа не ми ти било ништо... цар ко цар..." или
"Фати ме под мишки да ме преместиш на другото столче чунки сонцето ми се сврте од другата страна" и Шенка греотка се искилави додека го премести и цела нервозна му ја тупна капата на глава на чакнатиов и овој реакција:
"Не така мори... си се сончам." :pos2:
А има еден моменат у приказнава Ѓорѓи коа ке се симиња по една падина и се држи за дрво... меѓувреме се дере по другарите дека царот иде... и му се лизга ногата, а со раката уште се држи за дрвото... леле луѓе, еден крик коа ке испушти... абе се мочам од смеење... а се глеа по реакцијата на другите, дека не е во сценарио тоа.
Сеа вака раскажано можда и не звучи смешно, ама затоа ако имате шанса глејте ги овие три приказни... а ако ги имате на касета или DVD или можда линк некој, пракајте порака... пошто ги убив од барање.