Македонски менталитет

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Е што да правам кога се ме интересира и сум жива енциклопедија :icon_lol:.
Добро сега проблемот е во тоа што луѓево мислат дека знаат а уствари не знаат, и очајнички се обидуваат да го докажат тоа, според мене ако не излегува со леснотија од себе тоа знаење и сигурност без опсесивно наметнување тогаш тоа не е знаење и сигурност во таа одредена област туку шарлатанство.

Ова од искуство го напиша:smir:
 
Сезнајковци,нашиот народ се разбира од се и сешто.Од медицина,економија, архитектура,машинство...Еден човек знае се и секаде го пика газот!Затоа македончето е секогаш од ебаната страна.

SIGN !!!
 
Сезнајковци,нашиот народ се разбира од се и сешто.Од медицина,економија, архитектура,машинство...Еден човек знае се и секаде го пика газот!Затоа македончето е секогаш од ебаната страна.

Не случајно важиме за големи балкански љубовџии/ки...барем сите за тоа не фалат
 
-Љубомора и тоа ектремна...
-Предавништво е најголема извозна гранка во Македонија
-Страв и газолижарвство на секакви квазиавторитети
-А да ако го направам ова „што ќе речат комшиите“
-„Единство“ е тоа беше пуљара на времето нели?
-Македонски Менталитет чувај боже од таа клетва :pop:
-Над Македонскиот Казан во Пеколот нема Ѓаволи да ги тепаат тие што ќе се качат погоре да излезат зошто кај Македонците секој што ќе се качи малку погоре го влечат оние од доле. :pos2:
 
-Љубомора и тоа ектремна...
-Предавништво е најголема извозна гранка во Македонија
-Страв и газолижарвство на секакви квазиавторитети
-А да ако го направам ова „што ќе речат комшиите“
-„Единство“ е тоа беше пуљара на времето нели?
-Македонски Менталитет чувај боже од таа клетва :pop:
-Над Македонскиот Казан во Пеколот нема Ѓаволи да ги тепаат тие што ќе се качат погоре да излезат зошто кај Македонците секој што ќе се качи малку погоре го влечат оние од доле. :pos2:

vo pravo si celosno
 
македонски менталитет, што да пишувам??? се е кажано во овие 8 страни
*самобендисани
*сезнајковци
*љубомората требаше прва да ја стаам ама нема везе
*ДА МУ УМРИ ОВЦАТА НА КОМШИЈАТА
*сине гледај бутни се, битно е да успееш
*еј, комшивката знаеш шо имаше за ручек?
..
...
...листава е предолга стварно и не знам со кое да завршам...?!
прочитав нешто интересно на првата страна ама не се сеќавам од кој беше, вика: македонците што отишле во америка, австралија и европските земји имале друг менталитет! ГООООЛЕМА ГРЕШКА (според мене-не сум екперт) живеам во општество во кое пола население е во странство и во лето кога ке дојдат кој од кој покултурен-вози кола ние каква што немаме видено во животот (БМВ инаку) ја пуштил музиката скроз и си врти цеееееееел ден низ град, шиба ко не знам што и мисли на господ за јајца го фатил.....го прашуваат: правиш ли вака таму кај што живееш??? тој: неееее...таму има закони-ОМГ..да ти ја е**м културата што си ја стекнал додека си бил таму.
друг пример-се вози така со колата и постојано свири на девојчиња...следува прашање: свириш ли така по девојчиња во ГЕРМАНИЈА? тој: неее бе зашто да свирам?!?.........................има многу вакви ситуации, таму имало закони а тука нема ништо демек дивиот запад сме-па можеби сме ама сами си го правиме тоа јбг....
после сето ова некој ке ми каже дека тие што излегле се други и со друга (подобра) култура?? не постојат аргументи да ме убедат бидејќи сведок сум на ова и гледам што се случува....
 
Да бе само Македонците се такви и онакви, другите се ебено перфектни!
Луѓе, ова е Балкан, сите сме такви. А, поарно Балканец одколку заледен Еурогеец!

Најголем проблем на нашиот менталитет е што ние не си го сакаме нашето (не се сакаме самите, потценуваме се што е наше, исмеваме и.т.н.) туку секогаш го сакаме (повеќе вреднуваме, возвишуваме, се восхитуваме и.т.н.) туѓото.

И веќе кога лепите секакви етикети кои најчесто се негативни, да ве потсетам дека и вие сте единки кои се дел од споменатиот менталитет и вие учествувате при давањето на една општа слика за истиот кој веќе е изграден со ваша/наша помош.
Значи со лепењето на секаквите негативни етикети си тргувате од самите себе, за тоа вие какви сте, за вашето опкружување кое што во никој случај неможе да даде вистинска слика за нашиот менталитет во глобала.

На крај краишта мислам дека странец може најдобро да каже какви сме и што сме.
 
Ништо полесно од тоа да го обвиниш менталитетот за своите индивидуални мани.Абе Македонче бе! :icon_bigg
 
Менталитетот е како златникот во фамилија кој се пренесува од колено на колено. Како и да е,современиот начин на живот,напредоците,проговорувањето во јавност за една скромна но важна селекција на табу теми си наметна со себе една поинаква палета.
Факт е дека сме светлосни години поназад од водечките и развиените земји,но тоа не значи дека таму нема луѓе кои патат од гореспоменатите синдроми. Ајде македонче,улогата на жалче добро ти прилегала години наназад па зошто да не функционира и сега.
Да бидеме реални,баба ми која има 76 години, не може допрва да ги сфаќа „модерните“ луѓе. Таа изродила деца на прагот,со соседката пиеле кафе,ќе се прошетале на мегдан,ќе потрачарат,ќе поплетат.
Јас како клучен фактор за промена на постоечката ситуација би го навела образованието,тоа донекаде не ослободува од догматските стеги и го проширува видното поле,размислуваме подлабоко и посуштински за животот. Велам донекаде затоа што не е доволно да се има 9.9 просек на факултет па да се вели- Јас сум брате светски човек,начитан,кога по чукањето на гради ќе земе да секне нос со палец и показалец среде улица,а за тоа постои марамче.
Не би сакала да осудувам некого,или пак да плукам по македонската нација и да кажувам едно исто с***е како 118 пост како што кажа Лејди Сатори над мене,прво почнете од себе,престанете да посакувате и да завидувате на нешто што не ви припаѓа,прекинете да се омаловажувате затоа што нема да добиете тапшање по рамо и климкање со глава,трудете се да бидете единствени и подобри луѓе за вас а не да бидете копии на вашите дедовци и баби ,затоа што ако продолжиме со македонскава деволуција,многу брзо ќе се актуелизира чергиче трендот.Со лаптопот во скут секако на фејсбук,следејќи ги најновите вести.

[video=dailymotion;x2kwjh]http://www.dailymotion.com/video/x2kwjh_korn-evolution_music[/video]
 
Јас изгледа длабоко во моето потекло немам Македонски корени, ако судиме според тоа колку од наведените карактеристики ги поседувам односно немам ниту една од наведените Македонски карактеристики што го креираат Македонскиот менталитет. Можеби сум исклучок или пак премногу се генерализира околу Македонскиот менталитет.:raz:

istoto mi se desava i mene .....zatoa cudno me gledaat makedoncive , duri nekoi reagiraa u smisla : " abe ne se pravi kulturna , ova e Mk , pravi sto ti dusa saka "
 
заборавивте да кажете - Плукање по форуми....(се зезам)
цело време зборувате за лошите страни и лошиот менталитет, и константо споредувате со запад или некои други држави.
Еве на пример ние сме дааалеко по гостопримливи од западњациве, не сме ладни како народ,дружељубиви сме,се забавуваме често, и како најважно од се иако немаме кеш,кола,стан итн. ние пак сме си насмеани...
Поздрав..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom