Менталитетот е како златникот во фамилија кој се пренесува од колено на колено. Како и да е,современиот начин на живот,напредоците,проговорувањето во јавност за една скромна но важна селекција на табу теми си наметна со себе една поинаква палета.
Факт е дека сме светлосни години поназад од водечките и развиените земји,но тоа не значи дека таму нема луѓе кои патат од гореспоменатите синдроми. Ајде македонче,улогата на жалче добро ти прилегала години наназад па зошто да не функционира и сега.
Да бидеме реални,баба ми која има 76 години, не може допрва да ги сфаќа „модерните“ луѓе. Таа изродила деца на прагот,со соседката пиеле кафе,ќе се прошетале на мегдан,ќе потрачарат,ќе поплетат.
Јас како клучен фактор за промена на постоечката ситуација би го навела образованието,тоа донекаде не ослободува од догматските стеги и го проширува видното поле,размислуваме подлабоко и посуштински за животот. Велам донекаде затоа што не е доволно да се има 9.9 просек на факултет па да се вели- Јас сум брате светски човек,начитан,кога по чукањето на гради ќе земе да секне нос со палец и показалец среде улица,а за тоа постои марамче.
Не би сакала да осудувам некого,или пак да плукам по македонската нација и да кажувам едно исто с***е како 118 пост како што кажа Лејди Сатори над мене,прво почнете од себе,престанете да посакувате и да завидувате на нешто што не ви припаѓа,прекинете да се омаловажувате затоа што нема да добиете тапшање по рамо и климкање со глава,трудете се да бидете единствени и подобри луѓе за вас а не да бидете копии на вашите дедовци и баби ,затоа што ако продолжиме со македонскава деволуција,многу брзо ќе се актуелизира чергиче трендот.Со лаптопот во скут секако на фејсбук,следејќи ги најновите вести.
[video=dailymotion;x2kwjh]http://www.dailymotion.com/video/x2kwjh_korn-evolution_music[/video]