Македонски менталитет

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
За менталитетот на македонецот на овие простори

Boris_Sarafov.gif

ништо не му фали, напротив...мил ми е и дел сум од тој менталитет.

За менталитетот на другите народи на овие простори (на кои припаѓаат другите форумџии освен македонците) го мислам истото...ништо не му фали, а дел е од еден голем и шарен мозаик.
Ако некој се срами од него, се срами од себеси и претците, а тоа е веќе негова лична работа.

Постојат и гранични премини -Табановце, Деве Баир, Ќафасан...
 
ФАЛИ МЕ УСТО -ЗАР ЌЕ ТЕ РАСЧЕПАМ!:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Македонија е рај: посадиш ли нешто - вирее. Имаме повеќе од 300 денови сонце во годината. Имаме вода за извоз. Имаме природни убавини на претек. Велат, Господ кога се симнал на Земјата да ја гради, во Македонија направил место за одмор.

Значи, нашава земја е прекрасна, најубава и најдобра.

И нема зошто да се трудиме да правиме нешто друго, нели? Немаме потреба да се докажуваме, да работиме напорно, да се трудиме, да се истакнуваме... Имаме сè што ни треба и повеќе - затоа сме толку гостопримливи.



Е сега, кога ќе видиме дека некој *нема* толку многу и мора да работи многу повеќе за да се докаже, одеднаш му смислуваме `рчки, го озборуваме, му правиме сопки од љубомора... Сè зашто тој другиот е навикнат со работа да го печали својот леб и со труд да се покаже, за разлика од нас, кои сме се родиле на прекрасно место и мислиме дека тоа е доволно.

Секој, којшто не мора многу да работи за да преживее, станува мрзлив и огорчен. Ова важи за секого, без ралика од каде е, без исклучок.



Значи, ние Македонците сме благословени што сме се родиле на ова парче земја, но мораме да разбереме дека не се сите толку среќни. И дека другите луѓе работат многу повеќе и постигнуваат многу повеќе. И дека не е доволно само *од каде си*, за да бидеш признаен (феудализам) - многу е поважно *што ќе направиш*, за да бидеш признаен (капитализам).

Со други зборови: Македонскиот „менталитет“ не е ништо другу туку само мрза. Знам многу Македонци кои се многу работливи и *никој* од нив не се замара со озборување и кроење завери против други - едноставно немаат време со тоа да се занимаваат, зашто имаат поголеми планови од тоа.



Затоа почнете зборот „менталитет“ да го заменувате со „мрза“. И сè ќе биде многу појасно и ќе знаете што ќе треба да направите за тоа да го промените на подобро.
 
Го кудам секој нереален фалбаџија,затоа што ако не сакаме да се воздигнеме од слабостите кои ги имаме, нема никогаш да одиме напред.А ако поединци или групи се сметаат за авангарда или настапуваат во име на државата, што значи тоа.Сакокритичноста е услов за одење напред.Гледајте ги американците во нивната надменост! Нема уште долго да се перчат.Видете ги резултатите во последните години до кризата а и по неа.
Фалбаџиството значи доблест.???

Човекот требе пред се да се стреми како единка да се избори за статус во средината каде што опстои и пошироко.Тој како единка е она што го проценуваат оние со кои контактира.:helou:Чопоративноста е одлика на пониската врста на цицачи.
 
Никој не се фали со менталитетот и припадноста, но секој се гордее или треба да се гордее (зависно од домашното воспитување). Американец не е ниту менталитет ниту припадност туку збирштина од менталитети од многу народи.
Ако ти се гордееш со плукање по македонското, евала, нека ти е на чест -опозициски синдром.
 
Значи колку предвидлива работа, а се спомне македонски менаталитет одма се удира на озборувањето,а што само во Македонија се озборува??????Цел свет пати од таа болест не само Македонија и Балканот.
Башка ајде нека удри некој една дефиниција што всушност претставува нашиов менталитет,штом како поим постои мора да има карактеристики нели?Само проблемот е што се удира една лоша генерализација,Американците се глупи а Македонците трачари...да бе да...
Само за една групна карактеристика сум сигурна-гостопримството,за се останато не можам да генрализирам зашто навистина навлегува во индивидуалната сфера на човекот.
 
RocknRolaa не е дека во остатокот од светот не се оговара... Ама ние сме онака апла озборувачки настроени.
 
Сезнајковци,нашиот народ се разбира од се и сешто.Од медицина,економија, архитектура,машинство...Еден човек знае се и секаде го пика газот!Затоа македончето е секогаш од ебаната страна.
 
RocknRolaa не е дека во остатокот од светот не се оговара... Ама ние сме онака апла озборувачки настроени.

Никогаш нема да се сложам со тоа,сегде се озборува,ама баш сегде освен можеби во Норвешка кај што луѓето комшиите не си ги знаат,тоа е општа болест и нема потреба сами себе да си ја припишуваме како главна карактеристика.Не за џабе жолта штампа рулз сегде во светот.
Освен тоа ако веќе човек сака да ме убеди во оваа работа нека земе пример,нека каже јас сум живеел таму и таму и луѓето навистина не озборуваат колку овде.

Сезнајковци,нашиот народ се разбира од се и сешто.Од медицина,економија, архитектура,машинство...Еден човек знае се и секаде го пика газот!Затоа македончето е секогаш од ебаната страна.

Е за ова се согласувам.:smir:
 
Сезнајковци,нашиот народ се разбира од се и сешто.Од медицина,економија, архитектура,машинство...Еден човек знае се и секаде го пика газот!Затоа македончето е секогаш од ебаната страна.
Е што да правам кога се ме интересира и сум жива енциклопедија :icon_lol:.
Добро сега проблемот е во тоа што луѓево мислат дека знаат а уствари не знаат, и очајнички се обидуваат да го докажат тоа, според мене ако не излегува со леснотија од себе тоа знаење и сигурност без опсесивно наметнување тогаш тоа не е знаење и сигурност во таа одредена област туку шарлатанство.
 
Жолта штампа рулз сегде, ама никаде во странство луѓето немаат време да се замараат со животите на комшиите.
Имам роднини во Канада и пријатели во Австралија кои кажуваат дека немаат време едно пиво на раат да испијат со комшиите, а не пак да седнат на кафе и да земат да ги озборуваат тие што живеат спроти улица.

Негирај колку сакаш... Ама да излезеш низ центар да поминеш облечена во нешто многу впечатливо неколку пати, пола Скопје ќе разбере за девојката со чудната облека за која ќе почне веднаш да се трачари.
 
Ми текна на вицот со циганчето и бурекот(без навреда)....
Може ако поминам облечена како циркузант и во Словенија ќе ме истрачарат...
Да се изразам подобро,не дека само ние трачариме но средината кај нас е многу мала,за секој се знае по нешто,во средина каде имаме за жал многу слободно време и мал простор многу бргу се шират озборувањата.
 
Нема навреда де. Не сум бил и не зборам од лично искуство, ама затоа зборам од искуство на блиски роднини и пријатели.
Туку, заклучок од она што го кажа... Имаме премногу слободно време и го исполнуваме со трачарење. И кога ќе видиш, тоа ни е една од главните одлики.
Можеби не лично твоја, ама на 97% од македонците е.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom