Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Рокер тепа на Идол....ОМГ....... можеби има спас за македонската музика:)
Мој фаворит беше Мики, повеличенсвен ми беше, ама и победата на Иван не е незаслужена. Идолчево изненади, се мислев некој пацер ќе тепа:)
 
Кој и да победеше од овие двајца заслужено ќе беше, дефинитивно беа најдобрите двајца.
Можеби бев повеќе за Мики, но сепак многу ми е мило за Иван и се надевам дека ќе изгради добра кариера во иднина.
 
Јас повеќе бев за Мики, но Иван одлично пее, така што задоволна сум. Нека им е со среќа и на двајцата им посакувам успешни кариери за македонски стандарди, па и чак што више од тоа. :)
 
Не ми е жал што победи Иван, мада повеќе бев за Мики, велешко дете :) Да победеше Дејан, гарант ќе пцуев. Него, цел идол тупеа и дрвеа дека награда за победникот ќе биде курс по Англиски во Лондон, и наеднаш од ведро небо кажуваат и тоа на самиот крај, дека ќе има и снимање на албум и договор со А1 телевизија:unsure:
Како и да е, нека му е со среќа на Иван победата, неможам да речам дека не е заслужена иако мој фаворит беше Мики од самиот старт :love:
Другата година несакам да има, затоа што овие ќе останат во сенка, треба да им дадат фора, барем една година да се паузира додека овие си стекнат публика, снимат албуми и направат по некој концерт :) А и малку повеќе да средат со организацијата, овој пат имаше доста пропусти, башка што и жирито ме разочара.
 
Честитки за Раденов, а и другиот дечко да победеше ќе беше заслужено...во секој случај пуни сме таленти, ама немаме пазар/пари.., штета.
 
Знаев дека тој ќе победи, не ми е жал што заспав. И Мики супер беше, браво!

PS: Песната со Калиопи им е опасна. (y)
 
http://www.demotivacija.mk/angelot-...3757759_16763489_10150198934002759#f261daf594

Мислам дека се претерува.Се сложувам со првиот коментар под сликата.
Ако Тоше бил најдобриот и најпознатиот пејач од Македонија, не мора да биде и последен.Во иднина сигурно ќе се појават луѓе и што ќе пејат подобро и што ќе бидат попопуларни од него.И не треба да ги признаеме!?
Се прашувам дали ако беше жив ќе се правеа вакви слики.


п.с можеби некој ќе помисли дека ова нема врска со Идол, ама очигледно е дека има.
 
Таман е Иван иако бев за Мики. Да победеше Дејан или Виктор, ќе беше катастрофа.
 
зависи од среќата...еве сега ќе ги носат нели во Малта, Англија...таму има многу ловци на таленти и дај боже некој да ги запримети
Сериозно колку има таленти низ светот баш нив ќе ги заприметат,мислам добри се ама не се ништо невидено и нечуено ,така да имате премногу алузии во врска со успех надвор од Македонија ,пресудно за било каков пробив надвор се ПАРИТЕ ,талентот е спореден
Инаку вчера навивав за Мики ,Мики ми беше подобар вчера, освен во последната испеана песна ама генерално вчера беше подобар од Иван ,ама Иван беше подобар последните гали додека Мики некако паѓаше во квалитет.
И јас се сложувам дека треба да се паузира следната сезона ,бидејќи Македонија е мал пазар за секоја година Идол,треба да им се даде шанса да ја искористат сегашната популарност овие пејачи ,иако се ќе остане на нив и на нивното залагање ,нека не очекуваат многу помош од други :unsure:
Организацијата ,озвучувањето треба да се подобри за следниот Идол ,а од водителите мене Ненад ми беше добар ,непосреден и ненаметлив ,а Иванна ми беше ужас вештачка ,преглумување без крај ,нападна ,нејзе треба да ја сменат.
И жирито треба да го сменат ,безвезни беа ,никаква стручност не покажаа,првин беше прекрасен си, ти престои блескава кариера ,па после почнаа да се расправаат и да ја елиминираат забавата од една забавна емисија,мислам дека Калиопи веќе почна со сопствена самопромоција на грбот на популарноста на идолите,очекувам нејзини концерти на кои главни гости ќе бидат идоливе,учи ,учи Калиопи од виденото во Хрватска:rolleyes:
п.с
смајливе се безвезе ,вратете ги старите
 
Заслужена победа на Иван.
Инаку добра е песнава на Калиопи со Идоливе. :)

 
Се надевам дека се зафркава дечкото. :eek:

46792101.jpg
 
Иван Иван и ИВан до крај.СЕкоја чест мајсторе од почеток најдобар и најконстантен во секоја вечер.И точно е тоа зошто сегде го мешаат Тоше.Човекот беше приказна за себе.Секогаш ќе живее во нас,тој е нашиот ангел.Но на страна тоа,не би требало да му биде сенка на секоја наредна звезда од две причини.
1.Не е ни добро некоја новоизлезена звезда да се споредува со неговата величина.
2.И самиот тој не би сакал неговата сенка да попречува развој на нови таленти.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom