Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А Тони која глупост ја тресна...

Имаш ИДЕНТИЧЕН, оригинален глас. OMG.:ROFLMAO:
 
Останаа најдобрите двајца и сеедно беше кој ќе победи, лично бев за Иван а дома сите беа за Мики ама нема врска, двајцата ќе имаат добра кариера (ако избегаат од МК бидејќи во МК ретко кој останува популарен за подолг период).
епа кај ќе ја прават кариерата ако не во Македонија ,кај ќе бегаат и кој ќе ги земеo_O
 
Наредна година доколку има идол би можело да направат поголема сцена зошто ова повеќе на писта за манекенки потсетува, а да и малку подобри водители да одберат пошто овие двајцава не знаат што да прават со себе на сцена, особено Ивана која е изгубена у свемиру и не може да доврши една простопроширена реченица без да се збуни или да тресне глупост

токму така! го имам гледано Хрватски идол абе таа сцена и оваа не се споредува како на Греми награди да настапуваш, а така е во скоро сите идоли низ светот, жирито е на средина, а сецната е жирока и тркалезна со сите тие специјални ефекти во позадина и над нив, како во филм, абе празник за очи, а не оваа мизерија.

а што се однесува до водителитве само Ненад ми се допадна како водител, Ивана не ми остава впечаток.o_O

друго идниот Идол очекувам поголема организираност, а не ваков хаос, слаба им беше организацијата, очекував многу повеќе од Идолот како шоу.:cool:
 
Искрено очекував Мики да победи али сосема е заслужено и за Иван..Се надевам дека Иван ќе покаже нешто на Македонската сцена,тек тогаш ќе стане Македонски идол..
 
Следната година, нови водители сместа. Ни Ненад звани мммм ерммм хммм ниту па Иваннннна не се достојни за пред камери. Порано кога бев мала подобри водители имаше по телевизииве бе, сигурно и построги критериуми имало за да искочиш на телевизија.

Честито нека му е на Иван иако Мики беше мојот фаворит.
 
епа кај ќе ја прават кариерата ако не во Македонија ,кај ќе бегаат и кој ќе ги земеo_O
зависи од среќата...еве сега ќе ги носат нели во Малта, Англија...таму има многу ловци на таленти и дај боже некој да ги запримети
 
Честитки до Иван.....кога останаа двајцата ќе беше заслужено кој и да било да тепа, иако јас навива за Мики, нека му честито на Иван, па сега следно нека прават кариери.
 
И јас навивав за Мики, но тоа е.. Честитки за Иван.. Супер пејач е и тој.. Дефинитивно 2цата најдобри останаа на крај..
 
Иван победи и никој не може да му замери за победата. Било кој од нив двајца да победеше ќе беше заслужено. Мене лично фаворит ми беше Мики, меѓутоа Иван е одличен и не може да се оспори неговиот квалитет. Да се надеваме дека на албумот кој треба да го сними ќе работат квалитетни музичари кои ќе произведат одлично музичко парче а со тоа Иван ќе биде освежување на нашиот музички пазар.

Исто така се надевам дека крајот на Идолот нема да биде крај за музичките кариери на оние кои влегоа во најдобрите 13, иако реално гледано мали се шансите дека сите ќе продолжат (сите знаеме зошто).

Идолот како концепт ми се допадна така што сакам да продолжи да функционира и следната година. Одличен начин за презентација на млади таленти кои немаат можност да се прикажат на нашата естрада поради ограничените финансиски средства.
 
Честитки до Иван, си заслужи и се надевам дека во иднина ќе продолжи да си пее рок.:D

Иначе да не знае некој на настапот од Суперхикс последната песна што ја свиреја како се вика ?
 
Честитки до Иван, си заслужи и се надевам дека во иднина ќе продолжи да си пее рок.:D

Иначе да не знае некој на настапот од Суперхикс последната песна што ја свиреја како се вика ?
Luta rana
 
Дали некој ја снимаше заедничката песна на Калиопи со идолите? Линк од јутуб?
 
која беше последната песна од иван и честитки донего сосема заслужено
 
Честитки за Иван.
И Мики и Иван се добри пејачи, но уште од старт некако Иван се издвојуваше како посебен, човекот веќе имаше искуство како пејач, а и што би се рекло она народно, има и стас и глас.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom