Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Искрено ми е многу мило што испадна Христијан .
Сега , баш би сакал како за Нико што беа коментарите да чујам за Христијан . Малиот идеше на нерви на многу лица со тестостерон.
 
Искрено ми е многу мило што испадна Христијан .
Сега , баш би сакал како за Нико што беа коментарите да чујам за Христијан . Малиот идеше на нерви на многу лица со тестостерон.

И јас мислам редно време беше затоа што 5 пати седна на столчињата, но за денешниот настап мислам дека Дејан или Билјана повеќе заслужија да одат во аут. А за коментари како на Нико не верувам прво зашто ги искараа бајаги вечерва, второ, по лицата на Мики и Иван не делуваше дека им е мило туку баш разочарани делуваа што отиде Кико, јбг изгледа за дружба бил добар.
 
Жирито и водителите докажаа и уште еднаш покажаа дека се за нигде. Игор, и самиот мислам сепак не веруваш во оваа твоја улога, не го послуша советот што им го даде на идолите на почетокот. Кој те научи вака да понижуваш шоу, зарем мислиш дека си скапоцен и само ти можиш да делиш титули со ниска вредност? Епа јас чув женски глас од тие М2 што ти ги понижуваш, кој вреди барем дупло повеќе од Билето, најсексито нешто и Јана заедно!
Дека се за нигде и жирито и водителите - да. Целата телевизија и преносот им е за нигде.

Ама кажи ми која е таа кандидатка од овогодинешниот избор на М2 што пее подобро од Јана и Билјана заедно? Јас знам дека таа Евгенија (која btw многу ми беше антипатична), испадна од Идол уште на аудициите во Охрид, а на М2 стигна до финалето.
 
Жириво ако и наредниот пат не почне со критики, ВИШЕ НЕ ГЛЕДАМ !

Треба отворено да се каже кој имал добар, кој лош настап, кој фалширал, кој бил здрвен и слично. Во почетните 2-3 емисии почнаа малку со критика (ама повеќе беше за стајлигнот).

Редно е да почнат да коментираат најмногу за пеењето, а све друго да биде споредно. А и водителите некако многу се опуштија, а и целата организација им е слаба последниве 2-3 гали, режијата направи доста утки, жирито прави некои испади што несмеат да си ги дозволат, се на се ако продолжат вака ќе им падне гледаност.
 
Супер си е преносот на телевизијата.Само да се јадело таков е нашиот народ.Пред идолов за вакво шоу ни далеку не можеше да се сонува,вистина почеетокот претеруваа со тоа глупостите ама откако почнаа малите концерти екстра стана.Не ви чинат водителите.Стварно Ивана иритира ама тоа демек има подобри па овие не чинат.А и досега 80% од испаѓањето беше реално и наместо.Грешки би ги нарекол Бети и Ивица засега.Инаку за тоа дека треба жирито да дава стручни критики би требало доста со тоа дека им претстои светла иднина.
 
„Македонски Идол“ можеби не е совршен ни од сценографски, ни од режисерски аспект ако се спореди со други изданија на „Идол“ низ светот, ама според мене е најдобар македонски производ направен последниве години (по „Кој сака да биде милионер?“). Се гледа дека се вложува труд и напор да се добие добра и забавна емисија, иако грешка им е преголемото одолговлекување и времетраење. Плус кога ќе собереме се на едно место, ќе видиме дека ниедна друга телевизија, освен А1 нема г'з да вложи пари во големи проекти.
Инаку Иванна и Ненад се добри како водители, додека жирито звучи добро на хартија, но некако слабо се покажува на дело.
 
Кандидатите на идолов многу се кренаа во облаци, мислат многу големи ѕвезди се. Скоро сите прекрасно пеат ама нека се симнат на земја. Овој Кико фала Богу што испадна. Само џабе се радуваме. Сигурно при крајот ќе има враќање на еден од испаднатите и него ќе го вратат, и по некоја случајност ќе победи. Дај Боже да грешам, ама така ми изгледа.
 
Солидна гала вечер. Иван најдобар, многу оригинална изведба на оваа песна, можеби не беше толку моќна ко таа на Тарабунов, сепак многу поблиска до оригиналот. Ај да ги споредиме



и бонус. Унгаркава е врв


Виктор ми беше ок, неам замерка, опуштено си испеа и не се стегаше за да не се зезне. Мики солиден, ми се свиѓаше рок фазонот во кој ја испеа песнава. Сепак дечково премногу рипа и трча на сцена поради што направи и грешки. Кико немаше врска, добро е што искочил. Биљана слабо во ниските делови во песната, премногу фалшови, а во повисоките беше ок. Дејан до сеа не сум го коментирал пошто ми беше досаден, така да не сум го ни гледал. Овој ко што памтам уште на првите проби го избркаа на бугарскиот идол, додека тука далеку дотурка. Вчера пееше просечно и без сила (бек вокалот повеќе се слушаше мислам), што мислам дека за него е дури и комплимент. Затоа што од пар пати што го имам слушано повеќе ми делува на караоке пејач. Јана е слатка и смпатична и вчера дури и ок ми зазвуче. Но и таа ко Дејан, сметам дека е аматер во пеење.
 
Зошто има луѓе што мислат дека ќе има враќање на некој од идолите?
 
Солидна гала вечер. Иван најдобар, многу оригинална изведба на оваа песна, можеби не беше толку моќна ко таа на Тарабунов, сепак многу поблиска до оригиналот. Ај да ги споредиме

:pos: Не ме смеј, жити све... види го оригиналот ;)

 
Јана и Иван беа добри, другите тапа...а Јана многу секси го пееше тој делот "Man, i feel like a woman" од песната .:)
 
:pos: Не ме смеј, жити све... види го оригиналот ;)


Смеј се ти колку сакаш, ама беше блиску до оригиналот во некои делови од песната. Покрај тоа правев споредба меѓу Тарабунов и Иван во однос на тоа кој поблиску одпеа до Фреди Меркјури, што не мора да значи дека ако некој некого изимитира е подобар пејач. Второ, бојата на гласот им е различна така да колку и да пробува да го испее Меркјури, едноставно не е возможно. Трето, очигледно ни Фреди Меркјури не можел сам да се испее себе во живо

, така да ако правиш споредба студиска верзија со настап во живо е глупост.
 
^ Абе види, се океј... ама дека испеа ко Фреди, далеку од тоа... мене повеќе ми се дереше ко кокошка отколку да пееше.

Посебно жирито претера... го направија новиот Фреди -.-
 
Искрено ми е многу мило што испадна Христијан .
Сега , баш би сакал како за Нико што беа коментарите да чујам за Христијан . Малиот идеше на нерви на многу лица со тестостерон.
Не верувам дека ќе има такви коментари. Останатите кандидати имаа почит спрема Христијан, барем така изгледа, Мики направи фаца пред да заплаче. Можеби е накурчен Христијан, но верувам дека со останатите таму добро се сложувал.

Сега ќе си кажам кој каков впечаток ми остави...

Дејан - Мислам дека дечкоо одамна требаше да си оди. Незнам кој го гласа, досаден е, незабележителен и верувам дека на секој би му било сеедно кога ќе излезе. А и не му предвидувам некоја кариера. Можеби како онаа на Александар Белов.

Јана - Ми е срцка. Многу ми е симпатична, и вчера според мене имаше најдобар настап од сите досегашни нејзини настапи. Втор фаворит ми е после Мики.

Иван - Беше добар, одличен, но Квин не ми идат во тој пакет за поп вечер...

Мики - Лош избор на песна, не дека неможеше, но песната толку дозволуваше. Требало некоја по тешка песна да избере, иако не ја исфалшира, но подобро не можеше со оглед на песната.

Виктор - Добар е малиов, ама редовно прави некои утки. Вчера кажа дека имал проблеми со грлото, а и на пробата со Тино се гледаше тоа. Ако е тоа оправдувањето тогаш ќе се оградам од лоши коментари. На секој може да му се случи, а и жал ми беше кога оној битбоксерот не влезе зашто имаше слични проблеми како Виктор вчера.

Биљана - Имам впечаток кој ми се потврди дека Биљана незнае да пее други песни т.е. тотално се губи во нив. Само за балади ја бива, а и за тоа не е нешто особено. Кога пее по енергични песни неможе да ги фати високите тонови и фалшира.

Кико. - Мене искрено - жал ми падна за детево. Таман почна да се оправа, а и не беше лош во последнитер 3 гала вечери. Убаво отпеа кога беше Битлс најт, Зашто правиш слона од мене исто убаво ја испеа, а и вчера не беше лош. Како и да е, кога-тогаш верувам дека ќе излезеше, но мислам дека пред него барем Дејан требаше да излезе. Незнам зошто уште седи таму и фаќа место на некои други.
 
^ Абе види, се океј... ама дека испеа ко Фреди, далеку од тоа... мене повеќе ми се дереше ко кокошка отколку да пееше.

Посебно жирито претера... го направија новиот Фреди -.-

Тоа сигурно, Фреди е еден од најдобрите вокали во рок музиката, да правиш било каква паралела е еднаква на перверзија. Јас не го споредував со Фреди туку со други пејачи кои ја пееле оваа песна.

--- надополнето ---

Плус кога сме кај дерењето, еве еден дечко кој многу добро се дере, не се треска многу на сцена ко недоквакан и испеа подобро од оригиналот

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom