old_School_mk
Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Како тоа "така им налага музичкиот продуцент"? Нели сами си бираат песни? Барем за малите концерти мислам дека кажаа дека на секој кандидат им понудиле 3 песни, и од тие 3 треба да избере една. Он можел да избере некоја посмирена песна.Затоа треба да се има во предвид возраста.И затоа за некоја година Емилија,Христијан и Јана ќе бидат одлични пејачи,а за разлика од нив овие повозрасниве се скоро оформени и готови за на сцена и со сигурност подобри од 70 % од нашава бедна музичка естрада.Ако може да се нарече така.
И не е крив на пример Христијан зошто пее агресивна песна која е над неговите можности.Така им налага музичкиот продуцент и нема тука бегање и прибирање.Штом си се пријавил и си стигнал до финале ќе пееш се што ќе ти се каже па макар и песни од Цеца.
Од друга страна, во првиот мал концерт, во прилогот за Нико, кога збори со другарите и им кажува дека сака да ја пее "Luna", па после овој му ја предложува "It's My Life" малку чудно ми доаѓа. Ако и тоа го исценирале - god dammit.