Македонски "Евергрини"

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не ги памети група Маскирани мала е за тебе... И немала такви трауми во детството ;)

 
ахх, рано Грујово и ренесанса во сцената, Бетка фрла пари по домашни автори, тука во прв ред истопорен Џеј Џеј како вистински музички маг, текстописец, аранжер, вокал.
Спот и песна што перфектно го отсликува духот на нацијата.

 
Дај кажете како се викаше песнана, со роботското мало куче што шета низ Скопјево. Знам дека авторот се викаше MAYA ама на песната не ми текнува
Друже, не знам дали си ја нашол тогаш песнава, али ако ја бараш сè уште повели

 
Песнава ја барав долго време, сега пред малце ја пуштија на Спортското радио, и според стиховите ја најдов... Сигурно е стара негде 19-20 години :)

 
Автоматски споено мислење:

 
 
@Sussaro
Еве да одговорам на поканата за дискусија, и да ја живнеме малку темава..

Баш ги гледам предлозите за гласање, и се чудам како песни како: Арчи-да пукнеш.., Маја Панчева-мачка со 9 животи, Маја Вукичевиќ-Јас, Ристе-Сети се,, Нови дечки, и други, можат да бидат андерграунд кога беа мега-популарни песни на времето!?
Ги скапуваа од вртење по радио, ТВ, која помалку, која повеќе...

И сеуште не се согласувам со тезата, дека овие пеачи не можеа да направат концерт, или да наполнат некое диско!
Океј, не сите, но добар дел од нив беа чести гости по кафиќите, и сигурно не можеа сајмиште да го наполнат... ама да бидеме реални на нашиве прилики.. па кој може?!
Да ги тргнеме Калиопи и Каролинчето, кој од поновиве домашни изведувачи може да направи самостоен концерт со 1000+ луѓе?!

Андеграунд моментот го сфатив како помалку познати песни и изведувачи, кои ете биле понапред од времето, приликите, живуркале на маргините... се сметале себе си и својата публика за малку поинакви од меинстримот.. така неш.

А на листата има и типично фестивалски песни што е оксиморон со андерграунд!
 
@Sussaro

Да ги тргнеме Калиопи и Каролинчето, кој од поновиве домашни изведувачи може да направи самостоен концерт со 1000+ луѓе?!
Лозано, Next time, Нокаут, Слаткар итн
 
многу лоша е сценава задње време, со некое трап срање многу ја уништија. И тие што пееја се повлекоа доста. Остај ги србите со глупостите нивни, прај нешто нормално.
 
Лозано, Next time, Нокаут, Слаткар итн
Next time можат да соберат 1000+ луѓе само на митинг на ДПСМНЕ!
Ај што ич нема да го коментирам фактот дека се нашите Мили Ванили :ROFLMAO:

Лозано, евентуално кафиќ може да наполни..

Нокаут у Наш Свет подаруваа бесплатни карти за нивниот "голем" концерт у Борис Трајковски.. :rolleyes:

Слаткар исто по дискотеки беше актуелен.. чисто да зголеми број на публика! Дали 10-20% од луѓето идеа ради него..

Други?
 
Next time можат да соберат 1000+ луѓе само на митинг на ДПСМНЕ!
Ај што ич нема да го коментирам фактот дека се нашите Мили Ванили :ROFLMAO:

Лозано, евентуално кафиќ може да наполни..

Нокаут у Наш Свет подаруваа бесплатни карти за нивниот "голем" концерт у Борис Трајковски.. :rolleyes:

Слаткар исто по дискотеки беше актуелен.. чисто да зголеми број на публика! Дали 10-20% од луѓето идеа ради него..

Други?
Владо Јаневски без проблем :)
Лозано не се согласувам со тебе имаше дечкото солистички концерт немаше игла кај да фрлиш.
Нокут исто така имаат и можат да наполнат сали.
Куку леле ( на стара слава)
толку ни е естрадата за жал сите т.н пеачи по разни талент шоа се само певаљки т.е си тераат српски шунд ... Очај е состојбата со музичка сцена песни или печалбарски или свадбарски толку :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom