Македонска ватерполо репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата Tanurovski
  • Време на започнување Време на започнување
Во тек е натпреварот со Германија, моменталниот резултат после 3 четвртини е 8-6 за Германија.

едит: Изгубивме со 8-7, на 2 секунди до крајот имавме контра и шут за израмнување од 1 метро пред гол и овој нашиот шутираше директно во главата на германскиот голман:tapp:

Со овој пораз и конечно ги изгубивме шансите за втора победа. Утре играме со Србија а во сабота со Унгарија...и со двете репрезентации немаме шанси за победа.
 
Заврши 8-7 за швабиштата не е нормално што промашивме на 7 секунди до крај сам на сам за гол и плус пенал утнавме во последна четвртина и ни беа поништени два ЧИСТИ гола... Само ќе кажам браво за играчиве и за пожртвуваноста сепак се носеа со една Германија и на крајот не само што можевме да израмниме туку и победата ќе беше наша ако го дадевме пеналот.
Сега е веројатно дека ќе бидеме 5. место во група, Русија би била позади нас и ќе се бориме за 10то место вкупен пласман.
 
Да бе и пенал промашивме, ај у пм нека идат. На сето тоа и 3-4 гола ни поништија, од тие 2 беа регуларни.
 
пак немавме среќа денес, промашивме еден пенал, и на крја зицер за израмнување.
 
Не сум знаел дека промашување од пола метро е среќа:)


Епа а што е тоаш не-среќа, некој викаат дека тоа е исто што и негативна енергија, значи среќа е позтивна енергија а кога ја имаш тогаш погодуваш и од 10 метри а не па од два метри. Едноставно некој малер или негативна енергија имаше во играчот што шутираше со вукот на сирената.
 
Доста лошо..на полувреме губиме 6:1 од Србите, да не ни беше голманчето уште 2-3 комада ќе примевме.
 
Па добро Србија е светска велесила моментален шампион во светска лига и светски шампион. Останува утре на Унгарија да и пружиме повеќе отпор и достојно да завршиме во групата на предпоследно место со што би разигрувале со Турција која е последна во другата група и таму гледам сигурна победа.
 
ваљда напредуваме за разлика од пред две години во малага каде изгубивме 23 - 6 сега 19 - 9 може да се каже дека е попристојно.
 
Немавме среќа :tv:
Тоа е реалноста, утре овака, а може и бетер ќе биди со Унгарија и реално од 9-12 место сме.
 
^^ Што бе бетер ќе било не зборете на памет

Се држат нашиве со светскиот шампион Унгарија на полувреме 4-4 прикажаа одлична игра! Колку и да загубат херои се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom