Македонска рок антологија

  • Креатор на темата Креатор на темата HardRock
  • Време на започнување Време на започнување
Picture 248.jpg
--- надополнето: 1 февруари 2013 во 19:45 ---
Picture 247.jpg
 
Можда некој од постарите генерации ја знае, јас до пред некое време не ја знаев песнава и се радувам што налетав на јутуб на неа :) „Вистинска љубов овде се раѓа меѓу обичните луѓе, вистинска мудрост овде се раѓа на изворот на животот прост...“
 
Почетоците на македонскиот рок датираат од раните седумдесети, при што во тој период се формирани мали рок бендови кои со големи тешкотии успевале да се пробијат на тогашната македонска музичка сцена. За тие почетоци исполнети со голем број на тешкотии можат да ви зборуваат членовите на тогашните рок бендови и групи. Еден од бендовите кои успеале меѓу првите да се афирмираат е групата Бис Без во 1964 кои биле под силно влијание на легендарните Битлси. Во периодот на 1970тите биле формирани групите Пу, Ден за ден, Лева патика, Триангл, Автограм и други. Повеќето од нив биле хард рок, прогресивен рок, фолк рок, џез рок и фанк рок. Кон крајот на 1970тите се популаризира панк рокот. Најважен преставник на овој правец е групата Бадминтонс. Во развитокот на New Wave правецот учествуваат Цилиндар, Токму така, Уста на уста. Во 1970тите исто така се формирала и една од најпознатите македонски групи Леб и Сол. Потоа се формираат познатите хард рок групи Конкорд и Карамела. 1980тите се можеби најуспешниот период на македонскиот рок. Тука култните македонски бендови Мизар, Архангел и Падот на Византија оставиле огромен белег во македонската музика. Во 1990тите се популаризира и хеви метал правецот. Најзначаен преставник од овој правец е групата Санаториум.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom