1. Грција веќе се откри, нема што да се дооткрива.
2. СЕКОЈ ПРЕДЛОГ што сме го добиле до сега не содржи само ново име, туку цел пакет што оди со новото име, вклучувајќи анекси и точки во анексите. Секој пакет е ист сем предлог-името.
АНЕКСИТЕ И ПОДТОЧКИТЕ ВО ПАКЕТОТ УКИНУВААТ СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО - народ, нација, историја, идна употреба ако не е со дозвола на Грција, итн.!!!
Запомни го ова добро за да не се лажеш себеси и другите понатаму дека само името е проблем, формално.
Ако беше само формалната страна на името во прашање -- па ние и сега имаме "П.Ј.Р.М." -- но не се работи за тоа, туку се работи за суштинската намера која е да не избришат како народ!!! А замисли ние уште преговараме КАКО да бидеме избришани, дали со "Македонска Репубклика" или нешто друго.
ЗНАЧИ: со секој еден предлог нас ни се дава ПАКЕТ, во кој анексите, подточките и се останато што оди со новото име нас не бришат како народ кој постоел и кој никогаш веќе нема да постои.
Се согласувам со секој збор што е напишан во постов . На сето ова би додал и едно мое размислување.
Мислам дека има голема грешка со водење на нејасна политика и ставови на сите политички субјекти и разни експерти и аналитичари. Затоа целиов македонски народ па и голем дел од членовиве се во заблуда.
Прво ,во целиов проблем акцентот се става на самото име , без многу да се обрне внимание на суштината , а тоа е баш тој анекс , баш тие точки кои идат заедно со името , и каде што се губи идентитетот.
Второ , ме вади од такт што никој не потенцира дека се работи за замена на името ФИРОМ кое е сега за меѓународна употреба , него се наметнува впечаток дека ние уствари се расправаме за нашето име Република Македонија кое де факто се употребува , и е признаено официјално од скоро 120 држави.Јас не видов дека некој оваа состојба ја поставува како почетна позиција без која нема ни една точка ни запирка за започнување од било какви разговори. Све повеке слушам се разговара за генерално промена на Република Македонија ,што е во секој случај полошо од референцата ФИРОМ која е со одредена улога.Ова ми мириса за продавање на муда за бубрези и оставање за простор на манипулација.
Убеден сум , дека кога говориме за замена на референцата ФИРОМ , која би била за употреба само ,и само на тие што им смета РМ,Грција. И на тоа да остане , многу лесно е и секое име кое го слушнавме до сега како алтернатива е подобро од срамниот ФИРОМ .Нагласувам ова се однесува исклучиво за и само за употреба измеѓу нас и Грција.
Трето , не можам да разберам зашто ,кога ова со името се наметна како проблем кој мора да се реши во брзо време и стана секојдневие на македонецот , не ги расчистиме работите од корен. Треба да се вратиме назад и да застанеме во моментот кога Киро , Бранко и компанија ни го залепи привременото име. Секој ден слушаме дека тоа е неприфатливо дека е срамно , а никој до сега не потегна за одговорност на кумовите што не крстија. Глупоста иде и до таму што еден од тие истите кумови уште е и вклучен во преговорите што се водат па сега и глуми човекот голем патриот
. Неговата партија со чиј амин е сторено тоа гнасно предавство лае за решавање на името и со полна уста спомнува предавства и сл.
Ајде да се исчисти прво ѓубрето дома и да видиме кој им го даде тоа право во името на македонскиот народ да не крстат ФИРОМ , да ни сменат знаме без да прашаат никого.
Со тоа ке се покажат јасните позиции со кои идеме во преговори , а и ке се даде јасно на знаење дека играње со името и идентитетот на овој народ нема.:nenene: