Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Кермаитчиева е убедливо најдобра кај нас...
Ристовска што највеќе ја критикував против Германија (сениорите) истотака гази во овие категории.
Не ми се верува дека голманкана на Вардар, Петковска, имала 22 одбрани вчера :icon_mrgr:
 
Кермаитчиева е убедливо најдобра кај нас...
Ристовска што највеќе ја критикував против Германија (сениорите) истотака гази во овие категории.
Не ми се верува дека голманкана на Вардар, Петковска, имала 22 одбрани вчера :icon_mrgr:
Ќе те прашам овде зошто не може да ти се испраќаат пораки. Колку е карта за утакмиците во Кале?
 
Ќе те прашам овде зошто не може да ти се испраќаат пораки. Колку е карта за утакмиците во Кале?
Zero :D[DOUBLEPOST=1405981960][/DOUBLEPOST]Каква партија на Корејките денеска :cuc::cuc::cuc:
Имав некое претчуство дека ќе ги демолираат Бразилките денес и навистина се случи тоа.
Ракометарките со број 27 и 29 се ненормално пробивни и брзи, немам зборови...
Канг е 27, Ју е 29. И вчера и денес беа најдобри во редовите на Кореја. Но играта не им зависи само од овие две ракометарки, буквално цела стартна и резервна постава е опасна, сите се пробивни. Ако вчера Холанѓанките се бранеа со тоа што направија 11 седмерци од кои Корејките 6 ги утнаа во серија и така го одржуваа резултатот, Бразилките не можеа ни фаул да направат.
Тотално се изгубија, Бразилскиот тренер ги исозамени сите играчи и ништо не вроди со плод. Паула што ја испофалив вчера, денес беше скромна на теренот и затоа беше извадена од игра уште по првиот дел. Единствени расположени беа два бека Мусињо и Аруда кои дадоа над 5-6 гола...
Канг и Ју сигурно дадоа околу 7 гола...
На крајот, Бразил-Кореја 29-36!
Но овој резултат не ја опишува вистинската слика на теренот бидејќи Бразилките намалија при крајот на мечот, а во текот на мечот губеа и по 15-тина разлика. Денес за разлика од дуелот со Холандија, Кореја имаше и добра поддршка од голманите. Во првиот дел одлично ги стопираа Бразилките. Корејките играат и одлична одбрана што резултираше со 15-тина контри во текот на мечот :D
На крај им се повреди една ракометарка. Завршено било светското за нејзе. Се утепа од плачење и прв пат да ги видам да покажат некаква емоција :icon_mrgr:
Пак ќе кажам, предисциплинирана екипа, од тренери, до играчи... По нивниот меч останаа да ги гледаат останатите. Се утепаа од благо јадење, праски со кока кола пиеа (таму праските се 100 пати поскапи него ли кај нас, така да којзнае колку накупиле :D), некои тортици јадеа, лижеа лижавчиња сите, комедија жива се :D
Тајната на успехот мислам дека се крие во еден старец кој секој меч седи позади нивната клупа и ги лади ракометарките со ЛЕПЕЗА :vozbud:
Канг и Ју може комотно да дојдат во Европа да играат. Сите бековски позиции ги играат, не гледам начин некој да ги сопре на првенствово. Не знам што екипа има Данска, ама мислам дека тешко ќе се носат со Корејкиве. Ќе биде интересен мечот Шведска-Кореја.
Швеанките вчера мислам дека имаа само еден лош ден, и поразот од Бразил беше доста изненадувачки. Мислам дека може добро да им парираат на Корејките.
На Бразилките победата со Шведска им беше премија, со Тунис и Казахстан нема да имаат проблеми, па останува со Холандија да водат меч за пласман, кој мислам дека може да го добијат.

Шведска-Тунис 34-11!
Каква рехабилитација по вчерашниот дебакл :D
Што да се каже освен дека им играа агресивна одбрана, Тунижанките не можеа голот да го видат, а камоли до ситуација за шут да дојдат. Имаа една на која ги базираа нападите (Ферхаини мислам се викаше) која даде 5 гола и толку. Како се одвивал мечот доволно говори што после 45 минути Шведска водеше со 30-5!
Тогаш Тунис направи сериј од 5-0 откако Шведскиот селектор ја замени цела екипа и мечот рутински беше приведен до крај.
Швеѓанките имаат извонредни крила, исто како и одличната одбрана.
Имаат една висока во одбрана, којзнае колку банани им слепи на Тунижанките. А и во нападот ги кинеше мрежите. Пикерот Хвоенфелт има многу добар стил на игра, игра грубо на раб на исклучување, ја држи одбраната, а е и страшно добар мотиватор. На секој гол скокаа цела клупа, при секоја добра одбрана се дереа, страшно се мотивираат меѓу себе. На крај прославија заслужена победа со нивните фанови кои ушиве ни ги отапеа со тоа свирките :icon_mrgr:

Холандија-Казахстан 37-15!
Казахстан е тука некаде по јачина со Тунис и ме чуди како загубиле вчера во меѓусебниот дуел, бидејќи имаат барем малце побрзи ракометарки. Имаат бекови само за една постава и сите се ситни, со добар дриблинг, но преслаби шутеви.
Убедливо последни ќе бидат во групата, додека Холандија има тим за повисок дострел. Беа разиграни денес, голманките им беа на одлично ниво. И двете се големи, подвижни се бајаги, се виткаат како шпагети, потсетуваат на Клара Волтеринг. Сигурно го имаат најдобриот пар на голманки на светсково (во секаква смисла :drk::icon_mrgr:). Во напад по крилните позиции имаа почесна стрелба, а истотака и од бековска линија доста решетаа. На полувреме мислам дека беше 18-3, а откако се заменија поставите успеаа Казахстанките да дадат повеќе голови во вториот дел.
Имаше непријатни сцени со првата голманка на Холандија која се онесвести на клупата и пола саат не можеа да ја кренат. Не знам зошто не ја извадија од теренот, ја оставија да лежи таму, додека се обидуваше да поврати... Не беше при свест, кога ќе ја кренеа одма се онесвестуваше...
И Холанѓаните имаат пристоен број на фанови со свирки и триста други тракатанци :D
 
Последно уредено:
Во меѓувреме Македонија во сениорска конкуренција во квалификациската група ги доби Италија и Исланд за противници. Само најдобриот оди во бараж, што значи дека овојпат најверојатно нема ни баражот да го почувствуваме :нинџ:[DOUBLEPOST=1406038220][/DOUBLEPOST]П.с. Еве ги ѕверовите од Кореја :icon_mrgr:
image.php
 
Последно уредено:
Со ист калап ги шишаат сите.Збуни го противникот тоа е одлично :)

Иначе нашиот селектор..

„Имаме шанса да ја поминеме групата, јас верувам дека оваа репрезентација има капацитет особено што овие два противника се далеку послаби од Германија и Русија со кои игравме неодамна. На крајот на краиштата и ракометарките се во подем, постари ќе бидат за 7-8 месеци и некои од нив играат во нови клубови во странство, така што мислам дека имаме капацитет“, оценува селекторот.

Добро бе што дроги зима овој, прснав од смеење :pos::pos::pos:
 
6-2 губиме од Аргентина, мајко мила колку светла иднина имаме...
Освен Керамитчиева која апсолутно отскокнува од квалитетот на другите и Ристевска која дури и за сениорите игра прва постава на десно крило, другово не се ни просечни играчи.
Митова од Вардар го даде својот деби гол, ама некако многу усрано ми игра. Додуша мислам дека е и помала од овие, мислам дека 16 има, ама може грешам.[DOUBLEPOST=1406051697][/DOUBLEPOST]Добро е се вративме во игра :D
Имало талент сепак во оваа Сара Ристевска, колку е само побрза од сите на теренов, ако ништо друго добивме добро десно крило за во иднина, т.е. крило што ќе може одлично да трча во контри.
Треба да работи на реализација, од 4 контри, 2 ги утна, но сепак не беше најповолна ситуацијата во една од контрите.
Со 3 голови ни носи водство од 8-7 :)
И ДраЏана се разбрани, 5-6 одбрани сврза :D
Не ми се верува како може волку добро да брани, ми се чинеше како да нема никаков рефлекс кога ја гледав во Вардар. Или па дебелка е и овие ја гаѓаат цело време :D
 
Последно уредено:
Митова има 17, бар според ова. Стварно многу исплашено игра. Ја гледав на финал4 во купот и шутираше од каде стигне, сега ептен се плаши, незнам што е работава...
 
Аууу си гази Стојановска 5-та средниот бек од вториот тим на Вардар (y)

Иначе голманката е Ладева не е Петковска :)
 
Аууу си гази Стојановска 5-та средниот бек од вториот тим на Вардар (y)

Иначе голманката е Ладева не е Петковска :)
Јас колку што гледам левиот бек Тодоровска (број 6) игра најдобро од бековите во моментов :D
Даде едно 3-4 гола сигурно...
Иначе почнаа со Петковска на голот, а искрено не забележав кога влегла Ладева во игра :icon_mrgr:
Ристевска 5 гола :icon_mrgr:

Губиме 14-13 на полувреме...
Ова ни е главен меч за пласман понатаму така да мора да победиме. Узбекистан лесно ќе ги добиеме, Аргентина ни е директен конкурент.
 
Јас колку што гледам левиот бек Тодоровска (број 6) игра најдобро од бековите во моментов :D
Даде едно 3-4 гола сигурно...
Иначе почнаа со Петковска на голот, а искрено не забележав кога влегла Ладева во игра :icon_mrgr:
Ристевска 5 гола :icon_mrgr:

Губиме 14-13 на полувреме...
Ова ни е главен меч за пласман понатаму така да мора да победиме. Узбекистан лесно ќе ги добиеме, Аргентина ни е директен конкурент.

Од кај испадна Тодоровска лев бек :eek: среден ја играа во Металург, испретурил све Станковски :)
Иначе да реално добро игра она но се знае од каде идат асистенциите (5-ка:нинџ:)
Премногу брзаат нашиве, имаше една ситуација лошо изведе голманот а Тодоровска не припази и и ја земаа од раце :facepalm:
Ако се стегнат да покријат на крило посебно лево каде што е Ѓоргиовска би требало да тепаме на крај минимално.
 
Зошто го смени иведувачот на седмерци?
Ристовска немаше промашување и ја става сега Керамитчиева која промашува... Како зарекувам човече, ја пофалив Керамитчиева и одма дрво најголемо станува :D
 
Дали тоа ја спушти ролетната нашата Легенда :vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom