Ќе те прашам овде зошто не може да ти се испраќаат пораки. Колку е карта за утакмиците во Кале?
Zero

[DOUBLEPOST=1405981960][/DOUBLEPOST]Каква партија на Корејките денеска



Имав некое претчуство дека ќе ги демолираат Бразилките денес и навистина се случи тоа.
Ракометарките со број 27 и 29 се ненормално пробивни и брзи, немам зборови...
Канг е 27, Ју е 29. И вчера и денес беа најдобри во редовите на Кореја. Но играта не им зависи само од овие две ракометарки, буквално цела стартна и резервна постава е опасна, сите се пробивни. Ако вчера Холанѓанките се бранеа со тоа што направија 11 седмерци од кои Корејките 6 ги утнаа во серија и така го одржуваа резултатот, Бразилките не можеа ни фаул да направат.
Тотално се изгубија, Бразилскиот тренер ги исозамени сите играчи и ништо не вроди со плод. Паула што ја испофалив вчера, денес беше скромна на теренот и затоа беше извадена од игра уште по првиот дел. Единствени расположени беа два бека Мусињо и Аруда кои дадоа над 5-6 гола...
Канг и Ју сигурно дадоа околу 7 гола...
На крајот, Бразил-Кореја 29-36!
Но овој резултат не ја опишува вистинската слика на теренот бидејќи Бразилките намалија при крајот на мечот, а во текот на мечот губеа и по 15-тина разлика. Денес за разлика од дуелот со Холандија, Кореја имаше и добра поддршка од голманите. Во првиот дел одлично ги стопираа Бразилките. Корејките играат и одлична одбрана што резултираше со 15-тина контри во текот на мечот

На крај им се повреди една ракометарка. Завршено било светското за нејзе. Се утепа од плачење и прв пат да ги видам да покажат некаква емоција

Пак ќе кажам, предисциплинирана екипа, од тренери, до играчи... По нивниот меч останаа да ги гледаат останатите. Се утепаа од благо јадење, праски со кока кола пиеа (таму праските се 100 пати поскапи него ли кај нас, така да којзнае колку накупиле

), некои тортици јадеа, лижеа лижавчиња сите, комедија жива се
Тајната на успехот мислам дека се крие во еден старец кој секој меч седи позади нивната клупа и ги лади ракометарките со ЛЕПЕЗА 
Канг и Ју може комотно да дојдат во Европа да играат. Сите бековски позиции ги играат, не гледам начин некој да ги сопре на првенствово. Не знам што екипа има Данска, ама мислам дека тешко ќе се носат со Корејкиве. Ќе биде интересен мечот Шведска-Кореја.
Швеанките вчера мислам дека имаа само еден лош ден, и поразот од Бразил беше доста изненадувачки. Мислам дека може добро да им парираат на Корејките.
На Бразилките победата со Шведска им беше премија, со Тунис и Казахстан нема да имаат проблеми, па останува со Холандија да водат меч за пласман, кој мислам дека може да го добијат.
Шведска-Тунис 34-11!
Каква рехабилитација по вчерашниот дебакл

Што да се каже освен дека им играа агресивна одбрана, Тунижанките не можеа голот да го видат, а камоли до ситуација за шут да дојдат. Имаа една на која ги базираа нападите (Ферхаини мислам се викаше) која даде 5 гола и толку. Како се одвивал мечот доволно говори што после 45 минути Шведска водеше со 30-5!
Тогаш Тунис направи сериј од 5-0 откако Шведскиот селектор ја замени цела екипа и мечот рутински беше приведен до крај.
Швеѓанките имаат извонредни крила, исто како и одличната одбрана.
Имаат една висока во одбрана, којзнае колку банани им слепи на Тунижанките. А и во нападот ги кинеше мрежите. Пикерот Хвоенфелт има многу добар стил на игра, игра грубо на раб на исклучување, ја држи одбраната, а е и страшно добар мотиватор. На секој гол скокаа цела клупа, при секоја добра одбрана се дереа, страшно се мотивираат меѓу себе. На крај прославија заслужена победа со нивните фанови кои ушиве ни ги отапеа со тоа свирките
Холандија-Казахстан 37-15!
Казахстан е тука некаде по јачина со Тунис и ме чуди како загубиле вчера во меѓусебниот дуел, бидејќи имаат барем малце побрзи ракометарки. Имаат бекови само за една постава и сите се ситни, со добар дриблинг, но преслаби шутеви.
Убедливо последни ќе бидат во групата, додека Холандија има тим за повисок дострел. Беа разиграни денес, голманките им беа на одлично ниво. И двете се големи, подвижни се бајаги, се виткаат како шпагети, потсетуваат на Клара Волтеринг. Сигурно го имаат најдобриот пар на голманки на светсково (во секаква смисла


). Во напад по крилните позиции имаа почесна стрелба, а истотака и од бековска линија доста решетаа. На полувреме мислам дека беше 18-3, а откако се заменија поставите успеаа Казахстанките да дадат повеќе голови во вториот дел.
Имаше непријатни сцени со првата голманка на Холандија која се онесвести на клупата и пола саат не можеа да ја кренат. Не знам зошто не ја извадија од теренот, ја оставија да лежи таму, додека се обидуваше да поврати... Не беше при свест, кога ќе ја кренеа одма се онесвестуваше...
И Холанѓаните имаат пристоен број на фанови со свирки и триста други тракатанци
