Македонска одбојкарска репрезентација-мажи

  • Креатор на темата Креатор на темата Тетекс фан ^
  • Време на започнување Време на започнување
Ааа браво!!!!

 
Група Ц за нас со
Финска
Русија
Холандија
Турција
Шпанија

Со Финска, Русија и Турција игравме на прошлото ЕП. Го гледав ждребот и сакав во Д да играме со Естонија, Летонија, Франција и Словачка, ама ок е и оваа со оглед дека Ц и Д се полесни од А и Б.
Со среќа спартанци!!
 
Уф, интересна група..

Групата ќе се игра во Финска, што е богами добро за нив, ќе биде зезнато да се игра на нивен терен секако.

Шпанија и Турција ќе во Златната Европската лига,

А Русија и Холандија ќе играат во Лигата на Нации

Како што кажа aletem веќе играмве со три од овие екипи на минатото ЕП.

Изгубивме 3-1 од Финска, 0-3 од Русија и 0-3 од Турција.

Што значи...еве ни шанса за да се извадиме :D

На последното ЕП:

Финска - 14 место
Русија - 5 место
Холандија - 10 место
Турција - 12 место
Шпанија - 15 место

Македонија беше 17 место

Холандија (8 место), Русија (6 место), Финска (16 место) играа на СП во 2018.

Ок, сјебана група, нашиве изгубија 3-0 од Данска викендов во сребрената лига, ќе мора многу подобро ако сакаме да ја поминеме групата, ама реално, можело и ептен полошо, ќе треба малце среќа и муда.

Со среќа!
 
Оваа Сребренава лига што ја играат на кое ниво е?
 
Оваа Сребренава лига што ја играат на кое ниво е?
Искрено? Интертото куп/УЕФА Конференциска лига

Трето натпреварување, да бидеме реални.

Лига на Нации
Златна Лига
Сребрена лига

Овие три се играат во моментов, нашево е најслабо
 
Искрено? Интертото куп/УЕФА Конференциска лига

Трето натпреварување, да бидеме реални.

Лига на Нации
Златна Лига
Сребрена лига

Овие три се играат во моментов, нашево е најслабо
Мислев барем малце појака хахах. И сеа после фајналфорот, победникот иде у златна лига или како?
 
Само првиот ли оди во Златна лига или ?
 
Денес утакмица на работ на инфаркт, од добиен натпревар ќе направевме вересија, но сепак дечкиве изгинаа на терен и го добија натпреварот.
Имавме прилика да видиме дека македонската одбојка има светла идина, токму младите Маџунков и Илиев беа играчите кои го свртеа натреварот во наша корист, првиот сет сите од прв до последен беа очајни, потоа следуваше пресврт од наша страна по што Хрвативе се вратија во игра по повредата на Милев и диктираа темпо и во 5тиот решавачки сет дур на сервис не дојде Илиев кој искина најјако а и публиката здиве за одбојкарски услови и им даде ветар во грб на одбојкарите по што го добија натпреварот.

Утре финале со Данска, натпревар кој мора да се добие бидејќи оваа генерација одбојкари и како заслужи да ја освои оваа лига, во лошо време дојде повредата на Милев но и овие играчи ќе изгинат , поквалитетни сме од Данска, плус тука е публиката како фактор кој ќе им го даде тој потребен ветар во грб на одбојкарите, денес се виде најубаво што значи во решавачки моменти факторот публика и како таа може да влијае на текот на целиот натпревар.

И фудбалерите ама одбојкарите како ќе ми го направат ќејфот ако освојат утре, почнаа отпишани од сите, без никаква помош, исмевани, патуваа со саати со автобус, немаа сала каде да држат тренинзи и само со нивната упорност и инат стигнаа до две ЕП едно по друго и се на чекор да ја освојат лигата, каде што сите од прв до последен гинат за националниот дрес.

Целиот терет на репрезентацијата е на ОК Струмица, освен двајца играчи сите други вака или така ја поминаа одбојкарската школа на клубот и колку само фали да се појави уште еден одбојкарски центар да растерети и да произведе дополнителни квалитетни играчи, радува фактот што се повеќе деца се преориентираа во градот на одбојка по овие успеси, но си треба уште барем еден одбојкарски центар во државата.

За крај утре знам дека гласот ќе го оставам у сала по кој знае кој пат и ич нема да ми биде криво, за дечки кои тоа го залужиле, од оние со кои имаш иста крв, со кој си делел трибина, факултетски клупи, до со оние кои си имал лабав муабет низ град, изгинете дечки и направете ги Струмица и Македонија горди !
 
Последно уредено:
На која даваат пренос?
Сеа пуштија на МРТ3.
 
Единствена причина поради која вчера ми падна тешко поразот е девојчето од слика, цел живот го поминав по спортски натпревари, имам запознаено најразлични фанатици но таков фанатизам и желба за победа за твојата земја како во тоа мало девојче, без престан да се навива, емотивност од поен во поен и таа тага по поразот, само поради неа и поради ништо друго ми е криво за поразот вчера.
196469148_1495000150842105_5625139927140901598_n.jpg
 
 
Распад во најава
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom