Новиот селектор на македонската машка одбојкарска репрезентација Жарко Ристовски со проверени сили ќе настапи на финалната фаза од квалификациите за СП 2014 во Полска.
Ристовски, главно со сите расположиви сили, ќе се обиде да стигне до најголемиот успех во македонската одбојкарска историја на квалификацискиот турнир од Групата Ј против Србија, Словенија и Португалија, кој од 3. до 5.јануари ќе се одржи во Ниш, Србија.
Ристовски за подготовките кои ќе стартуваат од 21. декември во Пробиштип повика 16 одбојкари меѓу кои ново име е капитенот на Струмица, Васе Михаилов.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2014:
ТЕХНИЧАРИ: Филип Деспотовски (Динамо Букурешт), Ѓорѓи Ѓорѓиев (Марек Дупница).
КОРЕКТОРИ: Јовица Симовски (Ајачио), Никола Ѓорѓиев (Анкара).
УНИВЕРЗАЛЦИ: Александар Милков (ПАОК), Владо Милев (Ал Насар), Вук Карановиќ (Ета), Александар Љавтов (Басра), Марјан Урдов (Сушево).
БЛОКЕРИ: Ѓоко Јосифов (Симле), Ристо Николов (Струмица), Ристо Клопчевски (Вардар), Филип Маџунков (Струмица).
ЛИБЕРА:Благој Гинов (Пробиштип), Дарко Ангеловски (Вардар), Васе Михаилов(Струмица).
http://ekipa.mk/ristovski-so-prover...ction_type_map=["og.likes"]&action_ref_map=[]