Од утре стартува последниот круг при кфалификациите за пласман на СП во Одбојка... За потсетување по освоеното прво место на турнирот при првиот круг од квалификациите, директно бевме пласирани во последниот круг, додека второпласираната репрезентација играше уште еден круг квалификации... Ние сме во групата со Србија, Словенија и Португалија и сите натпревари ке се играт во салата во Ниш... Само првопласираните одат понатаму на СП и најдобро пласираната втора репрезентација... Шансите ни се сведени на минимум т.е. на научна фантастика, но ме иритира фактот што ниту една телевезија нема да врши директен пренос од натпреварите на нашата селекција... Квалификациите ги почнуваме утре против домаќинот и најголемиот фаворит Србија во 18 часот, а останатите два натпревари ги играме во 15 часот во Сабота и Недела... Нашата репрезентација се соочува со сериозни проблеми по откажувањето на Љафтов, Владо Милев, Симовски, непојавувањето на либерото Гинов и повредата на Урдов...Боите на Македонија ке ги бранат...
Техничари- Ѓорѓи Ѓорѓиев, Деспотовски
Коректор- Никола Ѓорѓиев (капитен)
Универзалци-Милков, Карановиќ,Михаилов(игра и либеро по потреба)
Блокери- Николов, Јосифов, Клопчевски и Маџунков
Либеро- Ангеловски
Селектор- Жарко Ристоски
Сепак видно ослабени да не им ја одземаме шансата на нашите одбојкари... Доколку некој пронајде стрим од утрешниот натпревар нека постира... Инаку директен пренос ке има на РТС 2...